нервозна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 14 Oct 2022 11:15:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png нервозна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Немам време и сум многу нервозна личност“, актерката Сека Саблиќ никогаш поискрена за нејзините лоши особини: „Изгледам страшно“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/nemam-vreme-i-sum-mnogu-nervozna-lichnost-akterkata-seka-sablikj-nikogash-poiskrena-za-nejzinite-loshi-osobini-izgledam-strashno-foto/ Fri, 14 Oct 2022 11:13:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=271374

Актерката во новиот филм „Комедија на три ката“ глуми осветољубива соседка и иако речиси целата актерска екипа веќе ја видела оваа продукција, таа малку подоцна ги сумираше своите впечатоци. Јелисавета Сека Саблиќ годинава го прослави својот 80-ти роденден, не размислува за пензија, но како што вели секогаш е искрена кон себе, а би рекле можеби и малку сурова. Легендарната актерка вели дека е задоволна од улогата на сосетката Живка во споменатата комедија и дека секогаш си наоѓа нешто што не е во ред со себе. - Го прочитав сценариото и гледам дали ќе можам,тоа никогаш не се знае. Дали ќе можам да се извлечам од некои мои клишеа, да направам нешто ново и да продолжам понатаму. Не очекував да бидат толку многу, изгледам ужасно, но задоволна сум. Не сакав да се гледам себеси кога бев помлада, но сега се прифаќам и ги гледам сите мои грешки. Секогаш ми се чини дека требаше  појако - рекла актерката и додала дали наоѓа време да пие кафе со соседите. - Не. Немам време и сум многу нервозна личност. Сите ги сакам, препознавам, разбирам и ценам, но мојот живот се состои од моето семејство, работата која сè  уште ја работам и се одморам бидејќи навистина сум старa - искрена е Сека која признава дека има сличности меѓу неа и хероината од филмот: - Има во тој однос кон синот. Мајката секогаш останува мајка. Ме привлече многу, ме инспирираше и ми беше провокативно да направам нешто. Сакав да одграм по одлучно. Можам да подвикнам, но потешко удирам со партал како Живка. Јас сум пристојна домаќинка. Фото:/ПринтскринК.Камонов/Ата Имаџес]]>

Писмо од една домаќинка до сите родители: „Хаосот може да почека“ https://arhiva.vistina.com.mk/pismo-od-edna-domakjinka-do-site-roditeli-haosot-moze-da-pocheka/ Fri, 07 Sep 2018 13:45:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=46706

Невработена мајка објави текст во кој им порачува на родителите да престанат да се фокусираат на чистотата во домот и да ги стават децата на прво место. Елизабет Русин сподели дека иако е домаќинка, нејзиниот сопруг не очекува домот да им блеска кога ќе се врати од работа и дека ѝ помага во расчистување на нередот, бидејќи знае дека нејзин приоритет е воспитувањето на нивните деца. Русин апелира мажите да не им вршат притисок на сопругите да го одржуваат домот беспрекорен, бидејќи ХАОСОТ МОЖЕ ДА ПОЧЕКА, а децата НЕ. Маж
Сакам да кажам нешто што ми тежи на душата во последно време. Кога со сопругот одлучивме да бидам мајка која не работи за да се грижи за децата, се согласивме дека ќе бидам токму тоа, МАЈКА. Не сум куќна помошничка. Да, чистам во текот на денот, но мојот главен фокус секогаш ќе бидат моите деца. Најголем дел од чистењето во текот на денот на некаков начин ги вклучува моите деца – перење облека, празнење на машината за садови, чистење со правосмукалка, собирање играчки... Сакам тие да научат дека е потребен тим за да се одржува нашиот дом чист. Ако го поминеме денот во играње и учење и растење и куќата е хаос на крајот од денот, со мојот сопруг создаваме тим кога ќе се врати од работа. Тој не ме прекорува за валканите садови во мијалникот кога ќе влезе низ врата, туку ги мие. Заедно диплиме алишта откако ќе ги заспиеме нашите деца и го користиме тоа време за да разговараме за нашиот ден или за она што ни е на ум. Најголем дел од обврските низ доворот се негови, не затоа што јас нема да ги направам, туку затоа што тој го користи тоа време за да се поврзе со нашите деца и да ги научи како да косат крева и слично. Оваа куќа е НАША, не само моја. Овие деца се НАШИ, не само мои. Одбивам да им создадам спомен дека постојано чистам и одбивам да ги учам моите деца дека домашните обврски постојано треба да паѓаат врз грбот на мајката. Останав дома за да бидам присутна во нивните животи, не за да го одржувам домот беспрекорен во секој момент. Ако децата сакаат да си играме, ќе играм. Ако сакаат да се гушкаме, ќе ги гушнам. Ако сакаат да боиме, ќе направиме ремек-дело за гордо да го обесиме на фрижидерот. Ако сакаат да читаме книга, ќе им ја прочитам книгата онолку пати колку што ќе посакаат. Во никаков случај не велам дека треба да дозволите куќата да ви се претвори во депонија, но чувствувам дека многу мажи очекуваат куќата да им биде беспрекорна само затоа што нивните сопруги се дома. Ние, како мајки, не се откажуваме од нашите кариери, интеракциите со возрасни, платата и разумот за нашите куќи да блескаат кога нашите сопрузи ќе влезат дома. И уверена сум дека повеќето од нас се понервозни поради нередот од вас. Наместо да ѝ префрлаш на сопругата за трошките на подот, земи метла. Наместо да ѝ се дереш дека масата има чкртаници од маркер, прашај ја дали имаше тежок ден и прегрни ја. Наместо да ѝ кажуваш дека е мрзлива што не ги здиплила алиштата, заблагодари ѝ се што ти ги гледа децата и започни да го диплиш бесконечниот куп со измешани чорапи. Наместо да туфкаш за нештата што не се завршени, прашај ја што правеше со децата, дали се смееја, што научија, колку пати им кажа дека ги сака, потоа соблечи ги обувките и исчисти ја кујната. Тоа што сум дома со моите деца е најголемиот дар што ми бил даден, но е и едно од најтешките нешта што сум ги правела. По неколкупати дневно му се заблагодарувам на мојот сопруг што го прави ова возможно, што се „убива“ од работа за да обезбеди финансиски средства за семејството. Никогаш не очекував тој да дојде дома по долгиот работен ден и да ја исчисти целата куќа сам. Не очекував тој да се буди на секое хранење навечер додека нашите деца беа новороденчиња. Никогаш не очекував тој да дојде дома и да измие еден куп садови, бидејќи знам дека јас можам да го направам тоа со децата следниот ден. Но, благодарна сум што не се плашам од неговата реакција ако куќата не е чиста. Благодарна сум што имам партнер кој разбира што значи да се биде тимски играч и кој ќе ги направи тие нешта без двоумење. Срцето ми се кине кога слушам колку многу жени се прекорувани од мажите зашто куќата не им била во тип-топ состојба кога ќе се врателе од работа или дека сопрузите не им помагале во ритуалите пред спиење. Имањето семејство бара многу труд од сите, вклучително и од децата. Тоа што одиш на работа не те исклучува од родителството и од домашните обврски. Па, сопрузи, ако го читате ова, заблагодарете им се на вашите неверојатни жени што се откажале од сè за да ги растат тие прекрасни бебиња што заедно ги создадовте, а вие сопруги, заблагодарете им се на вашите сопрузи што ви овозможиле да останете дома и ве молам запомнете, хаосот може да почека.
]]>