некогаш ќе помине – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 25 Dec 2020 12:12:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png некогаш ќе помине – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Лара Иванова добро знае, дека што и да е – „Некогаш ќе помине“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lara-ivanova-dobro-znae-deka-shto-i-da-e-nekogash-kje-pomine-video/ Fri, 25 Dec 2020 12:12:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=182779

Оваа девојка има само 16 години, а зад себе веќе има неколку одлични песни со видеоспотови, како и настапи на неколку музички фестивали во земјата. Музичките критичари и предвидуваат блескава кариера ако продолжи со истото темпо, бидејќи нејзиниот талент за пеење е нешто што ќе ве освои на прва. Младата Лара Иванова по одличната „Полудена по тебе“, овојпат со уште една нова модерна песна. Нејзиниот наслов е „Некогаш ќе помине“. Музиката и аранжманот се дело на композиторот Иле Спасев, додека пак текстот е на Робин Зимбaков. „Мислам дека ова е мојата најдобра песна досега. Не дека е моја, но мислам дека не сум слушнала нешто подобро во последно време и поради тоа сакам да им се заблагодарам на Иле и на Робин. Моите најблиски пријатели ја слушнаа уште пред неколку дена и нивната реакција многу ме израдува. Верувам дека така ќе реагира и публиката кога ќе ја слушне песната“ – вели Лара. Инаку и за оваа песна Лара сними видеоспот, за кој задолжен беше Горан Симјаноски. Видеото се снимаше на неколку локации во Скопје, а во него младата Лара се појавува во креации на дизајнерката Ива Спасовска, Зои Блаж беше задолжена за шминката, а за фризурата се погрижи Social Hair Salon на Елена Николовска. „Задоволна сум од целата екипа. Прекрасни луѓе со кои дефинитивно ќе продолжам да работам и во иднина“ – ни изјави Лара, која премиерно го споделува со вас своето најново музичко остварување, „Некогаш ќе помине“: https://www.youtube.com/watch?v=QB0lsT1BdAU]]>