некои нови клинци – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 02 Nov 2019 09:54:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png некои нови клинци – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сара Гигова е новот музичко „чудо од дете“: Малечката братучетка ќе и го „украде шоуто“ и славата на Антониа Гиговска? (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sara-gigova-e-novot-muzichko-chudo-od-dete-malechkata-bratuchetka-kje-i-go-ukrade-shouto-i-slavata-na-antonia-gigovska-foto-video/ Sat, 02 Nov 2019 09:54:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=116062

Оние кои ги следат регионалните музички талент шоуа можеа да ја забележат уште пред неколку години, кога на 11 -годишна возраст се појави во „Некои нови клинци“ и воодушеви. И таму и секаде, каде што подоцна настапуваше на сцената со своите изведби на хитовите на познатите светски и балкански ѕвезди. По првото искуство, ја видовме и на  „Пинковите ѕвездички“ каде што собраното искуство веќе почна да го покажува, но и да ги впива советите на ѕвездите од жирито, да го вежба гласот и да ги тренира сценските настапи изведби, начинот на интерпретација, однесувањето пред публика, односот кон камерите... Едноставно стакнуваше самодоверба, додека ја поминуваше естрадната школа, полека учејќи ги сите професионални трикови! Учеството во македонскиот мјузикл посветен на Тоше, „Тајно моја“ беше заокружување на првата фаза од тукушто почнатата кариера на младата пејачка! Следуваа учеството во домашното музичко талент натпреварување „Ѕвезда број 1“ каде ќе заврши како четвртопласирана, па првата сопствена песна „Љубовна бура“ и нејзината изведба на „Макфест 2018“. Затоа за Сара Гигова може слободно да се каже дека е новото македонско, музичко „чудо од дете“!   „Новата клинка“ полека прераснува во тинејџерска убавица, која не само што одушевува со својот се поизразен глас, туку и со својот се посовршен стас! А мајката природа дала предиспозиции и за обете!  Храбра, упорна и истрајна, за оваа 14 годишна девојка допрва ќе се слушне, зашто веруваме дека ќе има што од неа да се чуе. Иако нејзиното мото е:  „Мојата цел не е да бидам подобра од било кој друг, туку да бидам подобра од порано!“, нема воопшто да изненади ако се случи Сара Гигова да и го „украде шоуто“ и славата на попознатата роднина Антониа Гиговска? Впрочем, признанието веќе почна да пристигнува и од самото семејство Гиговски. Во меѓувреме слушнете каква интерпретација денес има и како сега пее Сара Гигова: https://www.youtube.com/watch?v=FBNwQfzsV3s      ]]>

Ќерката на Лазар од група „Бумбари“ растури: Елена Наумова го стана жирито на нозе! https://arhiva.vistina.com.mk/kjerkata-na-lazar-od-grupa-bumbari-rasturi-elena-naumova-go-stana-zirito-na-noze/ Tue, 05 Dec 2017 11:52:30 +0000 http://vistina.mk/?p=5756

Во недостаток на наши манифестации од таков тип,  регионалните музички талент шоуа се згодна прилика за помалку  или повеќе познатите македонски музичари или некои нови, сосема анонимни „клинци“ да покажат што знаат и умеат и уште еднаш да докажат дека Македонија има таленти! Или поточно, е неисцрпен извор, особено, на оние, музичките!
Токму едно од ваквите шоуа со натпреварувачки карактер е „Некои нови клинци“, кое на младите тинејџери им дава можност за прв пат висtински да  ги почувствуваат светлата на големата сцена и вкусот на успехот. Но, ако мислите дека на таа иста сцена лесно се доаѓа, сте се излажале зашто конкуренцијата е огромна, а бројот на кандидати се мери во илјадници. затоа само најдобрите и најталентираните ја добиваат првата, но не и последна шаса... Можноста да се покажат, докажат и ако даде Бог, победат и прослават!
Меѓу нив, секогаш има и  голем број Македонци, а токму една прекрасна млада дама беше ѕвезда на вечерта на последното викенд издание на „Некои нови клинци“.
Имено, 13 годишната штипјанка Елена Наумова годинава повторно се обиде да си ја проба среќата... и тоа го направи на маестрален начин!
Ќерка на Лазар Наумов, професор по музика во ДМУЦ Сергеј Михајлов во Штип, инаку клавијатурист на познатата фолк група „Бумбари“, малата „распеана пчеличка“, одржа вистинска лекција по пеење во првиот круg на споменатото регионално музичко талент шоу!
Елена ја изведе песната „Влак“ на култната белградска група Зана, а уште по првите испеани стихови,  почнаа да се притискаат тастерите... На средината од нејзиниот настап членовите на жирито веќе беа на нозе, играјќи и пеејќи со нашата Елена!
Резултатот на крајот - сите шест запалени светилки на тастерите, грст пофални зборови и пласман во следниот круг!
Браво за Елена, божјата дарба наследена од родителите и професорот кој одлично го подготвил своето чедо, кој заедно со својата понежна половина будно стрепеа зад сцената следејќи го настапот на нивната Елена! А таа, им го обели образот, „за сите пари“... И ним и нам! ]]>