немам зборови – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 24 Jun 2021 10:55:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png немам зборови – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Наташа Малинкова има нова песна, па откако ќе ја слушнете, на вас останува дали ќе кажете – „Немам зборови“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-malinkova-ima-nova-pesna-pa-otkako-kje-ja-slushnete-na-vas-ostanuva-dali-kje-kazete-nemam-zborovi-foto/ Thu, 24 Jun 2021 10:55:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=208265

Сведоци сме дека корона-пандемијата полека се смирува што беше доволна причина за повеќето протагонисти на македонската музичка естрада да ги засукаат ракавите и да почнат со создавање нова музика за својата публика. Една од нив е познатата пејачка Наташа Малинкова, една од најбараните кога станува збор за „тезгите“, односно живите настапи. Таа пред само еден ден ја објави својата најнова песна „Немам зборови“, за која сними и прекрасен видеоспот. Се разбира, Малинкова и овојпат му остана верна на својот соработник Столе Аврамов, кој стои потпишан и зад оваа нејзина најнова песна. „Со Столе се познаваме долги години и досега се потпишува на скоро сит мои песни. Ми верува, јас му верувам и воопшто немаме проблем да соработуваме. Ова е една модерна песна со певлив рефрен и заедно со Столе се согласивме дека сега е идеално време за нејзина промоција“ - ни изјави Малинкова. Инаку Наташа и режисерската палка му ја довери на познатиот Даниел Јовески и „Дигитал Бокс Продукција“, кои се погрижиле да направат одлично видео. Покрај Малинкова во спотот се појавуваат и девојките од „Брејк а Лег“, како и Мина Здравкоска и Стефан Николиќ. „Задоволна сум од тоа како излезе и песната и видеото. Коментарите барем засега се позитивни и верувам дека ќе си го најде патот до публиката. Сакам посебно да се заблагодарам на луѓето и целиот тим што мене и го реализиравме проектов во овие тешки времиња“ - вели Наташа. Но, да не должиме многу, погледнете, слушнете, „лајкнете“, споделете и уживајте: ]]>