нихао – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 03 Jul 2023 12:53:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png нихао – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Трета сезона: „Нихао – Истражи ја Кина“ на ТВ Телма во недела во 12.20 часот https://arhiva.vistina.com.mk/treta-sezona-nihao-istrazhi-ja-kina-na-tv-telma-vo-nedela-vo-12-20-chasot/ Mon, 03 Jul 2023 12:52:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308710

Трета година по ред, македонската публика ќе има можност да ужива во емисија посветена на Кина и нејзините зачудувачки пејзажи, богата традиција и заводлива историја. Нихао ќе Ве однесе на незаборавно патување низ срцето и душата на една од најстарите цивилизации на светот. „НИХАО- Истражи ја Кина“ е визуелно впечатлива и културно-образовна емисија која нуди уникатно истражување на различните региони, од вревата на метрополите Пекинг и Шангај до мирниот град Дали, секоја епизода открива скриени и непознати приказни што ја прават Кина вистински извонредна. Нихао ќе ја престави кинеската поезија, кинеската опера но и извонредната кинеска архитектура. И сето ова, ќе се обидеме да ви го доловиме низ приказните на врвни македонски професионалци, кои што имале неповторлива можност, својот талент, знаење и умешност да ги усовршуваат на кинеска територија. „Полека но сигурно „Нихао“ преминува во телевизиски проект кој што обезбедува но и заслужува редовен термин во програмската шема на македонските телевизии. Нашите гледачи навистина заслужуваат можност да видат што е она што го нуди една цивилизација и земја како што е Кина. Кина е мистична, егзотична но и традиционална и неприкосновено иновативна и технолошки напредна. Нашиот тим се обидува низ исклучително квалитетни видео материјали, единствени интервјуа, сведоштва и фотографии, да го долови тоа. Но и да не пропушти да раскаже дека Кина е земја на можности за сите професии. Без разлика дали станува збор за поет, готвач, композитор, професор, уметник… Кина наоѓа начин да ти покаже дека си на вистинскиот пат“ – вели Јулија Цветковска, која трета година по ред ја води оваа емисија. Без разлика дали сте љубител на патувања, историски ентузијаст или просто сте заинтересирани за светот, оваа емисија ветува дека ќе биде пријатно искуство во недела во 12.20 часот и репризно во сабота во 10.30 часот на телевизија Телма.]]>

Нов телевизиски проект: „Нихао” на ТВ Телма https://arhiva.vistina.com.mk/nov-televiziski-proekt-nihao-na-tv-telma/ Tue, 22 Dec 2020 14:02:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=182123

Предновогодишните денови се период на подарување - време, внимание, подароци, убави зборови. Aмбасадата на Народна Република Кина заедно со „Виар продукција” на 27 декември ќе им подари на гледачите минути уживање за една од најстарите, најбогатите и прекрасните култури во светот. Од недела на Телма телевизија во 12.30 часот, гледачите ќе имаат можност да се запознаат со богатата кинеска традиција, архитектура, технологија, вештини, хармонија, филозофија, кинеска кујна, спорт. Ќе имаат можност да ги видат сите бои на Кина, да ги почувствуваат нејзите мириси, звуци, да го почувствуваат вкусот на најубавиот чај на светот.   Eмисијата „Нихао” која на кинески јазик значи „Здраво” ќе има за цел да го покаже вистинското значење на Кина, она што таа му го дала на светот во секој контекст. Се работи за телевизиски проект кој ќе се емитува еднаш на четеринаесет дена со времетраење од половина час. Водител на емисијата е Јулија Цветковска - „Нихао” е проект кој што искрено сакав да ми се случи одамна. Неверојатен предизвик, на кој што целокупниот тим кој што работи, е подготвен да одговори. Пред да почнам да работам на Нихао, знаев многу малку за оваа култура. Сега веќе полека почнувам да се вљубувам во делови од нејзе. Го пробав најубавиот чај, сфатив дека многу полесно поминуваме низ образованието, слушав кинески џез на кој што немам никакви забелешки, веќе имам и омилени кинески рецепти...Но, сè ова сепак е само почеток. Плановите се многу поголеми и пошироки. Авторката на проектот Ивана Дамовска знае како треба да расте и да се развива Нихао, особено што оваа фасцинантна земја и се што таа поседува е голема непознаница за овој дел од светот. А запознавањето со неа е наш предизвик и отворање нова врата за ваши нови искуства. Ве носиме на едно неверојатно патување во сегашноста на Кина, каква што речиси и не ја знаеме. Патувањето го организиравме за Вас. Тимот на „Нихао” е сериозен и броен, во постојана релација и комуникација со новинари, музичари, уметници од Кина. Академијата за музичка уметност од Кина, специјално за емисијата направи музика - современа со компонирани кинески традиционални звуци. Она што може да го вети тимот на „Нихао” е дека во новата година ќе дадат се од себе да ја запознаете Кина – таква каква што е сега- земја на милион можности, земја чија историја ве одушевува, а сегашноста ве фасцинира.   Фотографии:Марина Трајковска]]>