недостига – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 04 Mar 2024 12:37:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png недостига – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ана Николиќ сподели емотивна порака по конфликтот со Раста (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ana-nikolik-spodeli-emotivna-poraka-po-konfliktot-so-rasta-foto/ Mon, 04 Mar 2024 12:37:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341040

Врската помеѓу Ана Николиќ и Стефан Ѓуриќ Раста не престанува да ја интригира јавноста. Откако објави приватна преписка со раперот, Ана не престана дасподелува на социјалните мрежи, додека Ѓуриќ не се огласи за нивната кавга, туку на неговите платформи ги сподели моментите поминати со нивната заедничка ќерка Тара. Ана не крие дека и недостига ќерката и дека и е тешко да го поминува времето без дете, а сега на својот профил сподели фотографија посветена на сите мајки. Секој може да биде во куќата, но кога мајката не е таму имате чувство дека куќата е празна“, гласеше цитатот во кој се пронајде пејачката. Да потсетиме, Николиќ неодамна преку Инстаграм им се обрати на своите фанови каде сподели дел од преписката со поранешниот сопруг, како и тоа дека воспитувачките ја исфрлиле од групата на Вибер. Фото: printskrin/instagram/  ]]>

Сузана Турунџиева: „Во вонредна состојба единствено ми недостигаат прегратките со драги луѓе“ https://arhiva.vistina.com.mk/suzana-turundzieva-vo-vonredna-sostojba-edinstveno-mi-nedostigaat-pregratkite-so-dragi-lugje/ Fri, 22 May 2020 06:59:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=150930

Повeќе од два месеци како владее вонредна состојба во државата, а ние седиме дома со одредени препораки и протоколи за движење. Од март, па наваму животот ни се промени од корен, па ако пред два месеци имавме прилика и време да се дружиме со пријателите сега тие дружби ќе мораа да почекаат. Во оваа ситуација сите имаме некој кој ни недостига, луѓе кои не сме ги виделе подолго време и кои едвај чекаме да ги видиме, прегрнеме, да ги прашаме како се, да се дружиме како некогаш. Сузана Турунџиева на својот „Фејсбук“ откри кој и недостига во овие ситуации. „Пред некој ден во една ТВ емисија ме прашаа што најмногу ми недостига во вонреднава ситуација... Не знаев што да одговорам, бидејќи кога имаш здравје, храна, вода и покрив над глава имаш СЕ... Подоцна се сетив дека единствено ми недостигаат прегратките со драгите луѓе и настаните на кои среќавав обично-прекрасни луѓе... Луѓе со душа... А за тие, обично-прекрасните луѓе можам со денови да ви раскажувам... Тие ми се омилена сорта на луѓе... Тие се секогаш убави, дури и кога на грбот им натежнале годините... Тие не мирисаат секогаш на скап парфем, ама во нивна близина се чувствувате пријатно и сигурно како во мајчината утроба... Тие се убави и кога се без шминка... Дури и кога се уморни, и кога имаат брчки... Бидејќи нивната убавина никогаш не старее... Со текот на годините станува се поизразена и попрефинета... Обично-прекрасните луѓе никогаш не престануваат да блескаат... Надворешната убавина им е само скица! А за ремек дело е потребна ДУША!“, напиша Сузе на социјалните мрежи. Инаку, таа неодамна изјави дека својот внук, синот од ќерката Лора не го видела неколку месец, а тој веќе проодил. Сузе  и во времето на вонредната состојба не заборава на физичките активности, па редовно и пракитукува јога во својот дом.   Се надеваме дека оваа ситуација наскоро ќе заврши, па сите повторно ќе може да се дружиме, а дотогаш седи дома.]]>

Елена Велевска откри како ги поминува деновите во самоизлација, но и што најмногу и недостига (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-velevska-otkri-kako-gi-pominuva-denovite-vo-samoizlacija-no-i-shto-najmnogu-i-nedostiga-video/ Fri, 24 Apr 2020 07:05:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=146294

Македонските естрадни уметници поради короната вирусот ги откажаа своите настапи и концерти, па времето го поминуваат во своите домови со своите најмили. Македонската фолкерка Елена Велевска неодамна беше гостинка во емисијата „Урбан таг“ каде што проговори како го поминува времето во изолација, но и дека и недостига да се врати на музичката сцена. „Ми недостига публиката, музичка сцена. Веќе доволно се одморивме, можеби претеравме. Сигурно ќе се согласат колегите дека ова е повеќе од одмор кои може да си го дозволиме ние уметниците“ вели Велевска. Фолк пејачката откри како ги поминала Велигденските празници, се потсети периодот кога беше дете, па и откри додека е во изолација открила дека е талентирана во кујна. Велевска откри и што мисли како ќе биде за музичката сцена кога ќе заврши изолацијата. „Ќе ни треба време да се вратиме во нормала. Ми се чини дека најпогодени во целата ситуација сме ние уметниците. Мене толку не ме розочара ситуацијата бидејќи финасиски си бев подготвена, но да намевме некои залихи ќе беше многу страшно. Мислам дека светот нема да биде како што беше. Во прашање се и турнеи кои ќе бидат позаслабени, концертите нема да бидат тоа што беа“ вели Велевска. На крајот таа додава дека се труди никогаш да не паничи кога станува збор за вакви работи и да ги прифати мирно. Целото интервју може да го погледнете во видеото подолу. ]]>

Што прават македонските пејачки во изолација – видовме, ама знаете ли на која што најмногу и недостасува во карантинот? (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/shto-pravat-makedonskite-pejachki-vo-izolacija-vidovme-ama-znaete-li-na-koja-shto-najmnogu-i-nedostasuva-vo-karantinot-foto-video/ Tue, 07 Apr 2020 07:51:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=143548

„Проклета короно, пуста да останеш...“ - е една хумористична песна од анонимен автор и изведувач, која деновиве се провлекува на социјалните мрежи. Стиховите како сакате можете да ги сфатите, смешни или тажни, ама во многу нешта се реални. Пандемијата замре се'... Сите повлечени во своите домови, во своето последно прибежиште, чекамеа вирусот да си замине, онака како и што дојде - како со рака однесен. Во меѓувреме, сите почнува да ги убива монотонија, да ги мачи досада, притиска клаустофобија, плаши депресија... Од ниво: „До кога вака?“, до степен на хистерија! Меѓу сите „обични луѓе“ и естрадните ѕвезди, кои кога тоа не се,  се она првото... И тие како и ние, имаат исти проблеми како нас во овие тешки денови. Затоа, покрај вообичаеното гледање ТВ канали, филмови, серии, видео игрици, дремење на социјалните мрежи...  почнаа да си измислуваат разни начини на сопствена оддишка на душата, својата, ама и туѓите. А, како поинаку ако не со она што најдобро знаат да го прават. Така, први видовме како македонските пејач(к)и функционираат во домашни услови. Кој(а) анплагд - „на суво“, кој(а) со микрофон в рака на матрица, а некои и со сајзерска придружба се забавуваа и себе си и нас преку Интернет на социјалните мрежи. Најчесто - онлајн, во живо! Потоа дојдоа предизвиците... Која како пее и танцува, како изгледала како дете, која како готви, како чисти, вежба, која каков миленик има по дома... Што се не видовме и дознавме за нив: од прелистување спомени по стари фотографии до практично покажани умешности и вештини. Со еден збор, што прават македонските пејачки во изолација - видовме и дознавме, ама знаете ли на која што најмногу и недостасува во карантинот? За јадење и пиење фала Богу, иако во моментов се на „принудна почивка“, се' уште имаат, гардероба, чевли, шминка, накит... ионака за по дома не им треба, освен долна облека, пижами и тренерки, најмилите им се тука со нив и до нив, домашните љубимци исто така... И кога ќе погледнете вака отстрана, излегува дека во целата оваа несреќа, тие навистина се среќни жени... Ама сепак - не се! Не барем комплетно... до крај! Четирите познати македонски фолкерки: Ирена Вељовска, Тања Јовановска Трајкова, Сузана Гавазова и Елена Велевска јавно признаа што најмногу им недостасува во изолација. Она за што и од што живеат - публиката, аплаузот, овациите... И секако, добриот хонар и богатиот бакшиш! Што и фали прва се пожали Ирена Вељовска, споделувајќи на својот Фејсбук профил кусо видео: „Без пари ќе се снајдам, леб и сол ќе јадам, ама аплаузот многу ми недостига...“ - кукаше Ирена, повикувајќи ги своите колешки да излезат на тераса и да се снимаат како аплаудираат, па видето да и го проследат. Молба - предизвикот прва го прифати нејзината „сестра по микрофон“, колешката Тања Јовановска Трајкова, па кумановката излезе право на тераса, ама... Попусто аплауз, кога нема кој да го слушне... Џабе публицитет, ако нема публика... а, нема! Згоднaта струмичанка  Сузана Гавазова  пак, почна редовно да прави онлајн викнд-концерти од дома, ама... И нејзе, не и е тоа - тоа, што ќе и ја наполни душата, зашто нема аплауз и овации... А и да има, друго е кога е во живо, тука пред тебе, пред очи... Вака, онлајн - како да ти аплаудираат и извикуваат на „плејбек“! Ама, плејбек-плејбек, подобро така, отколку никако, па затоа Сузето се сети, па се сними како во живо излегува на тераса после викенд концертот, а таму овации и извици под балкон, како да имала концерт на стадион... Снимени, на плејбек, секако! Ама барем Гавазова си го направи ќеифот... Колку да и помине меракот!   И Елена Велевска покажа дека е голема мераклика и на аплаузи, ама и на нешто друго... Нејзе „естрадниот застој“ по се' изгледа потешко ја погодил. Сексапилната прилепчанка колку што е познато е една од најплатените македонски фолкерки, па бројките на нејзините хонорари за настап велат се бројат со „три нули“ плус добиениот бакшиш, кој како по правило, не е мал. Сега, кога од сето тоа нема ништо, а „готовината бргу се јаде“, на Велевска покрај „говорот на телото“ и аплаузите на сцена, по се' изгледа најмногу и недостасува хонорарот... и бакшишот! Затоа пејачката се пожали на социјалните мрежи, па кога на пензионерите кон крајот на минатиот месец им делеа предвреме пензии, таа побара владата да и „пушти нешто“ и на естрадата! Зашто ако ова потрае и таа како и сите останати, ќе може „само да се слика“!    ]]>

Блага Петреска: „Кога останав сама одлучив да не ги повредам моите деца затоа што многу го сакаа својот татко“ https://arhiva.vistina.com.mk/blaga-petreska-koga-ostanav-sama-odluchiv-da-ne-gi-povredam-moite-deca-zatoa-shto-mnogu-go-sakaa-svojot-tatko/ Fri, 12 Apr 2019 07:44:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=82558

Македонската пејачка Блага Петреска има долг естраден стаж и важи за една од најдобрите пејачки со подолга успешна кариера. Во интервју за „svet - australia“ таа вели дека пеела уште како дете. „Јас пеев секој ден уште како дете, а ако не запеев мајка ми знаеше дека имам некој проблем. Пеам постојано ама не мислев дека тоа ќе го пренесам на сите во светот каде што не има – МАКЕДОНЦИ. Тоа е голем чест и дараба од Бога да пренесеш енергија и да допреш до најискрените чувства на слушателот. Тоа задоволство со никакви пари не се купува. Ништо не би променила“ вели фолк пејачката и додава дека не брои колку години е на музичката сцена.
„Не знам да ги бројам годините за стаж, а пензија имам од МНТ – опера како хорист. Јас сум задоволна, реализирана и исполнета жена. Во мене има љубов и радост за луѓето“ вели Петреска. Кога стнаува збор за нејзиниот приватен живот, таа како млада го изгуби својот сопруг . Никогаш не одлучивте повторно да се омажите, а мора да признаеме дека во јавност никогаш повеќе не се покажавте со партнер. Зошто се одлучивте на таков  радикализам? „Мене ми се случи вистинската љубов и две деца од истата. Кога останав сама решив да ни ги повредам моите деца затоа што го сакаа многу својот татко. Сите тројца седнавме и се договоривме дека јас ќе работам и хонорарно да не им недостига ништо, а тие да учат, да завршат факултет“ вели Блага.
Нејзината ќерка се одлучи за новинарска професија и замина од Македoнија, додека пак нејзиниот син ја освои публиката како виртуоз на виолина. На прашањето дали е среќна со изборот на нејзините деца, фолк пејачката вели: „Децата се гордеат со мене, а јас со нив. Мојот син, е извонреден професор, диригент и срeќно оженет со исто извонредна виолинистка од Русија. Ќерката и зетот исто среќно живеат во странство и се презадоволни. Имам три внуци и еден внук. Што друго би посакала?“ вели Блага за „svet- australia“.
Пејачката потенцираше дека е заљубена во Македонија и дека е најубаво место за живеење.]]>