нервозно дете – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 28 Jun 2018 12:25:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png нервозно дете – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Смирете го вашето дете во рок од неколку минути https://arhiva.vistina.com.mk/smirete-go-vasheto-dete-vo-rok-od-nekolku-minuti/ Thu, 28 Jun 2018 19:07:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=34885

Децата ни претставуваат се во животот но понекогаш знаат да плачат или врескаат од бес или огорченост. Ниту еден родител, дури и оној кој е многу нежен не е во состјоба да толерира дете кое вреска. Без оглед каде се наоѓате во моментот кога детето ќе има напади на бес, тешко е да останете мирни и да реагирате на вистински начин. Не само што чувствувате дека сите кои присуствуваат на местото ги оценуваат и судат вашите родителски способности, туку и оваа ситуација е доста стресна како за родителите, така и за децата. Д-р Карп, чија книга „Најсреќното бебе“, ја има на полиците на секое семејство кое очекува бебе или добило бебе, ги советува родителите на детето кое плаче, вреска и хистерично бара нешто, да не пристапуваат на рационален, практичен начин, бидејќи тоа тогаш не може да го прифати. Наместо тоа, советот на Д-р Карп е на детето да му се каже токму она што сака да го слушне. Тоа подразбира ментално и физички да се спуштите на нивото на детето кое е вознемирено. Целта е да не попуштите и да не му го дадете на детето она што го бара, туку со него да комуницирате на ист начин за тоа да ве разбере:
- Повторувајќи ги зборовите кои ги користи детето - Користејќи кратки фрази со доста повторување - Со рефлектирање на чувствата на детето во тонот на гласот и изразот на лицето На пример, во ситуација кога вашето дете добива напад на бес во продавница затоа што не сте му купиле играчка, детето започнува да вреска: „Сакам! Сакам! Сакам!“. Ако се обидете на смирен начин со љубезен глас да му кажете: „Злато, не можеш да добиеш сега“, овој одговор сигурно ќе ја влоши работата. Ова навистина е логичен, разумен одговор на родител кој си го сака детето, но детето на оваа возраст само ќе биде уште повеќе бесно, објаснува Д-р Карп. ТОј смета дека мора да го повторува својот став се` погласно и похистерично за да го слушнете и разберете. Затоа, вие треба да ги повторите неговите зборови и тоа со смирувачки тон: „Сакаш топка. Сакаш топка. Топка. Сега“. Можеби овој пристап ви делува чудно, но овој одговор е всушност, само верзија на веќе добро оправдан метод на активно слушање кое возрасните го користат во секојдневната комуникација, особено во проблематични случаи. Целта секако, не е само да ги повторувате зборовите, туку на личноста со која разговарате да и` стане јасно дека сте ја сфатиле што сака таа. Кога разговарате со возрасна личност која е вознемирена и бесна, неа ќе и` кажете: „Разбирам. Разбирам. Те сфаќам. Навистина ми е жал“. Надвор од контекстот, овој одговор звучи неповрзано и бесмислено, а сепак личноста на која и` кажувате може да се смири и да престане со хистеријата. Сосема е слична и реакцијата на детето. Д-р Карп овој метод практично го демонстрирал и покажал како расплачено и хистерично дете во рок од неколку секунди кога добие ваков одговор се смирува и го гледа возрасниот кој го повторува неговиот проблем. Кога ќе го постигнете тоа и ќе го надмине нападот на бес, можете на смиреното дете да му понудите некое друго решение и да го утешите, во зависност од ситуацијата. Само смиреното дете ќе биде во состојба да ве слушне и да го прифати вашето објаснување. Доколку интензивните напади на бес се јавуваат многу често, тие можат да бидат знак за некои здравствени проблеми, па доколку забележите вакво нешто, добро би било да се посоветувате со педијатар.]]>