неразделни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 15 Aug 2022 07:48:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png неразделни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Немања Гудељ се сели во Турција, а со него доаѓа и Анастасија Ражнатовиќ како негов најголем подржувач (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/nemanja-gudelj-se-seli-vo-turcija-a-so-nego-doagja-i-anastasija-raznatovikj-kako-negov-najgolem-podrzuvach-foto/ Mon, 15 Aug 2022 07:48:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=262568

Ќерката на најголемата балканска фолк ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија не крие дека изминативе неколку месеци ужива во љубовта со српскиот репрезентативец Немања Гудеља. За тоа колку е сериозна и стабилна нивната врска, истакнува изворот, откривајќи дека пејачката и фудбалерот планираат да започнат заеднички живот во Турција. Имено, како што објаснува соговорникот, спортистот добил одлична понуда од фудбалски тим, а Анастасија докажала дека е негов најголем поддржувач кога се согласила да се пресели на Босфор за своето момче. - Гудељ доби понуда да се пресели од Севиља во редовите на актуелниот турски шампион, тимот на Трабзон. Неговиот сегашен тим е подготвен да го продаде за огромна сума, моментално се водат преговори, а многу е можно Немања следната сезона да се пресели на Црното Море поради деловните обврски - ја започна приказната изворот, кој потоа откри дека таму фудбалерот  би бил следен од наследничката на Цеца. - Немања и Анастасија се во сериозна врска и планираат заедничка иднина. Таа беше првата личност на која и кажа дека добил понуда од турскиот прволигаш и и  објасни дека е многу сигурно дека следната година ќе ја напушти Шпанија. Ја прашал дали би сакала да ги спакува куферите за него. Се договориле прво да оди во Турција, а кога ќе се смири и ќе се вклопи во околината, ќе му се придружи и Таса - открила соговорничката која истакнала дека Ражнатовиќ не планира да ја запостави музичката кариера. - Анастасија не планира да се откаже од пеењето. Свесна е дека за да напредува во работата треба многу време да помине во Белград бидејќи сите нејзини колеги се тука и кариерата најдобро ќе ја води од Србија. Исто така, таа е многу врзана за семејството, мајката, братот и малиот Жељко, а одлучила постојано да биде на релација Белград-Турција за да го подржува своето момче, но и да продолжи со сопствениот раст. Верува дека тоа ќе биде добар тест за нивната врска, била свесна дека сериозната врска со спортист бара одредени жртви и верува дека ќе може да се носи со тоа темпо на живот - заклучила соговорничката. Фото:Принтскрин/Профимедиа/Дамир Дервишагиќ/Ражнатовиќ Анастасија]]>

Влатко и Силви од „Силви бенд“ се дефинитивно – „Неразделни“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-i-silvi-od-silvi-bend-se-definitivno-nerazdelni-audio/ Tue, 22 Dec 2020 13:47:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=182119

Познатите Силвана Мучиќ и Влатко Плевнеш или обајцата членови на легендарното семејно македонско поп дуо „Силви бенд“ деновиве го претставија новиот сингл „Неразделни“. Со оваа песна тие го најавуваат својот 8-ми албум. Инаку, Силви и Влатко на македонската музичка јавност за прв пат и се преставија уште во почетокот на  90-тите години, кога особено станаа популарни со големиот макфестовски хит, песната „Ангели ме носат“ и оттогаш па се' до денес, зад себе имаат безброј настапи, хитови, музички видеоспотови. Покрај песните и естрадните настапи, тие се познати и по своите изведби на мјузиклите како што се „Коштана“ или „Ромален“, кои успешно ги изведуваат и надвор од границите на Македонија. Во продолжение слушнете го нивното најново, своевидно автобиографско музичко оставрување, симболично насловено „Неразделни“: https://www.youtube.com/watch?v=GruxBLr1Zng]]>

Дали е лошо да бидете неразделни со партнерот? https://arhiva.vistina.com.mk/dali-e-losho-da-bidete-nerazdelni-so-partnerot/ Tue, 20 Nov 2018 13:35:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=58553

Секој има сретнато пар што прави сè заедно. Да имате некој со кого можете да го поминувате целото ваше слободно време е една од предностите да бидете во врска, но дали неразделивоста е всушност лош знак? Ако сте во долга врска и сè уште сте возбудени кога минувате време со вашиот партнер, тогаш тоа не претставува никаков проблем. Но понекогаш дури и најсилните врски можат да страдаат ако вие и партнерот сте 24 часа заедно. Без разлика колку сакате некого, имањето ваш живот одделен од оној на партнерот сепак е важно. Експертот за врски Сузан Винтер го споделила нејзиното мислење за тоа дали неразделивоста кај партнерите е знак дека врската се движи во погрешна насока. Според неа, најважно е да се сфати дека динамиката на секоја врска е различна. Ова значи дека она што функционира за некои парови, нема да функционира за дури.
„Секој пар има нивен стил на рамнотежа кога станува збор за поминувањето време заедно. Неразделивоста не секогаш е лоша работа, сè додека ниту еден од партнерите не се откажува од личните цели во процесот.“
На почетокот на врската сосема природно изгледа да поминувате што е можно повеќе време со партнерот. Во текот на оваа фаза сè ви изгледа позабавно кога вашиот партнер е со вас. Сепак, Сузан предупредува дека не треба да станете опседнати.
„Ова може да се случи кога едниот партнер го тера другиот да ги премине своите лични граници и да минува повеќе време со него отколку што му е удобно. Во новите врски ова се случува често. Возбудата од новата љубов ги тера и двајцата партнери да ја жртвуваат нивната рутина со цел да бидат заедно.“
Како што веќе сигурно знаете, почетната занесеност не трае вечно и обично се појавува период кога на еден или на двајцата партнери им е потребен простор. Одеднаш можеби ќе сфатите дека одамна не сте излегле со вашите пријатели или дека одамна не сте обрнале внимание на некое ваше хоби. Ако се случува ова, Сузан нагласува дека нема ништо лошо во тоа да побарате време за себе.
„Одвојувањето време за себе е навистина здрав избор што може да ја одржи свежината на врската. Сепак, овој избор понекогаш може да изгледа како оддалечување за другиот партнер.“
Ако се ставите на местото на партнерот, веројатно и вие ќе се запрашате дали желбата за простор значи дека партнерот не е возбуден за врската колку и вие.
„Желбата да имате време за себе може да се гледа како закана за врската и да предизвика несигурност и конфликт.“
Ако не сте сигурни дали минувате премногу време заедно, Сузан советува да станете свесни за промената на динамиката на врската што може да сигнализира дека и на двајцата ви е потребен простор. Според Сузан, најчестите знаци се раздразливост и постојани расправии за неважни работи кои настануваат поради напнатоста бидејќи постојано сте заедно. Ако вие или вашиот партнер почувствувате дека сакате малку простор, немојте да се грижите. Ова не значи дека се случува нешто лошо. Наместо да го сфатите лично, ова е одлична можност да видите како изгледа да одвоите време за себе. Всушност, да си дадете можност да си недостасувате може да биде навистина забавно. На овој начин повеќе ќе ги цените моментите што ќе ги поминувате заедно. На крај, нема ништо лошо во тоа да бидете неразделни со партнерот, сè додека и двајцата се чувствувате удобно со тоа. Ако едниот од вас се чувствува загушено, најдоброто што можете да го направите е да разговарате за тоа и да си го дадете потребниот простор.]]>