New Era – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 08 Dec 2022 09:32:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png New Era – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Николче Мицевски со солистички концерт ќе го промовира албумот „New Era“ во Центарот за култура во Битола https://arhiva.vistina.com.mk/nikolche-micevski-so-solistichki-koncert-kje-go-promovira-albumot-new-era-vo-centarot-za-kultura-vo-bitola/ Thu, 08 Dec 2022 09:28:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=279162

Никола Николче Мицевски, извонредниот музичар, композитор, аранжер, човек кој моќно стои зад клавијатурите и аранжманите на многу песни за најпознатите македонски музички ѕвезди на нивните концерти и е дел од музичките записи на истите, на 9-ти декември, (петок ) со почеток во 20.00 часот на сцената од Големата сала на Центарот за култура во Битола, заедно со 15 врвни музичари, инаку негови соработници ќе го одржи својот солистички концерт на кој ќе го промовира албумот „New Era“. Проектот “New Era” претставува симбиоза на различни жанрови, едно филмско начело фузирано со етно, рок и електро основи во служба на пијаното и солистички инструменти. Се работи за едно извонредно музичко и визуелно патување кое ги поместува стандардите и границите на македонската инструментална музика, налик на она што во светот претходно го работеле музички уметници како еден Вангелис или Јани. Влезниците за концертот се пуштени во продажба за кој  Мицевски ветува дека оние што ќе дојдат, ќе го паметат долго. Цена на билетот е 300 денари а достапни се на билетарницата во ЦК Битола и онлајн на avalon.mk , како и ширум продажната мрежа на „Авалон“ низ Македонија. По концертот во Битола, на старт на новата 2023 година, Мицевски најавува дека  ќе одржи и голем концерт во Скопје, на сцената на МОБ.]]>

Николче Мицевски го исцрта својот прв музички – „Круг“ од неговата „New Era“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nikolche-micevski-go-iscrta-svojot-prv-muzichki-krug-od-negovata-new-era-video/ Tue, 20 Apr 2021 12:47:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=199805

Николче Мицевски има нова музика, која ја на прва одново ја восхити неговата публика,,но и сете познавачи на квалитетната музика. Талентираниот композитор и музичар го објави спотот за новиот сингл „Круг“, кој е најава за неговиот  прв албум. „Драги мои, на мое огромно задоволство, Ви го претставувам првиот сингл КРУГ како најава за мојот прв албум „New Era“. „World Fusion“ музиката од секогаш била моја инспирација. Горд сум на ова дело затоа што во него е собрано целото мое музичко и животно искуство. Животот е "Круг"... исполнет со разни нешта. Секој нареден почеток е ист како претходниот, но секој пат искуството (каменот) е поголемо и тоа не води кон врвот на тоа што сакаме да го имаме и постигнеме! Од срце Благодарам на Даниел Јовески за генијалниот видео спот, кој на Круг му даде уште една димензија плус! Огромна благодарност на сите музичари кои се дел од овој проект, и секако посебна благодарност на Дејан Момировски ( XL студио). Благодарам на Андреј Папаз и сите оние кои се дел од оваа аудио и видео приказна наречена КРУГ, Уживајте! – напиша Мицевски на Facebook. Инаку темата „Круг“ иако  во суштина  спаѓа во таканареченото светско етно или поточно е во доменот  на „World мusic“,  во многу што потсетува на филмска музика. Парче кое е всушност своевиден микс од жанрови, извонредно вклопени и избалансирани од фјужн џез, рок и фолклорни елементи, па се до смирувачки клавирски тонови кои Мицевски извонредно ги искомпонирал, прелевајќи ги еден во друг, при тоа не нарушувајќи ја суштината и не напуштајќи ја замислата на основната тема на „Круг“.  Нешто кое во многу што наликува на амбиентално - филмските проекти со музика на еден  Trevor Jones, Vangelis или Yanni да речеме. Темата е тонски снимена и музички продуцирана во студиото „ХЛ Момировски“, а нејзин автор и аранжер е самиот Николче Мицевски. Зад видеоспотот за „Круг“ кој е исто така вистинска висококвалитетна мини филмска приказна, как сценарист, снимател и режисер стои  Даниел Јовески, а за костимографијата се погрижија дизајнерот Андреј Папаз и Даниел Јовески. Во видеото покрај Мицевски улогите ги играат уште и: Девојката - Јулијана Митревска, детето - Андреј Димовски, момчето - Михаил Талев и возрасниот - Мендо Вељановски. Слушнете како  сето тоа звучи и погледнете како изгледа животниот музички „Круг“ на Николче Мицевски: https://www.youtube.com/watch?v=9GVv3RKJLMc  ]]>