неготино – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 06 Feb 2023 13:34:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png неготино – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дегустации и музичка програма за Свети Трифун во Неготино: „Наздрави со вино, за љубов и среќа“ https://arhiva.vistina.com.mk/degustatsii-i-muzichka-programa-za-sveti-trifun-vo-negotino-nazdravi-so-vino-za-lubov-i-sreka/ Mon, 06 Feb 2023 10:30:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287603

Општина Неготино традиционално го одбележува празникот на Свети Трифун – заштитник на лозарите. По тој повод во Салата на Општина Неготино, Музејот на Неготино и Градскиот плоштад ќе се одржат неколку настани во чест на празникот. Програмата започнува во петок (10.02) а главното одбележување е на 14-ти февруари на Градскиот плоштад. Покрај локални фолклорни групи и бендови ќе настапи и познатиот музички состав „Љубојна“. ]]>

Интернационалниот фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев “- Неготино https://arhiva.vistina.com.mk/265558-2/ Mon, 05 Sep 2022 12:30:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265558

Вечерва со почетокот од 19:30 часот, во НУЦК „Ацо Ѓорчев“ – Неготино, започнува Првиот интернационалниот фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев “- Неготино (05.09 – 09.09.2022год.) е единствениот фестивал на ДУОДРАМА во Македонија. Фестивалот е во организација на Општина Неготино и Театар Провокација – Скопје. Главен покровител и иницијатор за истиот е Општина Неготино. Концептот и логистиката за фестивалот се на „Театар Провокација“. На фестивалот ќе бидат доделени следниве награди: награда за најдобра машка улога, награда за најдобра женска улога, најдобра режија, специјална награда и ГРАНД ПРИ. Жири комисијата е во состав: Благоја Чоревски – Чоре (актер), Мирјана.П.Ристов (актерка) и Билјана Крајчевска (драматураг), секој докажан во својата област! Селектор на фестивалот е актерот и режисер Роберт Ристов. Ова е неговата селекција на претстави за овогодинешниот фестивал: Претставите ќе бидат одиграни по следниот редослед: 05.09.2022 од 19:30 во НУЦК „АЦО ЃОРЧЕВ“ „КИСЛОРОД“ , според текст на Иван Вирипаев Режија: Иван Јерчиќ Играат: Викторија Степанова-Јанкуловска и Никола Стефанов НУ НАРОДЕН ТЕАТАР – Битола 06.09.2022 од 19:30 во КАФЕ БАР АМАРО „АНАТОМИЈА НА НЕВЕРСТВОТО“ – Валентин Красногоров Режија: Александра Кардалевска, драматург: Дарко Спасов Играат: Жаклина Петровска и Тони Денковски НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА – Скопје 06.09.2022 од 21:00 во МУЗЕЈ НА ГРАД НЕГОТИНО   „ОЖЕНИ МЕ“, по мотиви од сценаријата: „Ожени ме“, „Храна и Вино“ и „Брачна приказна“ Режија: Роберт Ристов. Играат: Изабела Јакимовска и Бранко Атанасов ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА – Скопје 07.09 од 19:30 во МУЗЕЈ НА ГРАД НЕГОТИНО   ГРЕТА –според: Луц Хибнер и Јохан Волфганг Фон Гете, Режија: Тамара Стојаноска. Играат: Димитрина Мицкоска и Ане Блажоски ТЕАТАР ЗЛАТЕН ЕЛЕЦ – Скопје 08.09.2022 од 19:30 во НУЦК „АЦО ЃОРЧЕВ“   МОЈОТ СОПАТНИК СТРАВОТ – Иван Томашевиќ Режија: Иван Томашевиќ. Играат: Анета Томашевиќ и Иван Томашевиќ СЦЕНА МАСКА, Р. Србија 09.09.2022 во НУЦК „АЦО ЃОРЧЕВ“   19::30 ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ 20:00 STAND UP COMEDY со ТИНО и АТАНАС (во чест на наградените)]]>

„Ориентал бенд” ти подаруваат нова песна и те канат без да му ја мислиш, да останеш дома – „Кажи да“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/oriental-bend-ti-podaruvaat-nova-pesna-i-te-kanat-bez-da-mu-ja-mislsh-da-ostanesh-doma-kazi-da-video/ Wed, 01 Apr 2020 12:55:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=142750

„Ориентал бенд” во ова лудо време – невреме ни ја подаруваат својата нова песна, насловена „Кажи да”. Уште по првото нејзино слушање ќе почувствувате позитивна енергија која ќе ви го разубави расположението во овие тешки денови на страв, изолација и клаустофобија. Весел брз ритам, грст млади луѓе и таа, пејачката на бендот Лидија Паскова со својот  нескротливи темперамент, кој секогаш делува позитивно врз публиката. „Очекуваме со новите авторски песни уште повеќе да се приближиме кон нашата публика, бидејќи се што сме постигнале како бенд, популарноста, поканите за настапи, успешните забави, сето тоа и го должиме токму на публиката“ – ќе изјави Паскова, која со своите колеги од „Оринтал бенд“ зад себе имаат стотици приватни забави, над 500 свадби, настапи во локали, клубови, дискотеки, учества на фолк фестивали како „Валандово“ и „Роса Фест“… и додава: „Деновие снимивме три нови авторски песни, кои ќе добијат и видео записи за кратко време. Останува да видиме како ќе бидат прифатени од публиката. Искрено се надеваме дека ќе останеме доследни на нашиот стил, дека ќе ја оправдаме довербата која ја уживаме кај народот“ – раскажува Паскова за “Фокус“. Комплетен автор на песната „Кажи да“, како и на повеќето нивни авторски песни е Никола Дафов - Дафе, клавијатуристот на „Ориентал бенд“. Видеото го потпишуваат режисерот Ненад Витанов и „Арт студио” – продукција. Инаку,  за „Ориентал бенд” и нивната свирка се вели дека долги години се закон во Тиквешијата и пошироко, затоа што освен целиот репертоар со кој располагаат, тие сепак во себе ја носат онаа посебна нишка на ритамот на живот, среќа и љубов, кои ги шират со позитивната енергија која зрачи од нив. Затоа „Кажи да“ - ќе седам дома, слушни ја нивната нова песна, погледни го видеото и не губи надеж дека сето ова бргу ќе помине. https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=3EE0dNpqnbY&feature=emb_logo]]>

Во Неготино проработе „најмодерната“ перална за автомобили (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vo-negotino-prorabote-najmodernata-peralna-za-avtomobili-foto/ Thu, 12 Sep 2019 08:51:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=106407

Миењето на автомобилот за многумина е ритуал. Оние кои имаат услови тоа го прават дома во својот двор, како и оние кои не им веруваат на „перачите“... Останатите ги мијат автомобилите во специјализирани перални. Рачно или машински сеедно, важно љубимецот да блеска од чистота. Неготинчани имаа чудни навики... Или барем поединци како овој тип, на кој очигледно не му се даваат пари за миење на автомобилот, па... Чешмичката за пиење вода во паркот ќе заврши работа. Гратис вода за миење на неговиот автомобил, па ако неговото бесплатно перење се покаже успешно, може ќе почне и да наплаќа...! ]]>

Нова винарска визба во неготинско Дисан https://arhiva.vistina.com.mk/nova-vinarska-vizba-vo-negotinsko-disan/ Thu, 16 May 2019 11:07:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=88278

Словенечката винарија Пуклавец отвора „бутик“ винарска визба во Неготино. Со оваа вредна инвестиција Пуклавец го проширува својот асортиман со производството на црвени вина од македонско грозје. Вината што ќе се произведуваат во неготинската винарија, новиот бренд на Пуклавец, ќе бидат класифицирани во три квалитативни сегменти и на пазарот ќе се пласираат под името Инстинкт. Достапни за продажба ќе бидат до крајот на годината.
„Со инвестицијата во винарската визба во Неготино, само ја прошируваме целта и визијата што ја имаме воопшто во Пуклавец, а тоа е производство на вина кои можат да се натпреваруваат со најдобрите светски вина на меѓународните пазари. Македонското виногорје е познато по црвените раси, а македонските црвени вина се познати по богатството на вкусот, зрели и комплексни ароми. Овој вид вино е високо ценет на меѓународните пазари и токму тоа ќе го понудиме. Нашата првична амбиција, да бидеме меѓу најдобрите производители на вино во светот, расте и се засилува токму со винаријата во Северна Македонија, што ќе ни овозможи дополнително растење, развивање и збогатување на портфолиото на Пуклавец“, изјави Владимир Пуклавец, сопственик на семејната винарија.
Семејната винарија Пуклавец веќе присутна на меѓународните вински пазари, имаше потреба од развој на производство на црвено вино, бидејќи во Словенија климатската состојба не е толку податлива за производство на црвени вина. Одлуката да се инвестира во производство на црвени вина во Македонија, стана активна во 2011 година. На локалните лозја Пуклавец има засадено Мерло, Каберне Совињон и локалното Вранец.
„Винаријата Пуклавец има долга традиција и знаење за производство на квалитетни вина. Успехот го постигна применувајќи специфичен пристап во работата со поддржување на природниот начин на производство на вино, со минимални интервенции врз грозјето и многу внимание во развојот и созревањето на виното. Македонското виногорје совршено се вклопува во ваквиот начин на производство. Тиквешкиот регион, каде што се наоѓа винаријата, со сувите, топли и долги лета, релативно студените зими, ридскиот пејзаж, лоциран помеѓу 250 и 400 метри надморска височина и уникатниот тероар богат со минерали нуди совршени услови. Сето тоа создава уникатни услови за производство на премиум црвени вина“, вели Дане Јованов, менаџер на винаријата во Неготино.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, го поздрави успешно завршениот циклус на инвестиции и отворањето на винаријата:
„Особено ми е драго што со Владата на Република Словенија имаме навистина одлична институционална соработка, којашто покажа и потврди во периодот дека имаме сериозна поддршка во нашите мерки, планови и политики што ги креираме. Минатата година бевме и земја партнер на еден од најзначајните саеми во Република Словенија, бевме и во Ормож и ја посетивме токму и оваа винарија, а денеска сме тука во Дисан, во Неготино, каде што отвораме една нова приказна.”
Вредноста на инвестиција во визбата во Неготино се проценува на 1,6 милиони евра, а почетниот капацитет е 300.000 литри вино годишно. Семејната винарија Пуклавец е познат и почитуван вински бренд од Словенија, каде што досега се произведуваа најмногу бели и пенливи вина. Семејството Пуклавец се врати во винската приказна, започната од Мартин Пуклавец во 1934 година, пред точно десет години и континуирано расте и се проширува. Со спојувањето на винарските визби Ормож и Љутомер, семејните вина Пуклавец почнаа да пишуваат ново поглавје фокусирано на производство на високо квалитетни вина. Брендовите на Пуклавец се присутни на бројни светски пазари, вклучувајќи Велика Британија, Бразил, Полска, Холандија, Хрватска, три пат по ред се наградени како Винарија на годината во Словенија, а поседуваат и други многубројни реномирани вински признанија, како што се Decanter Platinum за најдобро словенечко бело вино.
 ]]>

Кога свират „Бонгас и гитарес“ – „Паѓам на спомени“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-svirat-bongas-i-gitares-pagjam-na-spomeni-video/ Wed, 09 Jan 2019 11:05:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=66734

„Паѓам на спомени“ е првата авторска песна на неготинското поп дуо „Бонгас и гитарес“ (Bongas And Guitares), која музичарите ја објавија непосредно пред крајот на 2018 година.
Автор на музиката е вокалистот и гитарист на дуото, Дејан Ѓорѓиев, а стиховите ги потпишува Ивана Димова, додека аранжманот е на Филип Стевановски.
Сето тоа визуелно го дополни Лазар Сотиров, кој се погрижи за режијата и монтажата на видеото. Втората половина од дуото кое постои од  2016 годинаго сочинува перкусионистот Лазар Сотиров (конги и тапани).
Изминативе две години тие беа доста зафатени со настапи ширум Македонија, изведувајќи бројни домашни и светски хитови, а оваа прва авторска песна е одлично дополнување на нивниот богат „тезга“ репертоар. Како звучи и изгледа првенчето на „Бонгас и гитарес“ дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=txa2Lbg4Yes Извор:РадиоМК]]>