неонски бранови – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 16 May 2023 12:08:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png неонски бранови – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Фестивал на јапонска култура во „Мала станица“: „Нихон-џи 2.0 – Неонски бранови“ https://arhiva.vistina.com.mk/festival-na-japonska-kultura-vo-mala-stanitsa-nihon-dhi-2-0-neonski-branovi/ Tue, 16 May 2023 08:07:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302298

Фестивалот за јапонска култура, наречен „Нихон-џи“ ќе се одржи на 27 мај во Национална галерија Мала станица. За „Нихон-џи 2.0 – Неонски бранови“, неформалната организација на јапан@мк  подготви уште побогата програма, овојпат, фокусирајќи се на мноштвото контрадикции кои ги содржи јапонската култура, а кои сепак симбиотично и беспрекорно функционираат заедно креирајќи одличен рецепт за успех. Публиката ќе има можност да проследи презентации и работилници поврзани со традиционална и поп-култура и панели на сериозни општествени и филозофски теми, и технологија. Присутните ќе уживаат во забавни дебати предводени од членови на дебатниот клуб МОФ и квизови организирани од волонтерите на фестивалот за аниме љубителите. Особено атрактивен е и гејминг делот во чии рамки ќе се одржат два турнира, катче за друштвени игри и бројни други изненадувања. Програмата на Нихон-џи 2.0 ќе биде дополнително збогатена со читање на хаику поезија на македонски хаику поети и музички настапи во живо на Елена Христова, музичкиот состав Maribosi и DJ сет на Andrea Hz. Публиката ќе ужива во презентација на модни креации на познати современи македонски дизајнери и студенти на Факултутетот за мода и дизајн инспирирани од јапонска мода и традиционална облека. Две простории во Мала Станица ќе бидат облагородени и со две уметнички изложби, од кои во едната ќе бидат претставени дела од реномирани македонски уметници, а другата ќе прикаже дела на младите креативци кои се пријавија на отворениот повик. Посетителите ќе имаат прилика да си понесат и нешто со себе од продажниот дел на фестивалот каде ќе бидат изложени изработки, книги, манга, облека инспирирани од јапонска култура. Уште едно специфично искуство на фестивалот е приликата да се дегустираат различна јапонска храна и пијалоци. Сите заинтересирани може да погледнат фотографии, видеа или други информации за сите настани на Јапан@мк на било кој од социјалните медиуми (Instagram, Facebook, Youtube) како и на страната japan.net.mk. Фестивалот Нихон-Џи е формално поддржан од  Амбасадата на Јапонија во Република Македонија.]]>