ненад георгиевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 22 Jul 2020 11:57:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ненад георгиевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Press & Play“- книга во која се собрани 15-години работа на Ненад Георгиевски во реномираниот светски медиум „All About Jazz“ https://arhiva.vistina.com.mk/press-play-kniga-vo-koja-se-sobrani-15-godini-rabota-na-nenad-georgievski-vo-renomiraniot-svetski-medium-all-about-jazz/ Wed, 22 Jul 2020 11:57:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=160022

Како запис за еден квалитетен период во креативниот процес на голем број македонски музичари, авторот Ненад Георгиевски ја издаде книгата „Прес енд плеј“ („Press & Play“) која вчера беше онлајн промовирана на фејсбук-страницата на „Литература.мк“. Станува збор за дело на англиски јазик составено од рецензии на албуми, концерти и фестивалски настапи на домашни изведувачи кои овој музички новинар ги има објавено во реномираниот светски медиум „Ол абаут џез“ („All About Jazz“). Книгата е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“ и може да се најде во сите книжарници „Литература.мк“ или да се купи онлајн на www.literatura.mk. Модератор на промоцијата беше музичката новинарка Бранка Костиќ-Марковиќ, а покрај Георгиевски се вклучија и уредникот на делото Милан Дамјаноски и Оливер Јосифовски од групата „Љубојна“. Во „Прес енд плеј“ („Press & Play“), меѓу другото, се вклучени и рецензии за Влатко Стефановски, „Леб и сол“, Кирил Џајковски, „Фолтин“, Џијан Емин, Ади Имери, Гоце Стефковски, Џон Аплелгрин, Зоран Маџиров, „Анастасија“, „Чалгија саунд систем“, „Проект Жлуст“, „Скопскиот џез фестивал“, „Офф-фест“ итн.
Кога зборуваме за „Ол абаут џез“ („All About Jazz“) мора да кажеме дека овие текстови минале низ филтерот на еден етаблиран светски медиум. Ние секогаш се гордееме со музичарите кои завршиле на „Беркли“ или на други познати академии, а „Ол абаут џез“ („All About Jazz“) е еден вид новинарска академија бидејќи сте на испит секојпат кога ќе поднесете еден текст. Со тоа се покажува и самата вредност на македонската музика која минала низ тестот на квалитет на тој медиум. Сепак, во „Ол абаут џез“ („All About Jazz“) се бележи светското џез творештво и наследство. Со самиот факт дека овие рецензии биле вклучени таму и дава еден кредибилитет на оваа книга, истакна рецензентот Дамјаноски.
Георгиевски пишува во овој реномиран медиум од 2004 година и досега има објавено огромен број рецензии и интервјуа. Во рамки на вчерашната промоција, тој се потсети и на времето кога ги почнал овие соработки.
Овој медиум има ограничување од околу 510 зборови за рецензиите. Првично имав проблем да ги доловам историските, политичките, културолошките корени кои нас и нашата музика ја прават поразлична. Воедно, на тој начин да ѝ доловам на една читателска публика која не е од нашето подрачје како се создала оваа музика. Но, полека, низ таа комуникација со уредниците на „Ол абаут џез“ („All About Jazz“) и јас растев и се развивав како автор – појаснува Георгиевски и додава дека книгата „Прес енд плеј“ („Press & Play“) е резултат на неговата 15-годишна работа во овој медиум.
Музичарот Оливер Јосифовски, пак, истакна дека читајќи ја книгата се сретнал и со многу интересни видувања на Георгиевски кои му отвориле и интересни перспективи.
Кога создаваме музика може да кажам дека е акција, а оваа книга е реакција. Ако не е забележано ова време, нема да знаеме кога ќе дојде подоброто време. Сега имаме документ и сведоштво. Освен цедеата, пишаниот збор е многу важен. Му честитам на Ненад за брзото реагирање. Ако немаме сведоштво од ова време нема да знаеме дали било добро,  посочува Јосифовски.
„Прес енд плеј“ („Press & Play“) е трета книга на Георгиевски и во 200 страници може да се прочитаат голем број рецензии наменети за македонски музичари.]]>

Промоција на „Уште Музика И Муабети“ Од Ненад Георгиевски https://arhiva.vistina.com.mk/promocija-na-ushte-muzika-i-muabeti-od-nenad-georgievski/ Tue, 11 Dec 2018 10:04:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=62461

Книгата „Уште музика и муабети“ на новинарот Ненад Георгиевски во издание на „Полица“ ќе биде промовирана вечерва (понеделник, 10 декември) во клуб ресторанот МКЦ, во Скопје. Книгата е втора во серијата изданија и е уште една колекција на интервјуа со домашни и со странски музичари, фотографи, режисери и графички дизајнери што се работени во период од 17 години, од 2001, сè до 2018 година, а се објавувани за повеќе медиуми од Македонија, Србија, САД и од Хрватска. Станува збор за разговори со врвни и познати претставници во своите музички жанрови, односно за уметници што настапувале во Македонија или во регионот: Мариза, Конча Буика, Пет Метини, Џон Скофилд, Бил Фрисел, Ал ди Меола, Енди Самерс („The Police“), Џошуа Редман, Чарлс Лојд, Руичи Сакамото, Зоран Маџиров, Џоле Максимовски („Кабадајас“), Доријан Јовановиќ и многу други.
Во однос на претходната книга, „Музика и муабети“, која се состоеше исклучиво од интервјуа со музичари, во „Уште музика и муабети“, покрај интервјуата со познати музичари, листата на соговорници се шири и тука ќе се најдат и интервјуа на познати фотографи, режисери на документарни филмови и графички дизајнери. Сите нив ги спојува љубовта кон музиката и работата на полето на музиката. Сите овие фотографи се интервјуирани поради соработката со реномирани ѕвезди и поради тоа што, како резултат на таквата соработка, објавиле книги. На пример, фотографите Стивен Шапиро и Брајан Рашиќ на тема за Дејвид Боуви, фотографот Даниел Крејмер за Боб Дилан, Хари Бенсон за „Битлси“. Тука се и интервјуата со дизајнерите Крис Биг (за Дејвид Силвијан) и Стив Аверил (за „U2“). Воведот е напишан од композиторот Џијан Емин, кој е и еден од соговорниците во книгата. Уредник на книгата е Тони Димков. На промоцијата ќе настапи бендот на Гоце Стевковски.]]>