несоница – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 20 Sep 2023 10:12:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png несоница – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Заборавете на несоницата: Со овој воен трик ќе заспиете за миг! https://arhiva.vistina.com.mk/zaboravete-na-nesonitsata-so-ovoj-voen-trik-ke-zaspiete-za-mig/ Wed, 20 Sep 2023 12:00:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318834

Војниците од американската армија користат еден едноставен трик со кој полесно заспиваат, дури и во најтешките услови. Тајната на лесното заспивање е опишана во книгата „Релаксирај се и победи: Шампионски перформанс“, која најпрво беше издадена во 1981 година, но се популаризираше во последните неколку години преку интернет продажба на онлајн-книжарниците. Се верува дека тајната на лесното заспивање првпат била воведена од страна на старешините во воените редови, кои требало да им обезбедат на нивните војници мирен сон пред напорниот ден, колку и да се лоши условите надвор. Трикот оди вака: Релаксирајте ги мускулите на вашето лице, вклучувајќи го јазикот, вилицата и мускулите околу очите Спуштете ги рамената најниско што можете и истегнете ги рацете по цела должина на телото. Додека издишувате за да ги опуштите градите, полека олабавете ги нозете, почнувајќи од бутовите па надолу. Оставете да поминат околу десетина секунди во кои ќе се опуштите, релаксирајте го мозокот и потоа помислете на една од овие три слики: лежите во кану во мирно езеро, небото е светло сино и мирно а вие уживате во пловењето лежите во лежалка која е ставена во целосно затемнета соба замислете се како кажувате „не мисли, не мисли, не мисли“ континуирано во рок од десетина, можеби дваесет секунди Техниката работи кај 96% од луѓето кои ја практикуваат повеќе од еден месец. Не заборавајте дека оваа техника треба да ја повторувате почесто, дури и во моментите кога немате проблем со заспивање. Извор: Курир.мк]]>

Ослободете се од заморот за 20 минути! Ја забрзува циркулацијата, го помага варењето и ја елиминира несоницата https://arhiva.vistina.com.mk/oslobodete-se-od-zamorot-za-20-minuti-ja-zabrzuva-tsirkulatsijata-go-pomaga-vareneto-i-ja-eliminira-nesonitsata/ Wed, 30 Aug 2023 10:31:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315888

Вежбањето по напорен ден или, уште полошо, на жештина ретко на кого му одговара. Ако не можете да се натерате да почнете да вежбате, одвојте само 20 минути за вежба која позитивно ќе влијае на вашето целокупно здравје. Со оваа вежба за релаксација, која наликува на техника на јога, лесно ќе го решите проблемот со циркулацијата, варењето и несоницата, а и воопшто ќе бидете во подобра форма. Изберете соодветно место покрај ѕид, ставете перница под долниот дел на грбот. Подигнете ги нозете и истегнете ги по ѕидот, а рацете спуштете ги покрај телото. Останете така 20 минути. Важно е вашата облека да биде удобна, за да не ја запрете циркулацијата на крвта. Погледнете какви позитивни промени носи оваа вежба за вашето тело. Ја подобрува циркулацијата Чувството на тежина и отекување на нозете се поврзува со лошата циркулација на крвта и состојбата на крвните садови. Оваа вежба со самата положба на телото ќе ја забрза. Кога ќе се вратите во вашата нормална положба, брзо ќе ја почувствувате промената. Го подобрува варењето Ваквата положба на телото ја подобрува работата на желудникот, бидејќи на овој начин се зголемува протокот на крв во внатрешните органи. Стомачните мускули стануваат посилни и храната полесно се вари. Во исто време, оваа вежба ќе ви помогне да ги апсорбирате хранливите материи од храната. Поквалитетен сон Една од причините за несоница е непријатното чувство во нозете. Редовното подигање на нозете ќе ви помогне да се ослободите од лошиот сон. Покрај тоа, мозокот ќе добие повеќе кислород поради правилното дишење. Сонот ќе ви биде поквалитетен, а ќе бидете поодморени. Извор: Попара.мк]]>

Ве мачи несоница? Повикајте некои од овие растенија на помош!  https://arhiva.vistina.com.mk/ve-machi-nesonitsa-povikajte-nekoi-od-ovie-rastenija-na-pomosh/ Mon, 03 Jul 2023 12:11:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308672

Скоро секој човек понекогаш го мачи несоница, која негативно влијае на нашето здравје и расположение. Несоницата негативно се одразува и на концентрацијата и го отежнува извршувањето на задачите во текот на денот. Лекот можеме да го најдеме во овие билки. Лаванда   Лавандата уште многу одамна е користена за лечење несоница, болести на нервите и лошо варење. Ставена во топла купка, таа обезбедува мирен сон. Од лавандата можете да подготвите и чај. Освен што ги опушта мускулите, таа ја намалува нервозата и вознемиреноста, таа помага и за мирен сон.   Мајчина душичка   Етеричното масло од мајчина душичка ги опушта мускулите, а цветовите и листот помагаат за добар сон. Бидејќи содржи лесно испарливи состојки, чајот од мајчина душичка треба да се подготви во поклопен сад бидејќи во спротивно, нема да има лековити својства. Извор: Попара.мк]]>

Претераното размислување не ве остава да заспиете ноќе? Еве како да се справите! https://arhiva.vistina.com.mk/preteranoto-razmisluvane-ne-ve-ostava-da-zaspiete-noke-eve-kako-da-se-spravite/ Wed, 08 Feb 2023 12:25:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287975

Не можете да заспиете ноќе? Претераното размислување ве држи будни? Ако се борите со непроспиени ноќи тогаш следете ги овие совети. 1. Запишете ги вашите мисли Ако вашиот ум е преплавен со разноразни мисли ноќе, тогаш запишувањето на сето она што ве мачи може да биде одлична идеја да престанете да размислувате пред спиење. Тоа може и да го подобри вашиот сон. Почнете да пишувате дневник 15-20 минути секоја вечер пред спиење така што ќе запишете сè што ви е на ум. Запишувањето на вашите мисли и емоции може да ви помогне да се ослободите од стресот, анксиозноста и фрустрациите од тој ден. 2. Одвојте време за одмор и релаксација пред спиење Почнете со некаква рутина за смирување што ќе ви помогне да се смирите и да се чувствувате опуштени пред спиење. Тоа може да биде медитација или слушање тивка музика. Избегнувајте да правите работи што можат дополнително да го стимулираат вашиот мозок во овој период, како што е телефонот. 3. Исклучете ги вашите уреди Екраните на вашиот телефон, таблет, лаптоп или кој било друг уред емитуваат сина светлина што е фрагмент од природниот спектар на електромагнетна енергија. И оваа сина светлина може сериозно да влијае врз вашиот когнитивен процес и будност и да ги влоши проблемите со спиење. Од друга страна, иако ова сино светло може да го подобри вашето расположение, исто така може и негативно да влијае на производството на мелатонин со зголемување на вашата будност и нарушување на вашиот деноноќен ритам – природниот циклус на сон и будење на човечкото тело. Затоа избегнувајте да работите на вашиот компјутер или да го проверувате телефонот најмалку еден час пред спиење. Исклучете се од социјалните мрежи и оставете ја вашата работа настрана бидејќи сте направиле доволно за денес. 4. Вежбајте длабоко дишење Вежбите за дишење се одличен начин да се ослободите од претерано размислување ноќе. Станува збор за моќна техника за контролирање на мислите и смирување на умот. Разноразни истражувања откриле дека длабокото дишење може да помогне во управувањето со негативните мисли и емоции и нивото на стрес. Тие утврдиле дека техниката на дишење 4-7-8 може значително да го подобри вашиот сон и да ве ослободи од стресот. Сè што треба да направите е – Вдишете низ носот броејќи до 4 Задржете го здивот броејќи до 7 Издишете преку устата броејќи до 8 Секогаш внимавајте да издишувате подолг временски период отколку што вдишувате. Ако вашиот ум почне да „талка“, вратете го фокусот на вашето дишење. Оваа вежба за релаксација можете да ја испробате 10 минути секоја вечер пред спиење. Извор: themindsjournal.com/кафепауза.мк]]>

Необичен напиток против несоница: Ви требаат овие две работи за мирно да заспиете https://arhiva.vistina.com.mk/neobichen-napitok-protiv-nesonica-vi-trebaat-ovie-dve-raboti-za-mirno-da-zaspiete/ Mon, 05 Dec 2022 11:53:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278707

Бананите изобилуваат со бета-каротен, витамини од групата Б и витамин Ц и Е. Содржат многу хранливи влакна и препорачливо е да се консумираат секое утро. Бананите благотворно делуваат кај несоницата. Доколку патите од несоница, чајот од банана и цимет ќе ви помогне да имате убав сон. Подготовка: Излупете една банана и ставете ја цела во вода да се вари 10 минути. Потоа процедете ја водата и во неа додадете еден прстофат цимет. Зготвената банана можете да ја изедете, а чајот испијте го еден час пред да легнете да спиете. Извор:Курир.мк]]>

Антониа Гиговска пати од несоница, Спасе – Рола тргна да и го реши проблемот, па и презентерот на временската прогноза на „Сител“ заврши буден! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/antonia-gigovska-pati-od-nesonica-spase-rola-trgna-da-i-go-reshi-problemot-pa-i-prezenterot-na-vremenskata-prognoza-na-sitel-zavrshi-buden-video/ Wed, 26 Oct 2022 07:24:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272820

Антониа Гиговска последниве недели е во фокусот на вниманието на јавноста и тоа не заради песните и музиката, туку заради сето она што и се случува на приватен план. А кога температурата се крева околу тебе и тебе ти станува жешко, па пејачката за да не „прокува“, реши лефтерно да се облече како да сме среде јули или август, а не на прагот на ноември. „Инаку секогаш го грешам времето, така што лето ми е денес... Барем така се чувствувам“ - споделила Гиговска додека се возела во својот автомобил, слушајќи една позната песна од српската турбо естрада во чии стихови и нашата пејачка веројатно се пронашла себе си и моменталната состојаба заради која тема број еден и во чаршијата и во естрадните кругови и во медиумите: „Што уште треба да се случи“? И се случи... Времето е рака на срце, прилично сончево и топло за доцна есен, ама на Антониа веројатно и било повеќе од „жешко“ и заради сите споменати нешта. Несоница, инсомнија, што ли да е, ама пејачката никако да заспие, па јавно се пожали: „Не иде сон, еј...“! Арно ама како речиси за се' има лек така и за „оваа нејзина болка“  лекот го имаше оној кој нема проблем со времето, зашто тој е тој што го предвидува или поточно прогнозира и презентира. Спасе - Рола Јовановски, презентерот на временската прогноза на „Сител“, познат уште и како близок пријател на Лила Филиповска, а отсега галиба и на Антониа Гиговска. Токму тој беше човекот што тргна на пејачката да и го реши проблемот, па „временскиот понуди временско решение“ како да ја фати сон: Со пуштање на музика со звуците на дождот! Не Сара Мејс со „Врне, врне“, туку со саунд од вистински капки дожд наместо приспивна песна, обидувајќи се да и „открие нови хоризонти на пејачката“! Арно ама, како секој лек на секого не делува и секоја магија секого не фаќа, така и оваа на Спасе -Рола, наместо да ја заспијат уште повеќе ја расонија Антониа! Дали после крахот на љубовта и долгата врска, „грижата на совест“ и толкава што сон не ја фаќа, или едноставно зарадаи природата на работата се навлече на тоа да биде „ноќна птица“, знае само таа самата. Ама затоа „откривачот на нови хоризонти“ не знаеше дека наместо да и го реши проблемот на пејачката и тој ќе стане дел од него. Па наместо во пижами и презентерот на временската на “Сител“ влета во панталони и јакна и појде на ноќно возење да и прави друштво на Антониа во ноќната обиколка на градот ... Правдајќи се со зборовите: „Ме собра од спиење, џумбус да париме“! Така ти е тоа обично кога сакаш да делиш совети за несоница и да се правиш умен, наместо во мирен и спокоен сон и ти ќе завршиш буден... И тоа со Антониа до сабајле и ти како дел од нејзиното гајле! ]]>

Мозокот им е секогаш “вклучен“: Несоницата најмногу влијае на ОВИЕ хороскопски знаци https://arhiva.vistina.com.mk/mozokot-im-e-sekogash-vkluchen-nesonicata-najmnogu-vlijae-na-ovie-horoskopski-znaci/ Wed, 06 Jul 2022 11:14:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257401

Несоницата е проблем што мачи многу луѓе во денешниот брз живот. Влијае на секојдневниот живот и се меша со нашите активности. Ако станува збор за хронична несоница, проблемот е уште поголем. Експертите велат дека стресот, брзата информираност и брзото темпо на промена влијаат на лошиот сон. Астролозите откриваат дека несоницата најмногу влијае на следниве три знаци: Близнаци Мозокот на овој хороскопски знак е секогаш вклучен, неговиот ум е секогаш полн со информации, податоци, отворени прашања, разговори, планови. Ваквата содржина им се мота во мозокот на Близнаците доколку немаат никакви проблеми. Ако, пак, се загрижени за нешто, тогаш во главата владее тотален хаос. Несоницата често им пречи, а вежбите за релаксација можат да им помогнат. Водолија За да биде вклучена во акција и социјални активности, таа мора да биде будна што е можно подолго. Ако пропушти нешто значајно за неа, тоа ќе ја гризе внатре и ќе има бурни разговори со себе најмногу во умот. А, тоа повторно значи дека е будна. На кој начин и да го свртите, Водолијата не спие доволно, освен кога е преморена поради физичка активност. Девица Девица е владетел на Меркур, а тоа подразбира љубопитност и комуникација, стремеж кон ред, чистота, прецизност. Не само во домот и канцеларијата, туку и во бизнисот, потрошувачката, храната, односите. Последица на тоа е несоница. За да се донесете себеси и вашата околина во задоволителна состојба и да го задржите на тој начин, треба да вложите многу труд и работа. Бројни дневни обврски бараат прецизен дневен распоред и проценки на трошоците. Девицата анализира и планира ноќе, па затоа е мистерија како воопшто заспива. извор:курир.мк]]>

Трик кој докторите го препорачуваат против несоница – тајната е во менување на 2 работи во спалната соба https://arhiva.vistina.com.mk/trik-koj-doktorite-go-preporachuvaat-protiv-nesonica-tajnata-e-vo-menuvanje-na-2-raboti-vo-spalnata-soba/ Wed, 21 Apr 2021 11:44:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=199943

Ако често се прашувате зошто не можете да заспиете, два фактори во вашата спална соба би можеле да го кријат решението на вашиот проблем. Несоницата е чест проблем, но ако трае долго може негативно да влијае на разните процеси во организмот. Нередовниот или неквалитетен сон е поврзан со слаб имунитет, лоша концентрација и расположение, недостаток на сила и енергија и многу друго. Д-р Џејд Ву од Универзитетот Дјук објаснува дека луѓето кои патат од несоница би требало да ја испробаат „методата на пештерскиот човек“. Вештачката светлина, дури и онаа која ја емитуваат малите уреди како мобилните телефони или таблетите, го нарушува нашиот ритам за спиење и нѝ отежнува полесно да потонеме во сон. „Гледајте на својата спална соба како на пештера во која живееле нашите претци. Во неа не смее да има вештачка светлина, мора да биде темна. Ако ви смета светлото однадвор, набавите завеси кои во целост ќе го блокираат или спуштете ги ролетните“, советува докторката. Светлото во домот пригушете го 30 минути пред заминување во кревет за да му дадете сигнал на телото дека е време за спиење. Исто така е важна и температурата во спалната соба бидејќи нашите претци не спиеле во загреани простории. Д-р Ву препорачува собата во која што спиете да е доволно ладна за едвај да чекате да „скокнете“ во кревет и да се покриете. извор:курир.мк]]>

Како недостигот на сон го менува лицето? (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/kako-nedostigot-na-son-go-menuva-liceto-video/ Wed, 03 Mar 2021 12:45:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=192296

Не се вели залудно дека ниту една шминка нема толку да го разубави лицето како квалитетниот сон. Недостиг на сон негативно влијае на изгледот на лицето, капаците се спуштаат, се создаваат брчки и подочници. Кожата пропаѓа затоа што засилено се произведува хормонот на стрес кортизол, кој го уништува колагенот во неа. Исто така, ненаспиеното тело не лачи доволно хормон за раст, што е одговорен за раст на ќелиите и регенерацијата, па кожата станува се постара. Професионалците со шминка им покажаа на младите луѓе како ќе изгледаат ако не спијат доволно. извор:нетпрес.ком.мк]]>

Aко страдате од несоница исфрлете ги овие работи од спалната соба https://arhiva.vistina.com.mk/ako-stradete-od-nesonica-isfrlete-gi-ovie-raboti-od-spalnata-soba/ Thu, 14 Jan 2021 13:00:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=185195

Квалитетното спиење е непроценливо за телото и за добро функционирање следниот ден. Една студија открила дека постојаната несоница може да доведе до сериозни здравствени последици. Сè што нè разбудува и нервира, дури и на потсвесно ниво, мора да биде исфрлено од просторијата во која спиеме. Психолозите објаснуваат зошто е неопходно да се исфрлат овие работи од спалната соба. Телевизор Едноставно премногу го одвлекува вниманието, се согласуваат експертите, објаснувајќи што се случува кога спиеме со телевизорот, дури и ако уредот е целосно исклучен. „Што и да сте пуштиле да ве заспие, сигурно има некоја програма што инаку ја сакате. Мозокот ќе ослободи хормони поврзани со возбуда и тоа сепак ќе ве разбуди“. Мислите за работа Кога одите во кревет, оставете ги сите ваши грижи поврзани со работата на вашата работна маса. Размислувањето за обврските само се меша со квалитетот на спиењето и го продолжува времето за заспивање. „Треба целосно да го исклучите надворешниот свет 30 минути пред спиење. Ова значи дека сè што е поврзано со работата, кое ќе го задржи вашиот мозок буден и можеби повеќе нервозен, треба да се остави надвор од спалната соба”. Неред Купот алишта да не биде последното нешто што ќе го видите пред спиење. „Бројни студии покажале дека нередот и хаосот во спалната соба можат сериозно да влијаат на спиењето. Нашиот ум регистрира неуредна спална соба како недовршена задача, дури и ако е на несвесно ниво. Вашата спална соба треба да биде тивок, хармоничен простор каде што ништо нема да ве нервира “. LED осветлување Најдоброто нешто, советува професорката од Универзитетот во Вирџинија, Маријана Шкло-Кокс, е да ја исфрлите целата технологија од просторијата каде што спиете. „Сината светлина што ја испуштаат уредите на екранот може да влијае на квалитетот на спиењето. Ве советувам да немате компјутерски монитори, лаптопи во просторијата и ако е можно, отстранете кој било друг уред што има LED светло”, вели таа. извор: Курир.мк]]>