нетфликс – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 13 Dec 2022 12:20:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png нетфликс – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Во новиот документарец Меган Маркл повторно го разврза јазикот: „Не бев фрлена кај волците, јас бев храна за волците“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/vo-noviot-dokumentarec-megan-markl-povtorno-go-razvrza-jazikot-ne-bev-frlena-kaj-volcite-jas-bev-hrana-za-volcite-video/ Tue, 13 Dec 2022 09:48:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=279747

Објавени се два нови трејлери за вториот дел од документарната серија „Хари и Меган“, но со важна разлика. Во видеото објавено на Твитер и на Јутјуб каналот на Нетфликс, се слуша како Хари вели: „Беа среќни да лажат за да го заштитат брат ми“, што може да доведе до заклучок дека овие обвинувања се однесуваат на Палатата. Меѓутоа, во друго видео од страницата, јасно се укажува дека британските медиуми се тие кои лажеле за безбедноста на Вилијам и кои не сакале да ја кажат вистината за да ги заштитат Меган и Хари, пишува Дејли Мејл. -Се прашувам што ќе се случеше со нас ако не заминевме тогаш, вели Хари додека Меган додава, „Нашето обезбедување беше повлечено. Сите во светот знаеја каде сме. „Реков, морав да си одам одовде“, вели британскиот принц. На екранот се прикажуваат и слики на човек со заматено лице, авион кој лета, слика на Хари од летот за Америка, велејќи дека тоа е лет на слободата. „Не бев фрлена кај волците, јас бев храна за волците“, забележува Меган. Хари истакнува дека тој и неговата сопруга биле изложени на институционализирана манипулација. Технолошкиот гуру Кристофер Буси, кој претходно изјави дека Кејт Мидлтон и принцот Вилијам изгледаат премногу старо, се појавува и во новиот трејлер каде истакнува дека тие се „регрутирани луѓе за ширење дезинформации“. Вториот дел од серијата ќе се прикажува за три дена. фото:Јутјуб/ принтскрин]]>

Ужасот од хит серијата ќе стане реалност?! Најхрабрите ќе влезат во реалното шоу “Squid Game” – организаторите нудат милиони како награда! https://arhiva.vistina.com.mk/uzasot-od-hit-serijata-kje-stane-realnost-najhrabrite-kje-vlezat-vo-realnoto-shou-squid-game-organizatorite-nudat-milioni-kako-nagrada/ Thu, 16 Jun 2022 11:01:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=254713

Серијата која со молскавична брзина го запали светот станува реално шоу со 456 учесници и награда од 4,5 милиони! Кога јужнокорејската серија „Squid Game“ пристигна на Нетфликс, публиката од над 90 земји со нетрпение ја чекаше следната епизода секоја недела. Гледачите беа воодушевени од трилерот во кој играчите се натпреваруваат меѓу себе и се борат до смрт за да освојат голема парична награда што дури  некои поединци  префрлија дел од предизвиците од серијата во реалниот живот. Социјалните мрежи се полни со предизвици, а сега Нетфликс одлучи да оживее дел од нив во реалното шоу „Squid game“: На официјалниот Јутјуб канал на платформата е објавен трејлер од кој дознаваме дека „Борбата за живот и смрт“ е веќе закажана и дека наградниот фонд ќе изнесува 4,5 милиони долари. Најгледаната серија во светот „Squid Game“предизвика спротивставени реакции по емитувањето - поголемата публика беше воодушевена, но имаше и такви кои беа згрозени од насилството, но и од глумата на богаташите кои платија да ги гледаат страдањата на сиромашни натпреварувачи. Еден од нив потоа објасни што е проблемот: „Луѓето мислат дека не собраа од улица и не донесоа на снимање. Долго време работам во Кореја и можам да ви кажам неколку работи. Прво, актерите кои имаат малку сцени многу ретко го добиваат целото сценарио. Го добивме нашиот текст и немавме поим за што се работи во серијата, па ги изградивме ликовите според некои наши впечатоци, а не според контекстот“- изјави Џон Д. Мајклс. Фото:Принтскрин/Јутјуб/Нетфликс]]>

Матеј, синот на Кирил Џајковски продуцираше песна за популарната хит серија на „Нетфликс“ – „Inventing Anna“ https://arhiva.vistina.com.mk/matej-sinot-na-kiril-dzajkovski-producirashe-pesna-za-popularnata-hit-serija-na-netfliks-inventing-anna/ Wed, 23 Feb 2022 13:39:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=240425

Македонскиот музички продуцент Матеј Џајковски,  станува се' поуспешен во Лос Анџелес, каде живее и работи. Деновиве, тој е актуелен со песната „Аbout That Time“ во изведба на THEY, која е продуцирана токму од Матеј Џајковски. Оваа песна е дел од музиката за една од најгледаните серии на платформата Нетфликс во моментов – „Inventing Anna“. Младиот музички продуцент кој инаку е син на еден од основоположниците на балканската електронска музика – Кирил Џајковски, веќе долги години живее и работи во САД. Тој дипломирал музичка продукција на Академијата за современа музика на Универзитетот во Оклахома, а оттогаш имал повеќе успешни музички проекти со македонски, но и светски артисти.]]>

Измени за гледање „Нетфликс“: Лозинката нема да можете да ја споделите со пријателите https://arhiva.vistina.com.mk/izmeni-za-gledanje-netfliks-lozinkata-nema-da-mozete-da-ja-spodelite-so-prijatelite/ Fri, 12 Mar 2021 13:00:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=193928

Условите за купување за да гледате на платформите како што се Netflix, HBO Go и Amazon Prime предвидуваат дека тие можат да ги користат само луѓе во исто домаќинство. Некои корисници на Netflix објавија дека „Ако не живеете со сопственикот на оваа сметка, потребна ви е своја сметка за да продолжите да гледате“. „Овој тест е дизајниран да осигури дека луѓето кои користат сметки на Netflix се вистински овластени да го сторат тоа“, пренесува Би-Би-Си. За време на пробниот период, корисниците можат да го потврдат пристапот до сметката преку код испратен преку текст или е-пошта, а Netflix допрва треба да одлучи дали конечно да воведе ваква мерка за да се спречат оние кои не ги почитуваат условите за набавка на услугата. Не е јасно колку луѓе ја користат платформата против условите за купување, но Netflix ќе се обиде да ги потисне. Ко-основачот и извршен директор на Netflix, Рид Хастингс 2016 рече: „Споделувањето на лозинка е нешто со што треба да научите да живеете затоа што има и легитимно споделување на лозинка како со семејството, па затоа е тешко да се знае каде да се повлече линијата“. извор:скопје24]]>

„Нетфликс“ снима филм за Аркан: Неговиот лик ќе го игра неговиот син… но, не Вељко! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/netfliks-snima-film-za-arkan-negoviot-lik-kje-go-igra-negoviot-sin-no-ne-veljko-foto/ Fri, 05 Feb 2021 10:23:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=188420

Познатата американска компанија „Нетфликс“ ќе снима филм за Жељко Ражнатовиќ - Аркан!  Тоа ќе биде вистинска мафијашка приказна! Сценариото за овој блокбастер, како што стои во објавата, ќе биде засновано врз мотивите од книгата „Беше еднаш во Белград“ од Александар Мандиќ. Неговиот татко Миленко Мандиќ - Манда беше убиен заедно со Аркан во 2000 година во хотелот Интерконтинентал. Воениот командант на филмското платно ќе го игра никој друг, туку  неговиот син... Но, не младиот Вељко, кој Аркан го доби од бракот со Цеца, туку  неговиот постар син од претходниот брак, Војин Ражнатовиќ. „Тој веќе оствари средба со продуцентите на „Нетфликс“ од Америка и се согласи за сè во врска со филмот. Само чекаме да помине пандемијата, за да можеме повторно да се сретнеме, да потпишеме договор и да започнеме со снимање. Мојата книга опишува само дел од она што се случи со татко ми и Аркан. Луѓето допрва ќе дознаат  многу брутални работи за мене и семејството Ражнатовиќ. Војин и јас се согласивме да испорачаме сè што ќе заработиме од филмот во хуманитарни цели“ - открива Александар Мандиќ за српски Информер и додава дека продуцентите инсистираат Војин и тој да ги играат своите татковци во филмот: „Луѓето од „Нетфликс“ ни предложија  Војин да го игра Аркан, а јас татко ми Манда. Не можам да ви откријам многу за филмот, само ќе кажам дека тоа е вистинска мафијашка приказна, која ќе биде многу интересна за гледачите. Војин и јас ќе бидеме облечени како и нашите покојни татковци и ќе се обидеме да им ги симнеме сите движења“ - открива Александар. Тој вели додава дека ова е многу сериозен и скап проект. „Филмот за Аркан ќе се снима во Белград и во Америка, а подоцна се планира да се направи и мини серија. Војин ми рече дека тоа е навистина голем буџет“ - вели Аца Мандиќ, кој и претходно имаше понуди да се испроба како актер: „Добив неколку понуди за глума, но ништо не беше толку сериозно како ова. Ме повикаа да играм во „Јужен ветер“ и во серијата „Клан“, но на крајот не излезе ништо од тоа“ - заклучи тој.]]>

„Нетфликс“ првпат ќе снима серија во Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/netfliks-prvpat-kje-snima-serija-vo-makedonija/ Fri, 26 Jul 2019 10:41:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=99469

Гигантот во телевизиската продукција „Нетфликс“ ќе снима мини ТВ-серија во Македонија, објави денес продуцентката Лабина Митевска, пренесува СДК.МК. Серијата од осум епизоди е насловена „Во вечерта“, а најголем дел ќе се снима на Скопскиот аеродром. Снимањето ќе почне на почетокот на октомври, а Митевска е извршен продуцент. Главни продуценти се „Ентре Шиен е Лу“ од Белгија, раководени од еден од најуспешните европски продуценти Себастијан Делои, кој работеше на најновите проекти на Руперт Еверет и Тери Гилијам. извор:курир.мк]]>

Сиа конечно се појави без да го крие лицето (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sia-konechno-se-pojavi-bez-da-go-krie-liceto-foto/ Thu, 16 Aug 2018 13:52:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=43330

Славната Сиа во вторникот вечер на настан на Нетфликс, во Лос Анџелес се појави без и на прв поглед скоро никој не ја препозна. Светската ѕвезда, која со години под перика го криеше своето лице, овој пат дојде потполно „разоткриена“, благо нашминкана, но со широка насмевка на лицето. Пејачката која има полни 42 години, пред неколку кажа дека сака да прави музика, без осудување на нејзиниот изглед или нејзините години. ]]>

Стивен Спилберг со јасен став околу филмовите на „Нетлфикс” https://arhiva.vistina.com.mk/stiven-spilberg-so-jasen-stav-okolu-filmovite-na-netlfiks/ Mon, 26 Mar 2018 14:50:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=17745

Според легендарниот режисер Стивен Спилберг, проекциите за само една недела не се доволни за филмот на „Нетфликс“ да биде номиниран за Оскар. – Мислам дека филмовите што имале симболична премиера во само неколку кино-сали за помалку од една недела не треба да се квалификуваат за награди на Академијата-  вели тој. Спилберг признава дека модерната телевизија станала проблем за киното, слично како во 1950-тите кога луѓето почнале да гледаат од дома, бидејќи им било позабавно да останат со пријатели, отколку да одат во кино. – Холивуд е навикнат да се натпреварува со телевизијата, но разликата денес е дека повеќето студија претпочитаат да направат само загарантирани високи буџетски хитови наместо да ризикуваат со помали филмови. Истите тие помали филмови, кои претходно биле редовно правени, денес одат во „Амазон“, „Хулу“ и „Нетфликс“ – рече Спилберг. Треба да се истакне дека политиката на „Амазон“ e поинаква од онаа на „Нетфликс“ и филмови како „Болни од љубов“ и „Манчестер крај морето“, кои добија вистински кино-премиери пред да се појават во „Амазон Прајм“, па дефинитивно има желба традиционалниот модел да биде зачуван. „Нетфликс“, сепак, продолжува да избегнува слично однесување, а тоа предизвикува проблеми, цени режисерот]]>