нервира – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 30 Jan 2023 13:05:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png нервира – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дали партнерот постојано ве нервира? Научниците открија зошто е тоа така https://arhiva.vistina.com.mk/dali-partnerot-postojano-ve-nervira-nauchnitsite-otkrija-zoshto-e-toa-taka/ Mon, 30 Jan 2023 13:05:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286473

Заклучокот од истражувањето објавено во списанието „Social Psychological and Personality Science“ е дека, кога сме под стрес, се фокусираме на негативните квалитети на нашите партнери, а не на позитивните. Минатите студии покажаа како „животниот“ стрес може да влијае на односот со партнерот, но и на нашето однесување. Таа истакнува како стресниот живот може да влијае на тоа како партнерите комуницираат и гледаат еден на друг. Но, оваа студија нагласува уште една работа; стресот може да влијае и на она што прво го забележуваме, како на пример вашиот партнер да ве нервира, да критикува и да нема трпение. – Откривме дека луѓето кои постојано искусуваат многу стрес надвор од врската, како проблеми на работа, почесто забележуваат негативни работи за својот партнер – вели д-р Лиза Неф. За време на студијата, Неф и колегите следеле 79 нововенчани хетеросексуални партнери кои 10 дена пополнувале прашалници секоја вечер и го бележеле нивното и однесувањето на нивниот партнер. Пред студијата, тие исто така се изјасниле и за количината на стрес во нивните животи. Откриле дека оние кои неодамна поминале низ стресен период се особено свесни за секојдневните промени на нивните партнери во вид на негативно однесување и веруваат дека нивниот партнер внесува негативност во врската во тие 10 дена, доколку резултатите се споредат со испитаници кои не се под стрес. Новите парови ќе се фокусираат на позитивното однесување, а не на негативното однесување на нивните партнери, но тоа трае се додека трае фазата на „меден месец“. Истражувањето открива дека еден стресен ден нема да влијае на фокусирањето на личноста на негативните особини на партнерот. Се работи за акумулираниот стрес кој често ќе влијае на промената на правецот на вниманието. За многу луѓе, изминатите години беа многу тешки, а стресот поврзан со пандемијата сè уште е присутен. Ако партнерите под стрес се фокусираат на негативните аспекти на партнерот, тоа сигурно ќе влијае на врската. Извор: Попара.мк]]>

Што ги нервира хороскопските знаци во врска: Лавот нема да прости запуштеност, Јарецот лажење https://arhiva.vistina.com.mk/shto-gi-nervira-horoskopskite-znaci-vo-vrska-lavot-nema-da-prosti-zapushtenost-jarecot-lazenje/ Wed, 24 Nov 2021 13:15:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=228679

Можеби хороскопскиот знак не може да ви каже сѐ за една личност, но има некои заеднички карактеристики што едноставно се доминантни кај секој од знаците. Овие карактеристики се одразуваат и во љубовниот живот и може да ви помогнат да дознаете кои работи им се привлечни, прифатливи или одбивни на вашиот партнер. Лавовите не простуваат запуштеност, а Овните ги нервира мрзливоста кај партнерот. Што е со другите хороскопски знаци? Овен – мрзливост Некои од нас сакаат да го поминат денот лежејќи во кревет и гледајќи серии, но ако сте во врска со Овен, ќе им се запали црвениот аларм. Овните не поднесуваат мрзливост, тромавост и бавност, тоа го сметаат за губење време. Бик – нестрпливост Биковите се темелни и сакаат да си дадат време пред да донесат одлука, па ако ги побрзувате и станувате нетрпеливи за да добиете одгвор или реакција, голема е веројатноста дека ќе направите да се почувствуваат како да се под притисок и тоа нема да излезе на добро. Близнаци -  некомуникативност Недостигот на комуникација е проблематична појава во која било врска, но во врска со припадник на хороскопскиот знак Близнаци е нешто што нема да се дозволи и толерира. За нив ако нема комуникација, нема љубов. Толку е едноставно. Рак – бесчувствителност Припадниците на овој знак се големи емотивци и не поднесуваат да бидат во врска со некој кој не покажува доволно чувства или емпатија. За нив емоциите се храна и ако не ги добиваат, ќе заминат без многу размислување. Лав – запуштеност Лавовите не се површни, ама сакаат да изгледаат средено. Ако партнерот почне да го занемарува надворешниот изглед и да се запушта, тоа ќе биде голем проблем за нив. Девица – површност Ако не сте способни да водите долги, длабоки, комплексни разговори, а единствени интереси ви се гледање ТВ и трошење пари, нема долго да го задржите вниманието на Девицата. Вага – агресивност Вагите се трудат да одбегнуваат конфликти и ако се во врска со некој што постојано бара причина за расправија или се агресивни (не само кон нив), тие ќе побараат посмирена ситуација и партнер. Скорпија – неодговорност Ако на Скорпија ѝ кажете дека нешто ќе направите, а не го направите, ќе ја изгубите нејзината довербата, а ко тоа ви се случи неколку пати ќе ја изгубите и неа. Стрелец – несигурност Стрелците се самоуверени и многу сигурни во себе, па ако имаат покрај себе некој кој не е таков, тоа ги кочи во реализирањето на нивната желба за авантуристички и брз живот. Брзо ќе им здодеете и врската ќе пукне. Јарец – лажење Ако глумите дека сте некој и нешто што не сте, Јарците ќе го видат тоа и нема да ви го простат. Превртливоста и лажењето се особини што тие ги презираат и нема да останат со вас ниту еден миг повеќе. Тоа се однесува и на вашето однесување кон другите луѓе, не само со нив. Водолија – нетолерантност Водолиите се отворени за сѐ и ги оставаат луѓето околу нив да живеат како што сакаат. Не им подлегнуваат на општествените норми и стеги и сакаат партнер со слични сфаќања. Ако покажете некаква форма на дискриминација, нема веќе да ве гледаат со исти очи. Риби – злоба Никој не сака злобни луѓе, но чувствителните Риби тоа нема да го поднесат ни една секунда. Многу се праведни по природа и нема да си дозволат да бидат со некој кој им мисли лошо на другите. извор: Кајгана]]>

Александар Милиќ – Мили: „Саша Поповиќ ужасно ме нервира… ама и јас него“ https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-milikj-mili-sasha-popovikj-uzasno-me-nervira-ama-i-jas-nego/ Wed, 23 Jun 2021 10:58:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=208066

Александар Милиќ - Мили е композитор и музички продуцент, кој цела сезона е во жирито на популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“ и заедно со останатите добро познати членови на жирито одлучуваат за судбината на младите пејачи. Мили зборуваше за за неговиот однос со Саша Поповиќ, кој, како што вели, е пред се од деловен карактер. „Што да кажам освен дека Саша многу ме нервира... ама и јас него го нервирам, но во суштина сите ние таму се сакаме и сме многу посветени на нашата работа. Никој не е опуштен по тоа прашање и буквално е мртва трка кој од нас е поупорен во својата работа“ - вели Мили. „Уживам во „Ѕвездите на Гранд“ бидејќи никогаш не сум имал можност да работам со млади и неетаблирани луѓе. Работев на првите албуми само за Ана Николиќ и Маја Беровиќ, сите други мои соработници беа познати sвезди кога почнаа да работат со мене. За да им дадам хит песни за што подобар старт на музичката сцена“ - заклучи Александар Милиќ Мили за Ало! Фото: Јутјуб принтскрин]]>

Кого таа толку го нервира, па проба да ја изнервира актерката: Како да се ограби среќата на Катерина Шехтанска? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kogo-taa-tolku-go-nervira-pa-proba-da-ja-iznervira-akterkata-kako-da-se-ograbi-srekjata-na-katerina-shehtanska-foto/ Sat, 10 Nov 2018 08:45:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=57270

Несудена балерина, некогашна членка на „златната генерација“ на балетското студио „Ребис“, денес актерка Катерина Шехтанска, има успешен приватен и професионален живот.
Во улога на сопруга, мајка на две малолетни деца приватно, а последната улога во која професионално можевме да ја видиме е онаа од комичната претстава во „Драмскиот театар“ - Скопје, насловена „Како да се ограби банка?“ , во која  Шехтанска и игра и танцува, а ја подготви и кореографијата за истата.
И навидум изгледа дека Катерина е „среќна жена“? Веројатно и е така, само што попоследниот нејзин фејсбук статус кажува и нешто друго... Дека некој се обидел да направи со нејзината среќа нешто слично на насловот на претставата во која таа игра: Како да се ограби среќата на Катерина? Во доменот на професијата или приватноста - остана неразјаснето.
Ама она што може јасно да се заклучи од нејзиниот „лут пост“ на Фејсбук, некој или некои навистина се обидел(е) баеги да ја изнервира(ат) актерката, што таа така „жестоко“ им возвратила со зборовите: „Како е можно? не ме ни знаете, а веќе имате креирано мислење за мене. Наметнато или не... Сепак, следниот пат кога ќе превртите со очињата кога ќе се спомене моето име, верувајте дека мене ми се превртува утробата кога ве гледам во вашиот мизерен и неуспешен обид да бидете како мене. Во прилог еве една слика што мислам јас за тоа. П.С. се извинувам што сликата нема тон, но слободно може да си замислите“ - ги „распука“ на најраспространетата социјална мрежа Шехтанска своите лицемерни душмани.
Следуваше лавина од коментари на поддршка од нејзините пријатели, а „(не)пријателите“...? Можеби и тие беа меѓу нив, само... овој пат не се огласија! Сеедно, Кате знае најдобро кого тоа со својата појава нервира, па (тој, таа, тие) проба(а) нејзе да ја изнервира(ат)!?  Сакаа само да и ја украдат насмевката со која таа им возврати... Или можеби и нешто повеќе од тоа!?]]>