немање желба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 04 Jul 2018 12:21:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png немање желба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кога ќе снема желба за секс https://arhiva.vistina.com.mk/koga-kje-snema-zelba-za-seks/ Wed, 04 Jul 2018 14:21:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=36064

Причините за намаленото либидо кај жените се различни, од прекумерен стрес, депресија, примање на контрацептивни таблети, менопауза, па сè до недоволна комуникација и проблеми во врската. Намалената желба за секс многу повеќе ги измачува и фрустрира жените, затоа што ним им е потешко да доживеат сексуална возбуда. Сепак, постојат неколку работи кои можете да ги направите за да го зголемите своето либидо по природен пат. Сексуалниот живот е многу важен за одржувањето на врската или бракот. Интимната блискост на партнерите треба секогаш да биде присутна, без разлика на околностите. За жал, животот не е приказна и многу често се појавува нешто што може да ја наруши интимноста.

Стрес

Една од најчестите причини за намалување на желбата за секс е стресот. Финансиските или семејните проблеми, проблемите на работното место или секојдневниот напнат начин на живот влијаат негативно врз либидото. Стресот ви го одзема вниманието и вие тешко можете да уживате во сексот кога мислите ви летаат на друго место. Што да правите: Најдете начин преку кој што ќе го победите стресот. Стресот е штетен не само за вашиот сексуален живот, туку и за вашето здравје. Обидете се да практикувате јога и да медитирате – тоа е одличен начин да го намалите стресот. Практикувајте масажа или вечера на свеќи пред да се префрлите во спалната.

Контрацептивни таблети

Контрацептивните таблети од една страна можат да го подобрат сексуалниот живот и да делуваат како афродизијак, затоа што се појавува дополнителна возбуда од практикувањето на незаштитен секс и од сигурноста дека нема да останете бремена. Но, од друга страна, кај многу жени тие делуваат како убиец на либидото. Првиот проблем е што овие таблети ја сопираат овулацијата, периодот кога жената има најголема желба на секс. Другиот проблем е што предизвикуваат создавање на т.н. секс хормон врзувачки глобулин (SHBG), кој се врзува со секс хормоните, особено со тестостеронот, всмукувајќи ги. Тестостеронот игра важна улога за снабдувањето на вагината со крв и за нејзината чувствителност. Што да правите: Доколку забележите дека откако сте започнале со употреба на контрацептивни таблети вашата желба за секс се намалува, консултирајте се со својот гинеколог. Тој може да ви предложи друг тип на контрацептивни таблети.

Депресија

Депресијата се карактеризира со многу различни симптоми како тага, празнина, замор, пречки во спиењето, проблеми со исхраната и сл. Еден од симптомите на депресијата е и намалената желба за секс. Најверојатно, причината за намаленото либидо лежи во самите последици од депресијата – намалена самодоверба, недостаток на енергија, лошо расположение. Што да правите: Ако забележите дека имате симптоми на депресија, најдобро е да побарате стручна помош. Лошата вест е тоа што многу лекови за депресија ја намалуваат желбата за секс. Во полесните случаи можете да си помогнете сами доколку внесете промени во начинот на живот. Физичката активност може да ви биде најдобар сојузник во борбата против депресијата.

Недостаток на самодоверба

Многу е тешко да се чувствувате секси и да имате желба за интимност доколку страдате од ниска самодоверба или си имате изградено лоша слика за вашето тело. Во таков случај колку и да ве убедува партнерот дека сте убави, вие нема да можете целосно да се опуштите и да бидете заинтересирани за секс. Ако постојано се грижите за целулитот или вишокот на килограми, тоа е огромна пречка за вашиот сексуален живот. Што да правите: Многу е важно да научите да се чувствувате убаво во своето тело. Секое тело е уникатно на свој начин. Поминувајте повеќе време пред огледалото и фокусирајте ги своите мисли на вашите убави карактеристики. Колку повеќе се прифаќате самите, толку ќе биде поголема вашата самодоверба и ќе имате желба да се покажете пред својот партнер. Доколку не сте задоволни со формата на вашето тело, фрлете се на вежбање. Вежбањето може да ви помогне на различни начини да го зголемите вашето либидо.

Проблеми во врската

За многу жени емоционалната блискост е неопходна за да се случи сексуалната интимност. Несогласувањата и тензијата во врската се уште една пречка кон постигнувањето на добар сексуален живот. Недостатокот на комуникација, нерешените конфликти и кавги, неверството или недостатокот на доверба можат да придонесат за намалено либидо. Што да правите: Комуникацијата е основното решение. Таа може да ви помогне да ги решите проблемите на многу различни начини. Само преку разговор можете да ги надминете несогласувањата и конфликтите. Сексуалните желби и потреби не треба да бидат игнорирани и треба да знаете како да ги споделите со својот партнер. Тоа е првиот чекор кон надминувањето на кризата.

Сексуални проблеми

Ако страдате од болен секусален однос или од неможност на достигнување оргазам(аноргазмија), тогаш многу е веројатно дека нема да имате голема желба да стапите во сексуални односи. Што да правите: Фактот дека не можете да достигнете оргазам може да предизвикува стрес кај вас и кај вашиот партнер. Ако постојано се концентрирате само на тоа, проблемот може да се влоши. Обидете се подобро да го запознаете своето тело и да употребувате различни начини на сексуална стимулација. Доколку страдате од болен сексуален однос, обидете се да дознаете што ја предизвикува болката. Можете да примените нови секс пози, да користите лубрикант и да имате подобра комуникација со партнерот за време на односот.

Недостаток на добар сон

Динамичниот начин на живот носи повеќе обврски, а со тоа и помалку време за одмор. Стресот од таквото секојдневие може да придонесе за појава на несоница или други проблеми со спиењето. Недостатокот на добар сон влијае негативно врз желбата за секс, затоа што предизвикува замор. Отсуството на енергија во никој случај не може да ве стави во расположение за секс. Што да правите: Колку и да сте зафатени, доволниот сон е основното нешто што треба да си го обезбедите. Осумчасовниот одмор ќе ви помогне подобро да се концентрирате на задачите, побрзо да ги завршите и да имате повеќе време за релаксација.

Алкохол и дрога

Една чаша вино може да ве стави во расположение за водење љубов, но консумирањето на многу алкохол може да ја убие вашата желба за секс. Истото важи и за дрогата. Што да правите: Не треба да повторуваме колку е штетна дрогата или консумирањето на големи количества алкохол. Консумирајте алкохол умерено. Сè што е повеќе од две чаши може да ви се одрази негативно.

Бременост и доење

Многу жени не можат да смислат да бидат интимни со својот партнер додека се бремени. Тука голема улога игра и стравот да не го повредат своето малечко. Во текот на првото тримесечје од бременоста, гадењето и другите симптоми скоро и да не оставаат место за желба за интимност. Откако пак бебето ќе дојде на свет, за време на доењето се намалува нивото на естроген, па со тоа се намалува и влажноста на вагината. Некои жени доживуваат и постнатална депресија, која дополнително ја намалува желбата за секс. Што да правите: Консултирајте се со вашиот доктор за овој проблем. Доколку доењето е причината за намаленото либидо, добро е да знаете дека тоа е само привремена состојба. Дајте си време да се прилагодите на големите промени што се случуваат во вашето тело. Можно е голем придонес кон вашата состојба да има и заморот, затоа што тој е карактеристичен и за бременоста, а и за периодот после неа. Недостатокот на сон исто така може да биде причина за намалената желба за секс.

Менопауза

Во текот на менопаузата во женското тело се случуваат многу промени. Основно, се намалува работата на јајниците и нивото на естроген. Тоа води до намалена влажност на вагината. Од друга страна пак, намалувањето на нивото на тестостерон ја намалува чувствителноста на клиторисот и ја намалува можноста за достигнување на оргазам. Освен тие промени, менопаузата носи и намалена самодоверба. Околу половина од жените страдаат од намалена желба за секс за време на менопаузата. Што да правите: Обидете се да откриете дали не постои некоја здравствена причина за намаленото либидо како висок крвен притисок или холестерол. Најдобро е да практикувате редовна физичка активност. Таа ќе ви помогне да го одржувате своето тело, ќе ви даде повеќе самодоверба и ќе ви ја подобри циркулацијата.]]>