негативни мисли – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 21 Apr 2022 12:14:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png негативни мисли – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Како да го ослободите умот од негативни мисли и грижи? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-go-oslobodite-umot-od-negativni-misli-i-grizi/ Thu, 21 Apr 2022 12:14:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=247320

Ако во последно време ве прогонуваат грижи и негативни мисли кои не исчезнуваат, без разлика што правите или колку напорно се обидувате да се ослободите од нив, еве неколку совети како да не дозволите тие да ви влијаат. 1. Научете да простувате Еден од најдобрите начини да го ослободите умот е да им простите на оние кои ве згрешиле, па дури и себеси. Не заборавајте дека залудно е постојано да се навраќате на вашето минато, што се случило се случило, не можете ништо да направите за да го промените тоа. Продолжете понатаму и прифатете ги работите што се случиле, дури и ако не ве прават среќни. 2. Смејте се почесто Обидете се почесто да се смеете бидејќи според некои истражувања, кога се смеете, вашиот мозок ги регистрира движењата на мускулите на вашето лице и ги ослободува хормоните на среќата. На тој начин не само што ќе се чувствувате подобро туку и ќе го промените пристапот кон проблемите и грижите. 3. Медитирајте Медитацијата отсекогаш била еден од најдобрите начини да го ослободите умот од сите негативни мисли и грижи. Доволно е да се наместите во удобна положба, да ги затворите очите и да им дозволите на мислите да доаѓаат и да си одат без да се задржуваат. Обидете се да го правите тоа најмалку 5 или 10 минути секој ден, а промените ќе настапат за брзо време. 4. Научете да бидете оптимисти Научете да го гледате доброто во сè што ви се случува, наместо постојано да ве обземаат секакви грижи бидејќи се фокусирате само на негативните аспекти од животот. На тој начин ќе станете попозитивна личност со поинаква перспектива кон животот. 5. Ставете крај на токсичните односи Оддалечете се од токсичните пријатели кои ве тераат да се чувствувате лошо. Не заборавајте дека нездравите врски можат да доведат до негативни мисли и стрес. Позитивните врски, пак, ќе го исполнат вашиот ум со позитивни мисли и промени. 6. Не обвинувајте се себеси Неретко вината може да ве обземе, особено доколку не сте виновни за она што се случило. Имајте на ум дека со чувство на вина нема да успеете да ги подобрите работите, освен доколку не се концентрирате и не направите нешто за да го решите проблемот. 7. Не бидете самокритични Саботирањето на сопствената среќа преку самокритичноста ве прави да се претворите во вашиот најголем непријател. Можеби сметате дека на тој начин ќе станете подобри во она што го правите, но со тоа што секогаш ќе бидете груби кон себе само ќе поттикнете негативни мисли и ниска самодоверба. извор:кафепзауза/allwomenstalk.com]]>

Како да се изборите со негативните мисли? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-se-izborite-so-negativnite-misli/ Mon, 14 Oct 2019 12:15:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=112493

Истражувачите низ годините имаат направено многу истражувања за лошите мисли кои се обидуваат да ја преземат контролата над целото човечко битие, па сега имаат многу подобра слика за тоа како тие настануваат, а со самото тоа и како треба да се бориме со нив. Прочитајте во продолжение неколку едноставни совети и техники. Сите сакаме да мислиме дека имаме целосна самоконтрола, но негативните мисли имаат еден незгоден ефект – нѐ тераат да се сомневаме во себе, да си кажуваме дека не сме доволно добри или концентрирани, што пак дополнително нѐ обесхрабрува. Учењето на добри техники за држење на сопствените мисли под контрола е важен дел од одржувањето на менталната „хигиена“. Поголеми се шансите негативните мисли да преовладаат доколку сте под голем стрес, чувствувате анксиозност или депресија, или пак сте лути или тажни поради нешто. Подложни на негативни мисли се и оние кои имаат тенденција опсесивно да размислуваат или заради некоја моментална ситуација чувствуваат дека животот им е безизлезно тежок, во љубовта или на работа. Експертите велат дека негативните мисли често се провлекуваат и во луѓето кои се ненаспани, изморени или исцрпени. Затоа, водете сметка за себе Спијте колку што можете, пијте течности не се изгладнувајте. Сето ова звучи банално, но кога нѐ оптоваруваат тешки мисли, често забораваме да се грижиме за себе. Техниката два за една Секогаш кога ќе ве нападне некоја тешка мисла, возвратете така што активно и упорно ќе размислувате за две позитивни работи визборо вашиот живот. Вие најдобро знаете кои се оние нешта кои ви предизвикуваат задоволство од самите себе, па мора напорно да се ангажирате за да ги доведете во прв план. На тој начин ќе ги неутрализирате негативните. извор:кафепауза.мк]]>