несреќна врска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 22 Dec 2021 12:42:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png несреќна врска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Зошто е подобро да останете сингл отколку да бидете во несреќна врска? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-e-podobro-da-ostanete-singl-otkolku-da-bidete-vo-nesrekjna-vrska/ Wed, 22 Dec 2021 13:15:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=232270

Убаво е да се дели животот со некој, а кога го немате тоа се чувствувате тажно, изолирано и тешко. Присутни се чувството на сомнеж и самосожалување и се поставува прашањето: кога ќе ја запознаете љубовта на вашиот живот? Поради ваквиот начин на размислување завршувате во лоши врски од кои најчесто излегувате повредени и поради кои губите надеж во љубовта. И тогаш доаѓате до заклучок: подобро е да бидете сами отколку во лоша врска.

Без оправдувања

Веќе немате потреба да се објаснувате, оправдувате или да полагате сметки некому. Сите ваши постапки почнуваат и завршуваат со вас, а тоа е одличен начин да се запознаете себе си и да видите дали носите правилни одлуки.

Уживање во односите со другите

Откако ќе поминете квалитетно време со себе, ќе почнете повеќе да го цените времето поминато со другите. Ќе станете повеќе благодарни за нештата што произлегуваат од вашите односи (со семејството, пријателите, колегите) и повеќе ќе уживате во времето поминато со нив.

Одмор од постојаното трудење

Да не се лажеме, врските бараат многу работа. Кога ќе ја додадете тежината на грижата за партнерот на сите други работи што се обидувате да ги правите во овие клучни години, функционирањето едноставно станува невозможно. Најголемата штета ќе ја претрпите вие. Кога сте вие најважната личност во вашиот живот, точно знаете кога и каде да ја насочите енергијата.

Не ви треба ничие одобрување

Во овие години почнувате да живеете сами и се „ослободувате“ од одобрувањето на родителите. Кога сте во врска, свесно или несвесно, барате одобрување од партнерот за нештата што ги правите. Иако е добро да побарате помош или совет, сепак тие одлуки се однесуваат на вас и само на вас. Потпрете се на себе и своите инстинкти - начинот на кој ги формирате одлуките во овие години ќе се одрази понатаму во вашиот живот.

Регенерација

Кога сме постојано опкружени со луѓе, во нив вложуваме многу енергија. Се обидуваме да ги усреќиме другите, да ги насмееме, да се вклопиме во средината, да реагираме на неа. Времето поминато со себе ќе ве регенерира, ќе ви донесе мир, ќе ве одмори од исцрпувачките интеракции со другите луѓе и ќе ве подготви да бидете продуктивен член на средината следниот ден. извор: Кајгана ]]>

Зошто луѓето остануваат во несреќна врска? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-lugjeto-ostanuvaat-vo-nesrekjna-vrska/ Fri, 25 Jan 2019 14:15:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=69373

Ако вашата врска полека бледнее и чувствувате дека повеќе не сте среќни мора да признаете дека збогувањето со драга личност не е лесно. Решавањето на несреќна врска може да изгледа неразбирливо, но често се случува. Психолози од Универзитетот во Јута одлучија да го истражат проблемот со американските парови и самци. Неможноста на ставање крај на односот не произлегува од стравот од осаменост, туку во фактот дека во суштина сме алтруисти. Што всушност се случува? Замислуваме дека не можеме да ја напуштиме личноста бидејќи таа зависи од нас и не може без нашата врска. Истражувањето докажува дека колку позависна изгледа другата личност од нас, толку повеќе се каеме пред да го раскинеме односот. Остануваме во несреќната врска бидејќи се грижиме за потребите на другата личност. Во истражувањето учествувале 1.348 луѓе кои биле во романтична врска најмалку 10 недели и 500 кои размислувале за разделба најмалку два месеци. Заклучокот е дека не сакаме да го повредиме партнерот и се грижиме за неговите потреби. Всушност, минуваме премногу време анализирајќи колку разделбата ќе биде болна. Ни се чини дека разделбата е признание на неуспех и ние едноставно создаваме маѓепсан круг од кој не гледаме излез.
извор: кајгана
]]>