небо – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 09 Aug 2023 12:52:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png небо – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Погледнете го небото“ – Нивес Целзиус сакаше да ги воодушеви своите обожаватели но, тие забележаа нешто друго (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/poglednete-go-neboto-nives-tselzius-sakashe-da-gi-voodushevi-svoite-obozhavateli-no-tie-zabelazhaa-neshto-drugo-foto/ Wed, 09 Aug 2023 12:40:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313200

Нивес моментално одмара во Тисно, а на социјалните мрежи редовно споделува заводливи фотографии. Покрај сончањето и пливањето, Нивес Целзијус (41) знае да ужива и во други морски активности. Згодната пејачка се качи на таблата на SUP и на обожавателите им покажа како добро се забавувала.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Nives Celsius (@nivescelsius)

Нивес одбрала мал црн костим за капење и ги истакна облините додека позираше. – Погледнете го небото – напиша Нивес покрај фотографиите на чија позадина навистина се гледаше прекрасно сино небо. Сепак, нејзините верни обожаватели ги воодушеви нешто друго. „Покрај такво тело, ништо не можеме да видиме“, Кому  му е гајле за небото покрај тебе  и напишале обожавателите. - Тело за посакување, ништо друго не гледам - ​​додале во коментарите. Нивес веќе некое време ужива во летото. Прво ги посетила Плитвице, па Муртер, а сега решила да побара спас од топлите денови во Тисно. Пејачката често на своите фанови им подарува жешки фотографии, но секогаш се труди да остане реална, па сликите без шминка и фотошоп се честа појава на нејзиниот профил. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Нивес Целзиус]]>

„Небо“ – изложба на Јана Јакимовска во галеријата на МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/nebo-izlozba-na-jana-jakimovska-vo-galerijata-na-mkc/ Mon, 14 Dec 2020 12:52:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180761

Во галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) вечерва во 19 часот ќе се отвори изложбата „Небо“ на ликовната уметница Јана Јакимовска. На изложбата ќе бидат претставени 20 небесни пејсажи во техниката акрил на платно работени во последните 3 години. Изложбата ќе трае oд 14 до 22 декември. „Јакимовска сака да слика, сака да експериментира со четката, сака да вдише од енергијата и аромата на бојата, знае да биде жестока, моќна, но знае и да биде реалистична во контекстуална смисла. Првпат, по долга низа години, излегува од интересот за себеанализа, од авторефлексивност и автосондирање, а влегува во третирање на просторот надвор, во природа, барајќи ги во есенцијата на натуралната естетика вредносните критериуми кои ги подзаборавивме живеејќи веќе речиси една година во вонредни пандемиски услови, а тоа е респектот кон природата, кон екосистемите, кон чистиот воздух, сончевиот зрак, патувањата, планините, водените површини. Најновиот циклус дела на Јакимовска се пејзажи кои во класификацијата на пејзажното сликарство може да се окарактеризираат како небесни пејзажи бидејќи на нив две третини од композициската целост е посветена на небесните предели… Јана Јакимовска со своите дела ни нуди „прозорец“ за бегство од реалноста во која живееме, нè носи во една поубава, посветла, похумана реалност, која во вонредни услови има покрај своја егзалтирачка природа и концептуална димензија – да делува психо-терапевтски на конзументот на нејзините дела“ - вели во текстот за изложбата, историчарката на уметност Ана Франговска. Јана Јакимовска е вонреден професор на Ликовната академија на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. До сега има реализирано 17 самостојни и преку 80 групни изложби во земјата и во странство, а во последно време е активна со мурално сликарство.]]>

„Божиќната ѕвезда“ ќе го осветли небото на 21 декември, за првпат од средниот век https://arhiva.vistina.com.mk/bozikjnata-dzvezda-kje-go-osvetli-neboto-na-21-dekemvri-za-prvpat-od-sredniot-vek/ Fri, 11 Dec 2020 13:20:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180418

Двете најголеми планети во нашиот Сончев систем се на пат да се „судрат“ во исклучително редок феномен, кој што не е виден од средниот век. Јупитер и Сатурн ќе се приближат толку на 21 декември што ќе изгледаат како двојна планета, а потоа небото ќе го осветлува Божиќната или Витлеемската ѕвезда. Овој неверојатен феномен ќе изгледа како една супер светлосна точка на Земјата. „Усогласувањето помеѓу овие две планети е прилично ретко, се случува еднаш на секои 20 години, но оваа врска е исклучително ретка поради тоа колку планетите ќе изгледаат блиску една до друга, изјави за Форбс, Патрик Хартиган, астроном од Универзитетот Рајс, додавајќи дека би морале да се вратите во зората на 4 март 1.226 година за да го видите усогласувањето помеѓу овие објекти видливи на ноќното небо. Ѕвездата која што ги донесе трите кралеви до Исус Многумина теоретизираат дека легендарната ѕвезда во библиската приказна за тројцата мудреци кои дошле да го посетат Исус по раѓањето и дека тоа би можело да биде ретката конјукција на Јупитер, Сатурн и Венера. Оваа неверојатна појава во историјата, позната како „Божиќна ѕвезда“ или ‘‘Ѕвездата на Витлеем“ според Евангелието по Матеј (Матеј, 2, 1-12) е ѕвездата што ги донесе трите Свети кралеви во Витлеем, каде што се роди Исус. Овој феномен ќе може да го види цел свет Ретката појава, инаку позната како „Божиќна Sвезда“ не е видена веќе 800 години. Според Форбс, оваа појава нема да се случи дури во 2080-та година, а потоа по 2400-тата година. Целиот свет ќе има можност да види и да фотографира. Орбитите на Јупитер и Сатурн се на една линија на секои 20 години и двете планети се доближуваат многу една до друга. Ова е затоа што Јупитер кружи околу Сонцето на секои 12 години, додека орбитата на Сатурн трае 30 години. Експертот за астрономија, Патрик Хартиган, објасни за Форбс дека врската меѓу двете планети е навистина многу ретка и дека луѓето навистина ќе имаат среќа да видат таков феномен. Врските помеѓу овие две планети се многу ретки, се случуваат еднаш на секои 20 години или нешто повеќе, но оваа врска е исклучително ретка заради фактот колку близу ќе се појават Јупитер и Сатурн, вели експертот. Извор: ВЕЧЕР.ПРЕСС]]>

Зошто авионите оставаат бели траги на небото? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-avionite-ostavaat-beli-tragi-na-neboto/ Wed, 21 Oct 2020 13:00:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=172512

Сигурно како малечки сте обожавале да гледате како поминува авион на небото кој остава една долга, бела трага зад себе и да си посакате желба. Но, сте се запрашале ли некогаш како тие траги се формираат и од што всушност се состојат? Во продолжение прочитајте како науката за воздухопловството го објаснува овој интересен феномен. Одговорот на прашањето се наоѓа во книгата „Cockpit Confidential: Everything You Need to Know About Air Travel“ (Доверливи информации за пилотската кабина: Сѐ што треба да знаете за воздушниот сообраќај) напишана од еден од најискусните авионски пилоти – Патрик Смит. -Трагите се формираат кога влажните издувни гасови кондензираат во ледени кристали во ладниот воздух од погорните нивоа. Нешто слично на чадот кој излегува кога ќе се издишите во зима. Трагите всушност можат да се наречат облаци. Испарената вода, колку и да звучи чудно, е биолошки продукт од согорувањето во моторите, од каде што потекнува влажноста. Дали ќе се формира една трага зависи од височината и амбиентската атмосферска ‘шминка’ – температурата и она што се нарекува воден притисок, пишува Патрик. Токму на овој начин се формираат трагите кои кондензираат и потоа се прошируваат во бели облаци составени од ситни кристали на мраз. извор:курир.мк]]>

Погледнете вечерва во небото, на него ќе блеска Супермесечина (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/poglednete-vecherva-vo-neboto-na-nego-kje-bleska-supermesechina-video/ Mon, 09 Mar 2020 13:47:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=138425

Вечерва на небото ќе засјае третата полна Месечина во 2020 година, а воедно и првата Супермесечина годинава. Кога Месечината е во ваква позиција изгледа дека е посветла и поголема од стандардната полна Месечина. Полната Месечина се појавува на секои 29,5 дена кога е целосно осветлена со сончевите зраци, а овојпат го означува почетокот на пролетта бидејќи е последна полна Месечина во зимската сезона. Индијанците не го бележеле времето со користење на месеци од нашиот календар, туку племињата на секоја полна Месечина ѝ давале прекар за полесно да ги следат годишните времиња и месеците. Едно од најпопуларните имиња за мартовската Супермесечина е Worm Moon или Месечина на црвот. Тоа е последната полна Месечина во зимската сезона, а името го добила бидејќи времето станува сè потопло па глистите од земјата излегуваат и почнуваат да ја подготвуваат почвата за првите земјоделски работи, најавувајќи дека конечно доаѓа пролетта. Позната е и како Шеќерна месечина, бидејќи тоа е време кога почнува да тече сок од стеблата на јаворите. Денешната Месечина е првата од три Супермесечини во 2020 година и ќе биде овогодинешната најблиска Месечина до Земјата. Најполна ќе биде денеска во 18 часот и 47 минути. Експертите велат дека 2020 година ќе биде навистина посебна што се однесува до небеските феномени, а Супермесечината во април наводно ќе биде уште поспектакуларна и поголема. Во април полната Месечина се нарекува и Pink Moon или Розева Месечина поради розевите цветови кои цветаат во рана пролет. ]]>

Ева Заева и Душко Чифлиганец во Дубаи: Новогодишен лет над кукавичјето гнездо (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/eva-zaeva-i-dushko-chifliganec-vo-dubai-novogodishen-let-nad-kukavichjeto-gnezdo-foto/ Sun, 23 Dec 2018 10:27:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=65478

Нова Година е... Секаде во светот, па и кај нас во Македонија! Нема човек кој не и се радува... Особено децата и младите. И секој би сакал да ја дочека поубаво, некаде, на некое место каде што се спојуваат мечтите со реалноста. За жал, кај нас малкумина можат да си го дозволат тоа. Меѓу нив децата на власта и нејзините олигарси. На останатите им преостанува само да ги спојат мечтите со можностите кои се никакви, се'понеизвесни, победни и посиромашни... Повеќето, дури и помалку од тоа - да останат само на мечтите,  дека и за нив еден ден ќе „Дојде живот“! Се' помалку се оние што можат да си дозволат  дочек во кафеана, кафуле, дискотека... Масата е на „забава за сиромашни“ по плоштадите, мнозинството покрај скромната семејна трпеза, а се повеќе -  и без неа... Зашто само за одбраните и на прсти броените - „Дојде живот“! За останатите, животот е преживување... До следната Нова Година, која многу помалку им значи од следните парламентарни избори. Нив со многу повеќе душа ги чекаат!
И додека за мнозинството од овој народ и неговите деца предновогодишната атмосфера е сведена на тешка апатија, децата на кастата и на нејзините сватови, летаат во облаци. Што од среќа и задоволство, зашто ним животот им е бајка! Се' им се може, па Дедо Мраз и неговата санка со елени, која нели, не вози низ снегот туку лета, посакаа да го пресретнат таму горе некаде, високо на небото. Чисто онака, за повозбудливо збогување со неверојатната „северномакедонска“ 2018-та?!
Едно илјадарче од Вицето, едно од Чифлиганец и нивните деца Ева и нејзината љубов Душко, ете ги „на седмо небо“... И тоа не било кое туку, она над Дубаи! Дома студи, има проблеми, нема новогодишна атмосфера и се' е веќе видено... За разлика од таму некаде, каде што потопло и поудобно. И додека некој за да скрпи денар повеќе за новогодишен дочек, на глава дуби, тие во Дубаи! Парите не се проблем!  За нашите деца пари нема, за нивните - пари колку сакаш... Нашите пари кај нив или нивни пари преку наш грб, со наша пот и мака... за нив не е важно! Важно е децата да се задоволни, а сватовите спокојни!
Како и не би биле кога за нив,  „само небото е лимит“!  Само што по тоа исто небо летаат како кукавици! Птица која го остава своето јајце во гнездото на друга птица,  за да таа да се мачи со денови, да лежи над него да и го испили, завршувајќи ја нејзината работа, додека кукавицата и натаму си го живее безгрижно својот живот без обврски, продолжувајќи  си ја врстата „на туѓа сметка, со туѓ труд“! Зато и има такво срамно име! Или поточно, нејзиното име е дефиниција за срам: Кукавица! Се разбира, нивните пилиња не се виновни за тоа што, на нивните родители - едноставно, таков им е наравот! Кукавички!              ]]>

(ФОТО) Ќе се чудите од глетката: Македонскиот пејач враќајќи се од настап на автопат посведочи на неверојатна појава на небото! https://arhiva.vistina.com.mk/foto-kje-se-chudite-od-gletkata-makedonskiot-pejach-vrakjajkji-se-od-nastap-na-avtopat-posvedochi-na-neverojatna-pojava-na-neboto/ Wed, 27 Dec 2017 09:14:50 +0000 http://vistina.mk/?p=7880

Победникот на годинешното 32-ро издание на фестивалот „Макфест“, штипјанецот Зоран Илиев, на социјалните мрежи го опиша своето несекојдневно искуство на кое посведочил враќајќи се од настап во Битола. Имено, на патот кон Штип, со својот колега забележале неверојатна бела светлина на небото, за која и самите немаат објаснување.
По завршувањето на вечерашниот настап во Битола ( Клуб Расчекор ) на пат кон Штип , поточна локација Дреново , заедно со мојот колега забележавме нешто чудно .... Не знам како да го наречам , можеби е збир на некој чуден чад од околината ...или можеби “неко меџу нама није наш “ Во секој случај интересно!, напиша Зоран во описот на фотографијата каде се гледа белата сенка во мракот.
Коментарите за приложеното се редеа до недоглед, а пред се повеќето беа со духовита нота, но една од неговите следбенички напиша дека и таа ја забележала појавата која исчезнала по изгревањето на сонцето. Што ли фотографираше Зоран, веројатно ќе остане како нерешена мистерија.]]>