нејст тајм – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 13 Jun 2022 13:01:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png нејст тајм – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Некст Тајм ја промовираа новата преработка – „Глас ми се слуша“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/nekst-tajm-ja-promoviraa-novata-prerabotka-glas-mi-se-slusha-audio/ Mon, 13 Jun 2022 13:01:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=254084

„Next Time“ на 7 јуни 2022 година  го промовираа својот албум „Мајка“.  На албумот се наоѓаат девет композиции, од кои повеќето веќе познати, а три од нив сосема нови, плус уште една бонус тема. Бонус композицијата е нова верзија на „Ја излези Ѓурѓо“ снимена заедно со Влатко Лозаноски, а првата која беше во етерот пуштена веднаш по промоцијата од трите нови композиции и е објавена на YouTube е  преработката на „Во Крушево густа магла“. Останатите две  композиции се „Глас ми се слуша“ и „Абер ми пристигна од Крушево“. Целиот албум наскоро ќе биде и на YouTube а е веќе достапен на Spotifу.  „Мојата омилена“ - порача пејачот Стефан Филиповски на својот Фејсбук профил промовирајќи ја во етерот песната, а вие слушнете како звучи „Глас ми се слуша“ во верзија на „Некст Тајм“: ]]>

Да се наежиш: „Нешто ќе те питам бабо“ на „Некст тајм“ – македонско парче историја, преточено во врвна уметност https://arhiva.vistina.com.mk/da-se-naezish-neshto-kje-te-pitam-babo-na-nekst-tajm-makedonsko-parche-istorija-pretocheno-vo-vrvna-umetnost/ Tue, 26 Mar 2019 08:30:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=79303

Стефан и Мартин Филиповски, братското дуо близнаци  од македонската група „Некст тајм“ со уште една фантастична преработка ги разбудија најдлабоките чувства и емоции кај Македонците.
„Нешто ќе те питам бабо“ е насловот на познатата македонска песна која доби нова верзија. По мотивите и музиката на старата македонска народна песна со стихови кои имаат патриотска содржина, аранжерот Никола Мицевски и близнаците Филиповски го претвориле во современо музичко ремек дело, чија визуелизација на режисерот Огнен Шапковски го прави величествено. Оригинален и автентичен, а сепак современ македонски музички производ, од кој, кога го слушате ве лазат морници, а додека го гледате видеото низ телото ви струи чудна енергија која ја покренува волшебната игра на сетилата.
И тоа не само на оние за слух и вид. Едноставно, божествено! Македонско парче историја, преточено во врвна уметност, која како и историјата... останува за навек!
На промоцијата во преполниот Драмски театар во кој буквално се стоеше се' до ходникот и фоајето.
Покрај претставниците на медиумите, мноштвото колеги и соработници на групата, јавни личности, врвни спортисти, пријатели и спонзори, беа прсутни и претставници на навивачката група „Комити“, како и дел од врвот на ВМРО-ДПМНЕ, предводен од лидерот Христијан Мицковски.
По премиерното прикажување, буквално целата сала скандираше: „Македонија, Македонија“... А, Македонија доби уште едно парче уметност со кое може да се гордее!
По завршувањето на официјалниот дел Мартин и Стефан заедно со екипата која го реализираше овој нивен најнов проект остана во (не)формална дружба со новинарите, а присутните имаа меѓусебно коктел матине. https://www.youtube.com/watch?v=RzusF_BTTgg  ]]>