неврзана – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 10 Nov 2022 10:19:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png неврзана – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Госпоѓица Розмантична е прилично прагматична: Еве на што се ложат „неврзаните“ убавици како Емилија Розман (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/gospogjica-rozmantichna-e-prilichno-pragmatichna-eve-na-shto-se-lozat-nevrzanite-ubavici-kako-emilija-rozman-foto/ Thu, 10 Nov 2022 09:44:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=275189

Македонската мисица, модел и горда сопстевничка на цвеќарница и продавница за подароци Емилија Розман покажа дека е девојка која од животното искуство влече корисни поуки, за „искуството“ да не и се  повтори. Оноа, од пред една-две години, кога за 24 часа се запозна и омажи, а за две недели се разведе од момчето, односно сопругот во „блиц крик“ бракот. Потоа долгоногата убавица не ја видовме во врска. Не барем јавно, а за она останатото, не се ни прашува... „Тековното одржување“ белким се подразбира! Што се однесува до врските и врзувањето, госпоѓица Розмантична се држи ептен настрана. Дури ни урбаната мудрост дека... „Од врзување, само врвките на патиките ги врзувам“, не ја практикува. Практикувајќи го искуството: „Попарена од млеко, дува и на јогуртот“ дури ни врвките на патиките не ги врзува... И нив ги пика во патиките. Арно ама госпоѓица Розмантична не е прагматична само кога е животното искуство од „минатиот труд“ во прашање, туку нешто „искуство“ отпорано има  и акумулирано за да и се најде... За “црни денови“ кои доаѓаат, а реалноста тоа го потврдува. Зимата е на прагот, до душа ова повеќе личи на есен, ама штом покаже заби, мислете му ја како со студот ќе се справите на оваа сиромаштија, кога сите грејни ресурси енормно поскапеа?! Арно ама, госпоѓица Розмантична решение има и за оваа зима. Можеби не грее како парно или инвертер клима, ама затоа за греење „еден на еден“, има  предлог пари вреден. Имено, кога ќе ја прашаат како се греете, Емилија има „жежок одговор“:  „Се ложиме на мене“! И ај сега  некој нека каже: „А баш би сакал да дознаам, на што се ложи Емилија Розман?“  Ќе се сложите... и вие би сакале вака да (се) ложите! Идејата ем корисна, ем практична, ем нејзините спроведувачи, среќни и задоволни... И што е најважно, прописно стоплени! Фото: Инстаграм принтскрин/rozmanticna        ]]>