несреќни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 06 Jun 2019 11:04:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png несреќни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Несреќни, а сепак во врска: Зошто не кажеме збогум? https://arhiva.vistina.com.mk/nesrekjni-a-sepak-vo-vrska-zoshto-ne-kazeme-zbogum/ Thu, 06 Jun 2019 13:30:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=91718

Здрава врска е среќна врска. Проблемите се неизоставен дел меѓу сите вљубени, но што кога тие ќе ја заменат среќата? Не е лесно да се завртиме и да си заминеме. Од друга страна пак, останувањето во таква врска е навистина будалесто. Но, дали знаете дека тоа не е ретко? А, научниците ни откриваат и зошто. Истражувачите од Универзитетот во Јута тврдат дека луѓето остануваат во несреќни романтични врски кога чувствуваат дека партнерот премногу зависи од нив, па заради алтруизам едноставно немаат храброст да си заминат. Некои поранешни истражувања покажале дека луѓето во несреќни врски остануваат од лични интереси, како стравот од осаменост или стравот дека нема да најдат друг партнер. Сепак, ова ново истражување сугерира дека луѓето се многу сочувствителни кога се работи за прекинување на врската. Оваа студија открила дека шансите да го прекинеме односот во кој сме несреќни се многу мали ако сметаме дека партнерот зависи од нас, т.е. потребите на партнерот ги ставаме пред своите. За потребите на истражувањето се спроведени две одвоени студии: во првата биле следени 1 348 луѓе во романтични врски во период од десет недели, а во другата биле следени околу 500 луѓе кои биле пред разделба. -Кога луѓето ќе препознаат дека партнерот бил навистина посветен во врската, тешко се донесува одлука за разделба,тврди професорката по психологија и авторка на студијата Samanta Joel.- Тоа е така дури и кога луѓето не биле премногу посветени на врската или биле лично незадоволни од истата. Генерално, не сакаме да го повредиме партнерот и се грижиме за тоа што тој сака. Наспроти тврдењата од оваа студија, психологот за парови Medelin Mejson Roantri, која работи со парови кои се пред разделба, тврди дека стравот од осаменост е најчестата причина заради која остануваме во врската во која не сме среќни. Што мислите вие, зошто луѓето остануваат во несреќна врска? извор:среќа.мк]]>

Топ 5 причини зошто сте несреќни во љубовта https://arhiva.vistina.com.mk/top-5-prichini-zoshto-ste-nesrekjni-vo-ljubovta/ Mon, 26 Feb 2018 13:02:56 +0000 http://vistina.mk/?p=14032

Љубовта самата по себе, е најблагодарната и најблагородната емоција што воопшто постои на светот и кога таа не би постоела, веројатно и луѓето не би постоеле. Но што е всушност љубовта и зошто толку многу луѓе секојдневно имаат чувство дека страдаат поради неа? Есенцијалната причина поради тоа е погрешното сфаќање за љубовта. Луѓето ја разбираат љубовта како нешто што е дадено за готово, совршено, нешто за кое не се потребни никакви поправки. Понатаму, за жал љубовта се условува и математички се калкулира со неа. Но љубовта не го трпи зборчето “ако” и таа постојано бара нешто. Бара напор, вложување и не сака да биде запоставена во ниту еден момент. Кога станува збор за партнерска љубовна врска, секој од нас барем еднаш се сретнал со речениците: „Немам среќа во љубовта“, „Тоа не е за мене“ „Не ме сака“, „Не знам дали го/ја сакам“, „Не можам да најдам некој/а со кој/а ќе бидам среќен/на“, „Не постои некој/а доволно добар/ра за мене“ итн. Постојат неколку причини за ваквата несреќа и верувале или не, тие се креирани од самите нас, а овде ќе разгледаме пет од нив.
  1. Се заситувате од партнерот кога „пеперутките“ и возбудата кои се карактеристични за почетокот ќе поминат, бидејќи верувате дека тоа е љубовта. Тогаш на сцена настапува досадата, за која ако не постои свесност дека самите партнери ја создаваат, сериозно може да ја убие љубовта и врската. Така, често пати се случува едниот или дури и двајцата партнери да почнат да се изневеруваат барајќи ја возбудата на друго место. Ваквите типови на луѓе имаат обичај да речат: „Не ми се погодува никој/а за да можам да останам доволно долго во врска“.  Сепак оваа причина за „несреќа“ е типична за младите луѓе кои се во периодот на адолесценција, кога се оформува зрелоста и сеуште експериментираат.
  2. Живеете во минатото и сеуште се сеќавате на тоа колку било страшно кога сте биле повредени, па сега не доаѓа во предвид уште една таква повреда. Тука е во прашање стравот кој за жал секогаш има катастрофални последици, па обично што очекувате, тоа и добивате. Во ваков случај, обично личноста која не е подготвена за нова и зрела врска бега кога ќе почувствува дека може да ја прими љубовта и како форма на отпор се јавуваат мал милион маани кои ги има потенцијалниот партнер.
  3. Премногу калкулирате и поставувате високи критериуми за тоа каков/каква да биде тој/таа. Но кога веќе калкулирате, размислете што и колку вие имате да понудите и дали вашата калкулација е праведна. Ако некој/а го/ја цените како да не е доволно добар/добра за вас, можеби тоа навистина има издржана позадина и аргумент кога се во прашање моралните вредности на личноста. Но ако тој не е доволно добар поради тоа што не е бизнисмен или таа не е доволно добра бидејќи не е домаќинка како што доликува, тогаш имате проблем. Сето тоа оди заедно со постојаниот копнеж по некој/а кој/а го доживувате како  недостижен/на.
  4. Вие постојано сакате да се натпреварувате со партнерот и врската се заснова на тоа кој ќе биде подобар во нешто. Тука “победениот“ често има тенденција да се чувствува помалку вредно од “победникот“ и нема мир се додека тој/таа не победи.  Имено, во една ваква врска има повеќе его и адреналин отколку што е потребно, а помалку хуман третман кон себе и кон партнерот. Овде постојано има возбуда која трае, но исто толку често има болка и страдање.
  5. Премногу ја нагласувате слободата и го мразите конзервативниот пристап. Сите поранешни партнери вам ви се пријатели и вие сте сосема во ред со тоа, но вашиот партнер не е. Сепак тоа може да доведе и до проблем на измешани чувства. Кога тогаш ќе се издадете за тоа и на партнерот нема е му биде сеедно, па не се чудете ако по некое време тој/таа одлучи да ве напушти. Исто така премногу очигледниот флерт со други само за да му/и покажете колку сте посакуван/а навистина не е интересен.
Извор: Применета психологија]]>