нијагара – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 30 Mar 2023 08:23:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png нијагара – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тамара Тодевска искрено и отворено на секој поставен прашалник: „Тагата ја запалив и си заминав!“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-todevska-iskreno-i-otvoreno-na-sekoj-postaven-prashalnik-tagata-ja-zapaliv-i-si-zaminav-foto/ Thu, 30 Mar 2023 08:14:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=295714

Тамара Тодевска  откако го издаде синглот „Нијагара“, мобилниот сигурнио и е почесто во рацете од вообичаено, за да прочита, врати, види пораки, коментари... Причина за тоа се лавината од позитивни реакции на публиката за нејзиното првенче како автор на музика и текст во тандем со Лазар Цветковски.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Веднаш по премиерата на социјалните мрежи и Јутјуб, увото на слушателот знаеше да го препознае квалитетот и светскиот тренд на популарната музика. Она за кое доплнително се отворија коментари и се поставија дилеми, е тоа дали ова е автобиографска песна на Тамара со симболична порака, на што таа веднаш посочи дека во „Нијагара“ ќе се пронајде баш секој, па сигурно и таа самата со инспирацијата која течела како Нијагара.
 
Текст кој ќе те погоди, вокал кој те наежи и спот кој визуелно ќе ја спои и надополни целата приказна од песната. Иако периодов и е доста резервиран само за децата, особено за Хана која неодамна мораше да направи мала интервенција, Тамара најде време да се посвети и на своите фанови и следбеници, па да одговара на прашања на социјалнта мрежа Инстаграм. Меѓу повеќето таа откри дека интервенциијата на Хана била на крајниците, па и покрај се’што и се случувало периодов, успева да се држи. Меѓу поинтересните прашања кои ги доби беше она што еден од фановите употреби стихови од нејзиниот хит „Довидување таго“. Дали се уште имаш мисли скитници, и дали и кажа довидување на тагата?- по што следеше краток и јасен одговор: -Ја запалив и си заминав... Следеа уште многу прашања меѓу кои и она дали размислува да се врати на Евровизија? -Секогаш- повторно беше концизна Тамара. А кога сме кај стравовите, имаше само една потврда, дека најизразен е од височина. Веруваме дека најубаво говорат емоциите преточени во песна, толку длабоки, искрени и лични. Затоа,  „Нијагара“ секој би можел би можел да ја стави на „рипит“ и да добие многу одговори. фото:Инстаграм принтскрин/тамара тодевска]]>

Тамара Тодевска – горда на себе пред нов почеток: „Нијагара се и човечки солзи од тага или среќа и лошите и добри моменти кои сите ги имаме во изобилство“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-todevska-gorda-na-sebe-pred-nov-pochetok-nijagara-se-i-chovechki-solzi-od-taga-ili-sreka-i-loshite-i-dobri-momenti-koi-site-gi-imame-vo-izobilstvo-foto/ Thu, 23 Mar 2023 09:00:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294649

 Тамара Тодевска со новата песна не само што тргна во освојување на регионот, туку имаше и повод  да слави -  дваесет години откако го објави првиот регионален хит „1003“. Почетокот на големата годишнина го означи со новата моќна песна „Нијагара“, за која објави видео, а потоа најави и концертна турнеја која ќе ја почне од родното Скопје, преку БиХ и Србија до Хрватска и Словенија, до ги пренесе сите пораки со нејзината музика. „Решение секогаш има и важно е да се оди напред, тоа е главната порака на „Нијагара“ која е инспирирана од нашата секојдневна борба. Песната е за сите луѓе кои некогаш се почувствувале повредени, разочарани или неправедно етикетирани. Често сме во тој „кафез“ заробени во сопствените мисли и стравови, а таа состојба не принудува да бидеме деструктивни, лути, но сепак можеме да излеземе од тој лавиринт! Во такви ситуации црпам енергија и сила од поддршката на моите најблиски - семејството, децата, публиката. Во животот секогаш е потребна поддршка од сите драги луѓе“ - изјави македонската поп пејачка која за прв пат во својата богата кариера се појавува како автор на песната, во соработка со хитмејкерот Лазар Цветкоски. Со оглед на тоа дека е автор не само на музиката туку и на стиховите за песната заедно со Лазар Цветковски, Тамара откри како почнала својата инспирација да ја преточува во музичко-стиховна креација: „Првите стихови се создадени сосема спонтано, неочекувано. Ништо не форсирам, се инспирирав и почнав да пишувам, па продолжив со колегата и пријател Лазе. Мислам дека направивме многу добар музички производ“ - вели Тамара и не исклучува да се појави во идните песни како автор на текстот, но и на музиката. „Нијагара се и човечки солзи, од тага или среќа. Нијагара се и лошите и добри моменти кои сите ги имавме во изобилство“ - објаснува пејачката, чија силна вокална интерпретација е одлично искомбинирана со впечатливо видео кое на динамичен начин ја прикажува приказната за песната. Тамара игра неколку улоги кои одразуваат различни емоционални состојби. Инаку, една од водечките поп-ѕвезди во  Македонија тешко можеше да ја избегне успешната кариера, зашшто таа е родена во истакнато музичко семејство. Татко и Велко беше професор во музичкото училиште и академија, а мајка ми Брана оперска пејачка. Токму нејзината мајка имала најсилно влијание врз специфичната и често фалена вокална интерпретација на Тамара. Првпат настапи на шест години, а во кариерата и животот секогаш ја имаше поддршката од постарата сестра Тијана Дапчевиќ со која соработуваше неколку пати, а заедно го снимија дуетот „Луда игра“ во далечната 1997 година. Потоа во 2003 година го објави хит-синглот „1003“, кој го освои второто место на фестивалот во Будва. Успехот на таа песна доведе до снимање на деби албумот „Сино“. Вториот албум „Еден ден“ го запечати нејзиниот ѕвезден статус, како и нејзиниот прв самостоен концерт во скопската арена „Борис Трајковски“, кој се памети и денес. Добитник е на награди на неколку музички фестивали, како и награди за најдобри песни и женски вокал на најпознатите македонски манифестации ( „12 Величествени“, „Македонскиот радиски фестивал - МАРС“, „Златна бубамара“, „Бекстејџ наградите“...) , но на Евровизија со златни букви влезе во историјата на Македонија. На Евровизија настапувала четири пати, двапати како придружен вокал, а во 2008 и 2019 година како главен изведувач. Пред четири години во Тел Авив триумфираше со песната „Горда“ и го постигна најдобриот резултат на Македонија во историјата на ова натпреварување. Во финалето беше прва според оценките на жирито и во генералниот пласман, по пребројувањето на гласовите на европската публика заврши на високото седмо место. „Горда“ има посебно место во мојата кариера, но и во мојот живот. Тоа е круна на долгата работа и потврда за сериозен пристап и квалитетен производ. Незаборавно искуство, енергија и емоција што сака да ја почувствува секој уметник“ - рече Тамара и одговори на прашањето дали повторно ќе учествува на Евровизија? „Местото им го оставам на другите со вистинска желба да го надминат успехот на „Горда“. Но никогаш не кажувај никогаш. Ова е живот, се е можно“ - вели Тамара и открива кој и е миленик годинава на престижниот музички фестивал. За тоа дали некој од нејзините наследници ќе ја продолжи семејната музичка традиција, пејачката вели: „Мојата ќерка Хана веќе настапи на минатогодишното издание на најпознатиот македонски детски фестивал 'Златно славејче'. Сака да пее и танцува. Дарен исто така сака музика и сака да свири гитара. Сепак, нема да инсистирам ниту да ги туркам. Најдобро е еднаш самите да одлучат што сакаат, а јас ќе ги поддржувам на секој чекор“ - посочува Тамара, која и по „Нијагара“ вети дека ќе продолжи да создава нови песни.   Фото: Инстаграм принтскрин/tamaratodevska Извор: Гранд.рс  ]]>

Тамара ја опиша внатрешната борба во себе во – „Нијагара“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-ja-opisha-vnatreshnata-borba-vo-sebe-vo-nijagara-video/ Wed, 22 Mar 2023 06:02:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294549

По дует песната со Тара, насловена „Само ти ми фалиш“ која беше во манирот на старите диско хитови од 80-ите, Тамара Тодевска има нова песна и очигледно малку поинакви планови. Денес, среда, 2 март 2023 година една од најдобрите женски вокали не само во Македонија туку и во регионов ја промовираше во етерот  нејзината „Нијагара“. Музичка тема која е ссема поразлична од она што сме можеле да го слушнеме од Тамара во последно време. Модерна ар ен би слоу - ритмична нумера, спакувана во духот на новото време, со совршена продукција и избор на бои и звуци кои се користат во новите музички трендови. Сето тоа аранжмански стокмено, дотерано  и испеглано да звучи светски иако е наше, балканско. Музиката и стиховите се  заедничко дело на во последниве години веројатно најголемиот македонски хит-мејкер Лазар Цветковски и самата Тамара, продукцијата пак ја направил самиот Лазе што се чувствува во моќта на самиот саунд. Песната е отпеана на српски јазик, што само наговестува дека Тамара која не енепозната кај северниот сосед има намера конечно да се обиде да ја освои комшиската поп сцена. нешто што можеби требаше да проба оддамна да го направи, зашто за тоа ги има сите предуслови: Музичко - вокалните квалитети, изгледот, имиџот, контактите, сестра и Тијана... и уште многу други скриени адути неопходни за успех. Шлагот на тортата доаѓа со визуелизацијата на песната. Видеото на Огнен Шапковски и екипата на „Мелем продукција“ можеби не е сензационално, но е повеќе од ефектно и функционално и совршено соодветствува со стиховите на песната. Со визуелна симболика која ја  пренесува сета внатрешна борба, сета трпеливост и (не)одлучност, сите внатрешни стравови немири и дилеми, сите правилно и погрешно повлечени потези, сите победи и порази, погодоци и промашувања...  сето талкање од крајност во крајност. Визуелен опис на патот по трње на душата од „пеколот до рајот“, во внатрешната борба што во себе ја води секој од нас, па и самата Тамара, што на песнат и дава доза на автобиографска нота. Се' на се', ова како да наведува на некаков нов почеток, на старт на интернационална кариера на Тамара. Ако е така, нека тече како... „Нијагара“ (КЛИКНИ ТУКА): ]]>