непријатен мирис – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 12 Nov 2019 14:03:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png непријатен мирис – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Решете го проблемот со непријатниот мирис во бањата со само две состојки https://arhiva.vistina.com.mk/reshete-go-problemot-so-neprijatniot-miris-vo-banjata-so-samo-dve-sostojki/ Tue, 12 Nov 2019 12:57:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=118069

Многу луѓе се мачат со непријатниот мирис на тоалетот, а тоа може да се реши со освежувач на просторијата што се прави со само две состојки што секој ги има во својот дом. Најпрво, обрнете внимание на местото од каде што се шири непријатниот мирис и обидете се да го решите проблемот. Ако сè уште чувствувате непријатен мирис, обидете се со овој едноставен трик. Процесот е многу лесен и потребно ви е само сода бикарбона и омекнувач за алишта. Во тегла ставете сода бикарбона и омекнувач за алишта. Теглата треба да ја наполните со сода бикарбона до половина, а потоа да ставите неколку лажици омекнувач. Содата ќе го апсорбира омекнувачот и низ просторијата ќе се шири пријатен мирис. Ставете ја теглата на највисоката полица во бањата и уживајте во новиот, природен освежувач на воздухот. извор:кафепзауза.мк]]>

5 природни начини да ја отстраните непријатната миризба од обувките https://arhiva.vistina.com.mk/5-prirodni-nachini-da-ja-otstranite-neprijatnata-mirizba-od-obuvkite/ Fri, 18 Oct 2019 13:00:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=113381

Постојат неколку прилично едноставни методи за отстранување на непријатниот мирис од обувките. Дознајте како во продолжение… 1. Сода бикарбона Сода бикарбоната апсорбира и влага и миризба. Токму затоа и навечер ставајте по една лажица сода бикарбона во секоја од обувките и оставете да делува преку ноќ. Наутро истресете ја сода бикарбоната и нема да има ни траг од непријатниот мирис. 2. Пудра за бебиња Пудрата за бебиња е исто толку корисна како и сода бикарбоната. Таа има две примени – може да се стави малку пудра во секоја обувка и да се остави преку ноќ или пак, да се нанесе директно на стапалата и да се впие потењето. 3. Лаванда и жалфија Ставете ги обувките на балконот, а во секоја од нив ставете по едно гранче лаванда или жалфија. Овие две билки ќе ги убијат сите бактерии кои се наоѓаат во обувките и непријатната миризба веднаш ќе исчезне. 4. Кора од портокал Никогаш не фрлајте ги корите од портокалите, лимоните или мандарините. Можете да ги оставите преку ноќ во обувките и наутро нема да почувствувате миризба од обувките. 5. Етерично масло од чајно дрво Ова етерично масло можете да го набавите во аптеките и најделотворно е против отстранувањето на непријатната миризба од обувките. Маслото може да ви послужи и како дезодоранс за обувки. Сè што треба да направите е да капнувате по неколку капки од маслото на дното два пати неделно. извор:кафепауза.мк]]>

Причини поради кои женската интима има непријатен мирис https://arhiva.vistina.com.mk/prichini-poradi-koi-zenskata-intima-ima-neprijaten-miris/ Fri, 12 Jan 2018 09:24:42 +0000 http://vistina.mk/?p=9554

Непријатниот мирис на вагината се јавува кај речиси секоја жена од време на време. Тоа не секогаш значи не доволна хигиена, иако и ова е една од причините. Прочитајте ги 5 најчести причини. Бактериска вагиноза Иако звучи застрашувачки, всушност се работи за вообичаена појава. Ова е најчестата причина за непријатниот вагинален мирис. Во секоја вагина природно се присутни бактерии, а бактериската вагиноза е всушност преголемото размножување на овие бактерии. Повеќето жени барем еднаш во животот ќе се сретнат со овој проблем. Причинителот е непознат, а под поголем ризик се оние кои имаат незаштитени сексуални односи и премногу често ја мијат вагината. Останатите симптоми се чешање, болка и зголемен исцедок. Некои облици на бактериската вагиноза сами ќе се повлечат, но се препорачува посета на гинеколог за да се спречат ретките, но сериозни последици. Најчестиот третман е едноставен – антибиотици. Габични инфекции Инфекции кои се многу вообичаени, но и многу непријатни. Симптомите се слични како кај вагинозата, плус леплив, бел секрет. Габичните инфекции не бараат антибиотици, наместо нив најверојатно ќе добиете вагиналети. Иако некои од вагиналетите можете да ги купите без рецепт, при оваа појава потребно е да посетите гинеколог, за да се дознае за какви габи станува збор и кој лек најдобро делува на нив. Сексуално преносливи инфекции Некои сексуално преносливи инфекции можат да предизвикуваат непријатен мирис, а најчести се кламидијата и гонорејата. Овие болести се чести, но лесно се лечат, но доколку се игнорираат, може да доведат до сериозни компликации. Многу луѓе не знаат дека ги имаат затоа што ретко се проследени со симптоми. Најчестите симптоми се болки при мокрење и исцедок со непријатна миризба. Доколку имате некој од овие симптоми, задолжително посетете доктор, а ризикот избегнете го со користење заштита за време на секс. Воспаление на карлицата Оваа болест настанува кога бактериите (најчесто сексуално преносливи) патуваат низ вагината до матката. Ова најчесто е резултат на недијагностицирани полови болести, како што е кламидијата. Обично не се дијагностицира додека не се почувствуваат хронични болки или поради неуспехот да се забремени, бидејќи често нема симптоми. Доколку се присутни, симптомите се болки во карлицата, непријатен мирис, засилен исцедок, грозница, замор, болки при сексуалниот однос и болки при мокрењето. Често се лечи со антибиотици, иако може да остави оштетено ткиво со трајни последици како хронични болки, неплодност или вонматерична бременост. Лоша хигиена Можеби причината за лошиот мирис е лошата хигиена. Туширајте се секој ден со топла вода и благ сапун. По користење на тоалетот, добро избришете се со движење од напред кон назад и секој ден менувајте ја долната облека. Постојат многу производи кои ветуваат дека ќе ве ослободат од лошите мириси, но подобро е да ги избегнувате. Вагиналните гелови за туширање, спрејови, креми, марамчиња – сите нудат наводно исклучителна чистота, но всушност предизвикуваат уште повеќе проблеми. Вагиналните гелови за туширање отстрануваат некои од корисните бактерии, а производите со мирис предизвикуваат иритации. извор:popara.mk]]>