независни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 11 Dec 2019 13:35:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png независни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Што бараат силните и независни жени од својот партнер? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-baraat-silnite-i-nezavisni-zeni-od-svojot-partner/ Wed, 11 Dec 2019 13:35:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=123359

Силните и независни жени на прво место ги ставаат своите вредности и квалитети, па во склад со своjoт карактер, очекуваат и определени квалитети од својот партнер. Кога конечно ќе дозволат некој да влезе во нивниот живот, сакаат да знаат дека конечно го пронашле својот партнер, кој може да им парира во сè Според нив, идеалниот маж треба да ги поседува следните квалитети.

Пристојност

Таа е дама и покрај себе сака да има џентлмен кој ќе ѝ го разубавува денот. Нежноста, внимателноста и пристојноста се сето она што го очекува од партнерот.

Почит

Жените сакаат нивниот партнер да ги почитува, затоа што се свесни дека го заслужуваат тоа. Почитувањето треба да биде основа на секој меѓучовечки однос.

Самостојност

Силните жени држат до себе, до своето време и потреби, а истото го очекуваат и од партнерот. Тие сакаат силен и самостоен маж кој може да им парира во сè и нема да се изгуби во сенката на својата партнерка.

Искреност

Жената којашто знае што сака во животот, знае колку е важна вистината и како да се држи до неа. Таа од својот партнер бара отворен и искрен однос и не би сакала да има маж кој нема храброст да го каже она што сака и чувствува.

Добра смисла за хумор

Независните жени одлично знаат што значи да се биде под стрес, па затоа бараат некој кој ќе ги насмее и покрај кој ќе заборават на сите грижи и проблеми.

Компромис

Независната жена е свесна дека сите сме различни, но за да опстои врската, неопходно е и двајцата партнери да покажат разбирање и да прават компромис во секојдневните ситуации. извор: кајгана]]>

5 причини зошто е одлично да бидете сингл во овие години https://arhiva.vistina.com.mk/5-prichini-zoshto-e-odlichno-da-bidete-singl-vo-ovie-godini/ Thu, 30 May 2019 11:30:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=90508

Ако неодамна сте ја прекинале врската и ви се чини дека немате среќа во пронаоѓање на партнер, немојте да дозволите тоа да ве растревожи или налути. Предностите од сингл животот се премногу, особено во 20-те години, кога е вистинско време да се запознаете себеси, а ние издвоивме 5 најважни: 1. Чувство на независност После некое време ќе почнете да сфаќате дека не ви е потребна постојана интеракција со другите луѓе. Ќе ги откриете предностите од тоа да бидете сами со себе и од целосна слобода, без да му „полагате сметки“ некому. 2. Без извинувања Повеќе не мора да му се извинувате некому за секоја ситница. Тој терет конечно исчезнува од вашиот грб и немате притисок ниту постојана грижа околу изговорените зборови и направените дела.
3. Уживање во односот со другите После неколку часови и денови поминати во мир и тишина, ќе почнете да ги цените односите со другите луѓе уште повеќе. Ќе чувствувате благодарност за сите работи кои произлегуваат од вашиот однос со другите луѓе за кои претходно не сте биле свесни, бидејќи постојано сте се грижеле за друга личност. 4. Одмор од постојан труд Врската понекогаш станува исцрпувачка работа. Кога постојано се грижите за туѓата среќа, многу лесно заборавате на сопствената и станувате незадоволни. Кога вие сте главна личност во вашиот живот, станувате и единствена, околу која морате постојано да се трудите.
5. Без туѓи одобрувања Понекогаш имаме зачестена потреба за барање на одобрување од другите, без разлика дали тоа е партнерот, пријателите или семејството. Нормално, сосема е во ред понекогаш да прашате за мислење или совет, но повеќето одлуки треба да ги донесете самостојно. Кога ќе почнете да поминувате повеќе време сами со себе, ќе научите да им верувате на сопствените инстинкти и многу полесно ќе ги носите одлуките.
извор: точка.мк]]>