недвижности – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 07 Jul 2021 11:06:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png недвижности – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Нема да заработува само од пеењето: Александра Пријовиќ започнува нов бизнис! https://arhiva.vistina.com.mk/nema-da-zarabotuva-samo-od-peenjeto-aleksandra-prijovikj-zapochnuva-nov-biznis/ Wed, 07 Jul 2021 11:06:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=210063

Младата пејачка Александра Пријовиќ најде нов начин како да заработи додатно, па ќе започне нов бизнис со недвижности. Имено, како што пишуваат српските медиуми, Александра планира да купи апартмани на Златибор и истите да ги издава. Наводно, таа веќе пронашла пет апартмани во нова градба, а наскоро ќе даде капар за истите. „Додека седеше дома за време на пандемијата со коронавирусот, размислуваше за нов бизнис. Сфати дека не секогаш ќе може да заработува од пеењето, па и текнаа некои други идеи. Разговараше со Брена, Филип, Боба и така одлучи да започне бизнис со недвижности“, вели извор и додава дека пејачката ги послуша советите на Живојиновиќ кои истакнале издавањето на апартмани е многу исплатлив бизнис. „Брена и Боба имаат ресторан во центарот на Златибор, а кога ќе заминат таму мора да плаќаат смештај. Тоа беше уште една причина плус зошто Филип и Прија да купат пет апратмани, еден ќе остават за себе, а другите ќе ги издаваат. Пријовиќ неодамна настапуваше на Златибор, па ги разгледа становите кои се продаваат таму. Пред концертот вечераше со инвеститор кој гради апартмани покрај езерото. Неговата зграда е во завршна фаза и треба да биде готова до септември. Се договори со Филип и Прија наскоро да му дадат капар, а останатиот дел ќе го плати кога ќе бидат готови зградите“, вели изворот. По тој повод се огласи и Пријовиќ и ги потврди сознанијата. „Планирам во иднина да купам недвижности. Треба да вложувате и да мислите на утре. Се уште сме во преговори, но точно е дека има неколку апартмани кои ми се допаднаа. Србија е преубава, а јас го обожавам Златибор и кога можам одам со семејството на одмор или пак често настапувам“, вели Александра. фото: е сток/масанори јошида/ало.рс/принтксрин/инстаграм/александрапријвоиќ]]>