неразјаснети околности – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 21 Apr 2021 10:10:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png неразјаснети околности – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина уште една млада „Ѕвезда на Гранд“ под неразјаснети околности: Колегите и продукцијата во шок! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-ushte-edna-mlada-dzvezda-na-grand-pod-nerazjasneti-okolnosti-kolegite-i-produkcijata-vo-shok-foto/ Wed, 21 Apr 2021 10:09:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=199904

Младиот пејач Момир Луковац (24), учесник во најпопуларното и најгледано регионално музичко талент ТВ шоу „Ѕвездите на Гранд“, ненадејно починал под неразјаснети околности. Здружението на  естрадни уметници на Црна Гора и учесниците на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ се огласија и се простија од младиот пејач, а околностите под кои почина сè уште не се познати во јавноста. Момир Луковац инаку е млад пејач од Бања Лука, кој живеел во Подгорица, а последен пат пееше на сцената на натпреварот „ Ѕвездите на Гранд“ пред два месеци, кон крајот на јануари, кога ги отпеа песните: „Проклета е виолина“ од Саша Матиќ и „Таа да ме сакаше“, од Аца Лукас. Луковац стигна до третото коло во тековната сезона. Имено, Момир привлече големо внимание со својот моќен глас, а за време на разговорите во самиот натпревар, дали ќе помине во следната рунда или не, го прашаа кој знак е во хороскоп. „Бик. Роден сум на 25 април“ - откри тогаш Момир. „Па, сега ... - се насмеа Саша Поповиќ, бидејќи неговиот роденден е само еден ден порано - на 24 април.  Можеби ќе славиме заедно. Момир ќе пее...“  - предложи тогаш новиот директор на „Гранд“ во Александар Милиќ Мили, кој  сега повторно се огласи и истакна дека сите биле многу вознемирени, и колегите и продукцијата, со оглед на тоа што пред само два дена почина и нивниот директор на фотографија, Неша Мишковиќ. „Многу сум потресен од веста за заминувањето на младиот Момир Луковац. Ова се времиња кога трагедиите доаѓаат наеднаш, една по една, болно, неправедно и само два дена откако нè напушти нашиот директор на фотографија, Неша Мишковиќ. Во свое лично име и во име на сите вработени во Гранд,  најискрено сочувство до неговото семејство и пријателите“, изјави Мили за српските и регионалните медиуми. https://www.youtube.com/watch?v=w-NWqT8TzkQ&t=194s]]>