неплодност – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 11 Jan 2023 12:54:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png неплодност – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 НЕ ПРОПУШТАЈТЕ – Доаѓа водечкиот специјалист д-р Башту, кој има високи стапки на успех во лечењето на неплодноста https://arhiva.vistina.com.mk/ne-propushtajte-doaga-vodechkiot-spetsijalist-d-r-bashtu-koj-ima-visoki-stapki-na-uspeh-vo-lecheneto-na-neplodnosta/ Wed, 11 Jan 2023 11:59:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=283724

За сите пациенти со репродуктивни проблеми - бесплатна консултација со специјалистот проф. д-р Еркан Башту на 14. јануари 2023 година во Велес, Македонија. На 14. јануари 2023 г. Здравствениот информативен центар „Медикал Караџи“ за првпат го пречекува еден од најискусните специјалисти проф. д-р Еркан Башту. Паровите со проблематична бременост од нашата земја ќе имаат можност за прв пат бесплатно да се консултираат со еден од најводечките специјалисти од Република Турција. Проф. д-р Еркан Башту има големо меѓународно искуство и применува иновативни методи кој даваат висока стапка на успех во ин-витро постапка со неплодност. Специјалистот има златен медал за лапароскопски техники од Европската академија за гинеколошка хирургија. Тој за прв пат ќе биде гостин на покана на тимот на ЗИЦ „Медикал Караџи“ од Македонија и во рамките на иницијативата на Здравствениот информативен центар да обезбеди пристап до најиновативните и најсовремените технологии во медицината. Сите оние кои сакаат да ја искористат можноста за бесплатна консултација со проф. д-р Еркан Башту на 14. јануари 2023 година во Велес, треба однапред да закажат термин на следниве телефонски броеви на ЗИЦ „Медикал Караџи“ 071.314.005 или 043.220.904 или да го закажат својот посакуван онлајн термин на https://www.medikara.bg/ На лице место, пациентите ќе мора да ги обезбедат медицинските документи и тестовите за сликање кои се направени до денес. Ве молиме да имате во предвид дека за време на консултациите нема да се вршат физички прегледи. Бесплатните консултации се спроведуваат врз основа на вашата медицинска документација која ќе ја приложите.]]>

Народен рецепт: Две состојки кои прават чуда со неплодноста https://arhiva.vistina.com.mk/naroden-recept-dve-sostojki-koi-pravat-chuda-so-neplodnosta/ Fri, 02 Dec 2022 13:43:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278469

Oвој народен лек за неплодност навистина помага. Во последните неколку години се повеќе млади двојки имаат репродуктивни проблеми и поради нив морале да бараат ефикасен лек за неплодност. Изгледа дека природната аптека располага со одлична светлина за неплодност, која освен што е многу ефикасна, се подготвува и многу лесно. Комбинацијата од маслиново масло со смокви може да го реши успешно овој проблем. Искуството покажува дека оваа комбинација е одлична комбинација за неплодност, цревни заболувања, чир, запек, хемороиди, астма, висок холестерол, бронхитис и анемија. Малкумина се запознаени со мноштвото лековити својства кои ги поседува смоквата, ако се во комбинација со маслиновото масло, ефектот се зголемува уште повеќе. За да го приготвите овој ефикасен лек за неплодност ви се потребни: 1 литар маслиново масло и 40 парчиња смокви Подгответе чиста и удобна стаклена тегла, во која ќе ги ставите смоквите и да ги покриете со додавање на маслиновото масло. Оставете ги да седат заедно покиснати 40 дена, потоа јадете секој ден по една смоква пред секој оброк. Ако внесувањето на смоквите, кои престојувале во маслиновото масло ви е проблем, тогаш пијте по 1 лажица од маслиновото масло во кое стоеле смоквите и потоа поткаснувајќи една сува смоква. Овој народен рецепт за неплодност е целосно безбеден, но пак за сметка на тоа прави чуда. Смесата се чува на темно и ладно место до нејзиното искористување. извор:курир.мк]]>

Една од главните причини за неплодноста е всушност сексот https://arhiva.vistina.com.mk/edna-od-glavnite-prichini-za-neplodnosta-e-vsushnost-seksot/ Thu, 21 Mar 2019 13:45:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=78704

Неплодноста станува сè поизразен здравствен проблем, а на листата со причини можете да ги најдете цигарите, лошата исхрана, загадувањето, но и нешто што сигурно не очекувавте – сексот. На Европската уролошка конференција биле претставени резултати од истражување спроведено во Англија, што навистина ги изненадиле научниците. Истражувањето покажало дека генетското оштетување на спермата се случува по ејакулацијата, односно кога спермата се движи кон јајце клетката што треба да ја оплоди. Научниците анализирале примероци од сперма од неплодни мажи и откриле дека таа е во подобра состојба додека се наоѓа во тестисите. Во истражувањето учествувале 63 неплодни мажи и 76 мажи чија сперма била здрава. Спермата на неплодните мажи била пооштетена по ејакулацијата, за разлика од спермата на плодните, што и не е изненадувачки. Она што ги зачудило научниците е тоа што кај ист маж, спермата била различна кога била во тестисите и после ејакулацијата. Односно, во вториот случај, спермата имала пооштетена ДНК. Мажот бил истиот, спермата била истата, единствената разлика бил оргазмот кој се случил во меѓувреме. „Спермата во тестисите на некои неплодни мажи е со ист квалитет како и спермата по ејакулација на плодните мажи“, изјавил Џонатан Ремзи, уролог од Кралскиот колеџ во Лондон. Останува прашањето во кој момент настанува оштетувањето на спермата, односно што е она што ја уништува. Научниците веруваат дека проблемот е кислородот, односно оксидативниот стрес. извор:кафепауза.мк]]>

7-те најчести фактори што можат да предизвикаат неплодност https://arhiva.vistina.com.mk/7-te-najchesti-faktori-shto-mozat-da-predizvikaat-neplodnost/ Tue, 19 Mar 2019 13:02:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=78252

Доколку сте донеле одлука да станете родител, но обидувањето трае подолго од планираното, нормално е да се наоѓате сред емоционална бура. Вознемирувачката комбинација од гнев, фрустрација и разочарување потекнува од чувството на ранливост и неможноста да ја контролирате ситуацијата. Научени сме дека ако доволно се трудиме, можеме да постигнеме што било. Но, ова не важи и за бременоста. Иако постојат многубројни причини поради кои жената не може да остане бремена, секоја од нив има своја приказна и различна ситуација. Некои од причините можат да бидат медицински, а некои еколошки, но добрите вести се што во поголемиот дел од случаите, проблемот може да се реши. Доколку се обидувате да останете бремени повеќе од една година но безуспешно, причините можат да бидат некои од следниве.

1. Ендометриоза

Менструалните грчеви сами по себе нема да влијаат на плодноста. Меѓутоа интензивните грчеви можат да бидат знак за ендометриоза, која пак може да предизвика неплодност. Најчестиот симптом на ова нарушување кое настанува кога ткивото на матката расте и ги зафаќа околните органи, е болната менструација. Другите симптоми се хронична болка во карлицата и неудобност за време на секс. Од 10% од жените кои страдаат од ова нарушување, речиси половина имаат проблеми и со плодноста.

2. Ановулација

Ановулацијата или отсуството на овулација исто така предизвикува неплодност. Постојат неколку причини за појавата на ановулација, вклучувајќи ги синдромот на полицистични јајници, дебелина, оштетување на ендокрините жлезди и претерано вежбање. Откривањето на причината за ановулацијата е клучно за нејзино третирање.

3. Миом на матката

Миомите на матката, познати и како бенигни тумори, можат да предизвикаат неплодност. Миомите во внатрешноста на матката можат да му пречат на процесот на зачнување. Овој проблем може да се реши со хируршка процедура позната како хистероскопија.

4. Оштетување на јајцеводите

И јајцеводите можат да бидат одговорни за вашата неплодност. Нивното оштетување, делумно или целосно блокирање, како и лузните на нив можат да бидат предизвикани од разни нешта. Некои од нив се сексуално преносливите болести, особено кламидијата.

5. Вашиот партнер

Не треба да го занемарите и вашиот партнер. Мажите се виновни за неплодноста во 30% до 40% од случаите. Пред да подлегнете на каков било третман за плодност, потребно е да се прегледа и вашиот партнер.

6. Чад од цигари

Покрај медицинските состојби, постојат многубројни фактори од опкружувањето што ја намалуваат плодноста. Чадот од цигарите е ваш главен непријател кога сакате да останете бремени бидејќи не само што ја намалува плодноста, туку може да предизвика и компликации во текот на бременоста.

7. Стрес

Уште еден многу важен фактор од опкружувањето е стресот. Иако неговото мало количество ви овозможува да функционирате сосема нормално, хроничниот стрес може да предизвика хормонални промени кои влијаат на речиси целиот организам. Во некои случаи стресот може да предизвика прекинување на овулацијата, со што се менува менструалниот циклус, или целосно престанува. извор:кафепауза.мк]]>

7 тврдања за забременувањето што треба да ги игнорирате https://arhiva.vistina.com.mk/7-tvrdanje-za-zabremenuvanjeto-shto-treba-da-gi-ignorirate/ Thu, 09 Aug 2018 14:00:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=42080

Кога се обидувате да зачнете, секој има совет за вас. „Многу си напната, треба малку да се опуштиш и веднаш ќе забремениш“, „Биди трпелива, што е твое ќе си дојде“, „Млада си за да зборуваш за неплодност“... Ако сте дел од паровите кои со месеци или години водат битка за да добијат свое дете, сигурно повеќепати сте ги слушнале овие тврдења. Темите „плодност“ и „неплодност“ се обвиени со многубројни митови кои често водат до заблуди кај паровите кои се трудат да си го исполнат сонот за свое потомство. Еве ги најчестите од нив, кои дефинитивно треба да ги игнорирате ако ги слушнете: Жена

„НЕПЛОДНОСТА Е САМО ЖЕНСКИ ПРОБЛЕМ.“

Многу парови кога ќе се соочат со проблеми при зачнувањето на бебе, веднаш започнуваат да слушаат дека дефинитивно причината е жената. Но, тоа може потполно да биде погрешно, бидејќи фактите говорат дека околу 40% од случаите на стерилитет се последица на проблем кај жената, но исто толку случаи се поврзани со проблем кај машката страна. Кај околу 20% од случаите, причината за неплодноста се и двајцата партнери. Доколку имате проблеми при обидите за зачнување, потребно е и вие и вашиот партнер да направите испитувања, без да дозволувате да ве посочуваат за „кривец“.

„ВЕЌЕ РОДИ ЕДНО ДЕТЕ. ЗНАЧИ НЕ СИ НЕПЛОДНА.“

Немојте да мислите дека ако сте родиле едно или неколку деца сте имуни на неплодност. Таа може да нападне во секое време, на секоја возраст, независно од бројот на деца кои сте ги родиле. Секундарната неплодност или неможност за забременување откако сте родиле едно или повеќе деца е сè почеста појава.

„МЛАДА СИ. СИГУРНО ВЕДНАШ ЌЕ ЗАБРЕМЕНИШ, НЕПЛОДНОСТА СЕ ЈАВУВА КАЈ ПОСТАРИТЕ ПАРОВИ.“

Годините се можеби најважниот фактор кој влијае врз плодноста, но таа зависи и од други здравствени состојби кои можат да се појават на секоја возраст. Синдромот на полицистични јајници и ендометриозата не прашуваат дали жената има 18, 20 или 30 години пред да ја нарушат работата на репродуктивните органи. Никој не може да гарантира дека забременувањето во 20-тите години од животот ќе оди како подмачкано. Неплодноста може да се случи на секоја возраст.

„ОСТАВИ ГИ ДОКТОРИТЕ. ОПУШТИ СЕ. ЌЕ ВИДИШ ДЕКА ВЕДНАШ ЌЕ ЗАБРЕМЕНИШ.“

На жените кои долго време се обидуваат да забременат добро им е познат советот „Опушти се. Најважно е да размислуваш позитивно“ или „Напната си затоа не можеш да забремениш“. За жал, колку и да е добронамерен или утешувачки овој совет, тој не „држи вода“. Неплодноста не е ментален проблем, туку проблем со репродуктивните органи за кој е потребна медицинска помош, а не одмор во Грција или релаксација на планина. Иако стресот може да влијае на нормалната овулација на жената или да го намали бројот на сперматозоиди кај мажите, тој не може да доведе до неплодност.

„НЕМА НИШТО КОМПЛИЦИРАНО ВО ЗАБРЕМЕНУВАЊЕТО. ЛЕСНО Е!“

Да, точно е дека најголем дел од жените зачнуваат без никакви проблеми, но бидете уверени дека не се ретки оние кои се соочуваат со неплодност. На светско ниво се смета дека инциденцата на инфертилитет е од 10 до 16%, а во Р. Македонија се смета дека секој ШЕСТИ пар има проблеми со неплодноста.

„ТРПЕНИЕ-СПАСЕНИЕ!“

Убаво е кога луѓето ве тешат дека нема место за паника и по повеќе од една година помината во неуспешни обиди за забременување и дека сè што треба да направите е да бидете трпеливи, па дека „Што е ваше, ќе си дојде“. Но, секогаш треба да земете предвид дека можеби причината за тоа е во вашиот репродуктивен систем, а не во вашето трпение. Доколку неуспешно се обидувате да забремените повеќе од една година, можеби е време да се консултирате со специјалист. Инфертилитетот е проблем кој најчесто бара соодветна медицинска помош, а не време. Жена и докторка

„ШТОМ ЗАЛУДНО СЕ ОБИДУВАТЕ СО МЕСЕЦИ, МОРА ДА ИМА НЕКАКОВ ПРОБЛЕМ СО ПЛОДНОСТА.“

Вистинскиот одговор е „Не мора да значи“. Неколкумесечните неуспешни обиди за зачнување не се сигнал дека треба да го вклучите алармот за паника. Всушност и најздравите парови имаат само 20% шанса да зачнат во текот на првиот месец. Процентот се зголемува на 70 во периодот од 6 месеци, па до 85% во текот на една година.]]>