неапол – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 07 Jun 2023 08:59:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png неапол – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Панчо-ДНК му беше гостин на Елиф Елмас во Неапол: ДЈ Шорти на ѕвездената прослава на шампионската титула на Наполи (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/pancho-dnk-beshe-mu-beshe-gostin-na-elif-elmas-vo-neapol-dj-shorti-na-zvezdenata-proslava-na-shampionskata-titula-na-napoli-foto-video/ Wed, 07 Jun 2023 08:55:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305246

Не е тајна дека на Панчо-ДНК  покрај музиката спортот му е втора љубов... И самиот несуден спортист, секој успех, секоја победа и уште повеќе титула на некоја македонска екипа или поединц го прави горд Македонец, па затоа Панчо е многу повеќе од само пасиониран љубител или обичен навивач. Тој едноставно се соживува и живее со спортот и спортските подвизи на нашите спортисти. Така, откако беше дел од снимањето на докумантарецот за животот и кариерата на македонската фудбалска легенда Милко Ѓуровски  во кој учествуваше и неговиот брат Бошко, на Панчо му се укажа можност за уште едно несекојдневно уживање.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Pancho | DNK (@djshortypofficial)

Искуство какво што можеби се доживува еднаш во животот, зашто до шампионската титула во калчото не се доаѓа лесно, а тоа по чекање од 33 години му се случи на Наполи, клубот во кој важна алка до титулата  беше и нашиот фудбалски дијамант, Елиф Елмас. Токму дружбата на фубалерот и музичарот уште отпорано, придонесе Панчо заедно со композиторот и продуцент Лазар Цветковски и уште неколку другари да бидат радо видени гости на Елмас и останатите поединци од Наполи на последниот натпревар и деновите потоа при прославата на титулата.
 
„Градот кој живее за фудбалот го крена пехарот после 33 години! Пред се пресреќен и горд сум на Елиф за неговиот огромен успех кој е само почеток, и воедно сум убеден дека фудбалскиот свет допрва ќе слуша за тивкиот, воспитан и ненаметлив Македонец кој доаѓа од скопски Бутел спремен да го покори фубалскиот свет и испишува историја преставувајќи и промовирајќи ја нашата земја Македонија“ - споделил Панчо покрај фотографиите од градската прослава на Наполи, заблагодарувајќи му се на Елмас  за укажаната можност и гостопримство. А Елмас како добар домаќин и пријател ги угости и удостои со се што е потребно Панчо и екипата, па дури и ги одведе на забавата која во еден ноќен клуб се одвиваше како дел од славеничката журка на поедини фудбалери на калчо шампионот Наполи. Најдобриот калчо стрелец Виктор Осимен или мозокот на екипата Пјотер Зјелински, како и еден од столбовите во одбраната Рахмани беа само дел од ѕвездите на Наполи со кои Панчо дружбата ја овековечи во заедничко селфи.
 
Ама затоа дружбата во ноќниот клуб беше незаборавна... Се пуштаа познати хитови, се пееше и танцуваше, до доцна во ноќта... На заминување, со носталгична фотографија полна спомени која Панчо ја сподели додека авионот го напушташе небото над Неапол, македонскиот ДЈ и ар ен би артист постирал: „Чао наполи, се гледаме наскоро“! Фото: Инстаграм принтскрин/djshortypofficial  ]]>

Ова е последната фотографија на Диего Марадона пред да почине: Неговиот вонбрачен син не стигна да го види својот татко (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-e-poslednata-fotografija-na-diego-maradona-pred-da-pochine-negoviot-vonbrachen-sin-ne-stigna-da-go-vidi-svojot-tatko-foto/ Thu, 26 Nov 2020 10:57:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=178237

Легендата на светскиот фудбал и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, големиот  Диего Армандо Марадона, почина во својот дом на 60-годишна возраст од срцев удар. Осамна последната фотографија од Марадона која е направена во болницата по операцијата, а како што може да се видите на сликата, тој има насмевка на лицето. Местото на главата каде што била извршена операцијата е покриено со завој и газа. Марадона имаше субдурален хематом, всушност акумулација на крв помеѓу мозокот и мембраната. Вонбрачниот син на Марадона бил примен во болница само 24 часа откако неговиот татко ја напуштил клиниката, каде што претходно бил опериран. Диего Марадона Јуниор бил заразен со коронавирус, па бил примен во болницата во Неапол. Марадона го призна својот вонбрачен син дури  во 2016 година, но на големо жалење поради Ковид 19, тој не можеше да го посети и за последен пат види својот татко.]]>