негативни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 27 Sep 2022 12:56:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png негативни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 6 негативни мисли кои ве спречуваат да ја раскинете љубовната врска иако партнерот не ве заслужува https://arhiva.vistina.com.mk/6-negativni-misli-koi-ve-sprechuvaat-da-ja-raskinete-ljubovnata-vrska-iako-partnerot-ne-ve-zasluzuva/ Tue, 27 Sep 2022 12:56:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268932

Дали некогаш во животот ви се случило да се плашите да раскинете со некого иако сте свесни дека партнерот не ве заслужува? Токму чувството на вина не ви дозволува да го направите тој чекор. Во еден момент сфаќате дека вашиот партнер воопшто не се грижи за вас и за вашата љубовна врска, а вие сте личноста која, всушност, ја одржува врската преку вашето страдање. Не заборавајте дека вие заслужувате да бидете среќни со некој кој ќе биде способен да ве сака и да ви возврати со истата (или речиси иста) доза на љубов. Прочитајте во продолжение кои мисли ве држат „заглавени“ во врска со личноста која не ве заслужува. 1. Не сакате да го повредите партнерот Многупати луѓето остануваат во врска бидејќи нивниот партнер бил многу добар со нив и затоа не сакаат да го повредат. Но, доколку сфатите дека не постојат страст и љубов во вашата врска нема потреба да се чувствувате виновни поради тоа. 2. Некогаш ја сакавте таа личност Помислата да ја напуштите личноста која некогаш сте ја сакале или која ве сакала, може да биде навистина болна. Но, не заборавајте дека работите се менуваат со текот на времето, па така и луѓето и ситуациите. Така, партнерот со кој сте биле во врска со години можеби се променил, можеби неговите чувства и однесување кон вас се промениле во меѓувреме. Имајте на ум дека освен љубовта, неопходни елементи за да опстане една врска се почитта и разбирањето. 3. Се плашите дека нема да најдете подобра личност Секој го има овој страв во поглед на иднината: „Што ако не најдам подобар партнер? Што ако нема да пронајдам некој кој ќе ме сака?“. Но, дали некогаш сте помислиле дека токму овој страв ве спречува да живеете многу подобар живот од овој сегашниот? Можеби животот се обидува да ви даде уште една можност, а вие ја игнорирате токму поради вашите стравови! 4. Уживате во начинот на живот што го споделувате со таа личност Можеби партнерот ви ги обезбедува сите поволности и привилегии што некогаш сте ги посакувале во животот. Но, доколку и на двајцата не ви е пријатно во врската, тогаш која е поентата да продолжите да ја одржувате? 5. Немате храброст да се одлучите за иднина полна со неизвесност Никој не ги сака животните неизвесности, но тоа е животот. Затоа, искористете ги можностите кои ви се нудат секој ден и кои сигурно ќе ве однесат кон подобар живот. Пружете си самите себеси шанса за да ризикувате и ќе увидите дека вашиот ризик нема да биде залуден. 6. Сметате дека не заслужувате подобро Не казнувајте се себеси со одлуката да останете во врска која ви предизвикува само болка и тага. Не дозволувајте зборовите на другите да ве натераат да се презирате себеси. Само вие знаете со какви предизвици сте се соочиле во животот и премрежињата низ кои сте поминале додека сте биле во оваа врска. Не дозволувајте оваа мисла да ја уништи вашата шанса за подобар живот! Откако ги прочитавте нашите совети, можеби ќе сакате да прочитате и зошто е тешко да ставите крај на нездравата љубовна врска. Извор: themindsjournal.com/кафепауза.мк]]>

Најновите тестови на Новак и Јелена Ѓоковиќ покажаа: Тенискиот ас и неговата сопруга од денес се негативни на Ковид-19 (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/najnovite-testovi-na-novak-i-jelena-gjokovikj-pokazaa-teniskiot-as-i-negovata-sopruga-od-denes-se-negativni-na-kovid-19-foto/ Thu, 02 Jul 2020 10:26:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=156779

Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена, од денес се негативни на Ковид-19. Ова го покажале најновите резултати од ПЦР тестот што и двајцата го направија во Белград. Новак и Јелена не почувствуваа никакви симптоми на вирусот и го направија тестот по претходен договор со лекарите. Претходните 10 дена, уште од враќањето од  турнирот во Задар,  брачната двојка Ѓоковиќ ги помина во изолација, следејќи ги сите протоколи и безбедносни мерки поврзани со Ковид-19. Извор: Информер.рс Фото: Старс спорт фото]]>

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга позитивни на коронавирус: Тестот покажа дека Ноле и Јелена се заразени https://arhiva.vistina.com.mk/novak-gjokovikj-i-negovata-sopruga-pozitivni-na-koronavirus-testot-pokaza-deka-nole-i-jelena-se-zarazeni/ Tue, 23 Jun 2020 12:52:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=155237

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и сопругата Јелена се позитивни на коронавирус, објавија српските медиуми, откако стигнаа резултатите од тестирањето. Ѓоковиќ, по откажување на финалето на турнирот во Задар откако беше откриено дека бугарскиот тенисер Григор Димитров е заразен со коронавирус, одби да се тестира во Хрватска, па тоа го направи дури откако стигна во Белград, каде што веднаш му беше земен брис за Ковид 19. На резултатите на кои се чекаше два дена, покажаа дека светскиот рекет број еден е позитивен на коронавирусот, исто како и неговата сопруга Јелена. Резултатите на нивните деца се негативни, но сепак сите ќе мораат да остант во самоизолација. Веднаш по сознанието дека тој и неговата сопруга се позитивни, Ноле ја даде и првата изјава: „Сè што направивме во изминатиот месец, го сторивме со чисто срце и искрени намери“ - рече Ѓоковиќ и додаде: „Исклучително ми е жал за секој поединечен случај на инфекција. Јас ги следам упатствата и изјавите на лекарите и се надевам дека нема да се зголеми бројот на заразени лица. Се надевам дека ничија здравствена состојба нема да се искомплицира и дека сите ќе бидат добри. Јас ќе останам во самоизолација наредните 14 дена, а тестот ќе го повторам за пет дена“ - разимираше Ѓоковиќ. Фото: Инстаграм принтскрин/ Џокерноле]]>

5 најдобри и најлоши работи кои влијаат на сексот https://arhiva.vistina.com.mk/5-najdobri-i-najloshi-raboti-koi-vlijaat-na-seksot/ Wed, 22 Aug 2018 19:09:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=44119

Добриот секс не паѓа од небо, неможете да го доживеете ако малку не се потрудите. Се што правиме, мислиме, јадеме, чуствуваме и памтиме влијае на сексот на добар или лош начин. Погледнете ги овие 5 најдобри и најлоши работи кои можете да ги направите во вашиот сесуален живот. Добра петорка 1. Се што го потикнува окситокцин-от (хормон за среќа) е добро. Тој влијае на нервниот систем да реагира на вистинскиот допир или идеата за допир. Затоа љубење, мазење, насмевки, комплименти, нежни допири – влијае на сексуалното расположение 2. Оптимално вежбајте, особено жените кои тешко доживуваат оргазам. Преголемиот или премалиот тренинг може лошо да влијае на сексуалниот живот. 3.Чоколадо, во вашата уста или мисли. Докажано е дека се работи само за placebo ефект, но мала заслуга за добро расположение кое чоколадото го потикнува не е на одмет, има и природен стимуланс кој доаѓа од какаото. 4. Промена. Стимулантите во мозокот се активираат кога одиме на нови места, пробуваме нови вкусови, нови звуци и мириси. Затоа сексот секогаш е подобар на одмор одколку дома. 5. Не заборавајте на еволуцијата: нагонот за репродукција секогаш ги поттикнува двајцата љубовници Лоша петорка 1. Алкохол и дрога: алкохолот е голема замка. Прво ќе ве опушти а пота ќе ве онеспособи за било каков секс па и за уживање во него. Екстазите исто така лошо влијаат на сексот, а особено на појакиот пол бидејќи спидот предизвикува неможност за ерекција кај 40% од мажите. 2. Премногу или премалку храна го убива либидото. 3. Тешка порнографија – за жени 4. Расеаност – за жени. За разлика од мажите кои кога еднаш се спремни за секс ништо немоше да ги прекине, жените лесно го тргнуваат вниманието на други работи (плачот на бебето, ѕвонењето на телефонот) 5. Голем стрес за пари и работа, особено за мажите кои имаат проблем со ерекција кога не е добра ситуацијата на работа. Ако постои некое општо правило – тогаш тоа е дека размислувањето “преголемото и пребрзото” може да го уништи вашето сексуално здравје. Добри вести: мозокот, секоја клетка во нашето тело, нашите мисли и емоции – можат се да променат. Сексот е чудо од хемија.]]>