не треба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 22 Oct 2022 07:43:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png не треба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Зошто не треба да го бакнувате вашето куче во уста? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-ne-treba-da-go-baknuvate-vasheto-kuche-vo-usta/ Sat, 22 Oct 2022 07:43:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272531

Медицински асистент на ТикТок сподели зошто никогаш не треба да го бакнувате вашето куче во уста. Тиктокер зад профилот @medexplained2you објасни како бакнувањето куче во уста може да предизвика сериозни компликации по здравјето на луѓето. – Доколку го бакнувате вашето куче во уста, време е да престанете. Всушност, поради тоа би можеле да ги изгубите екстремитетите, вели тој во видеото кое е прегледано 2,3 милиони пати. Тој додаде дека бактеријата може да се пренесе од куче на човек и да предизвика некои прилично непријатни проблеми. – Ова е сериозна болест која може да предизвика широко распространета системска инфекција, септичен шок, па дури и гангрена, во зависност од тоа колку брзо напредува и кога ќе биде дијагностицирана. Ампутацијата може да стане единствениот третман. Зошто да не ја избегнете целата таа неволја и едноставно да престанете да го бакнувате вашето куче , што изгледа како лесно решение, рече тој, а со него се согласува и американскиот Центар за контрола на болести. – Ретко, бактеријата Capnocytophaga може да се прошири на луѓето преку каснувања, гребаници или близок контакт со куче или мачка и може да предизвика болест, вклучително и сепса. Повеќето луѓе кои биле во контакт со куче или мачка не се разболуваат. Луѓето со ослабен имунитет системите кои имаат потешкотии во борбата против инфекции, имаат поголем ризик да се разболат, стои на нивната веб-страница.]]>

Зошто не треба да останете пријатели со бившиот? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-ne-treba-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot/ Mon, 25 Nov 2019 14:15:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=120487

Психолозите сметаат дека не е добра идеја да останете пријатели со поранешниот партнер. Зошто е тоа така? Психотерапевтот Нина Атвуд, како една од причините зошто не треба да останете пријатели со поранешниот партнер ја наведува причината дека ќе продолжите да ги негувате чувствата кон него. Многумина од вас остануваат пријатели со поранешните партнери бидејќи сметаат дека така ќе го преболат раскинувањето, но не се во право. Сосема нормално е дека не сакате да ја изгубите личноста која премногу ви значи, но дружењето нема да ви биде од помош доколку сте тажни поради разделбата. Освен тоа, ќе ви биде тешко да продолжите понатаму. Со оглед на тоа дека ќе бидете во негова близина, ќе размислувате за повторно смирување. Кога парот ќе раскине, тоа обично е еднострана одлука, па доколку сметате дека тој/таа е сè уште вљубен во вас, не треба да му давате лажна надеж. По раскинувањето се прашувате дали сте ја донеле вистинската одлука, па ова пријателство уште повеќе ќе ве збуни. Освен тоа, кој би сакал да го гледа неговиот сакан како повторно се вљубува и започнува романтична врска? Доколку сепак одлучите да останете пријатели, бидете подготвени да се соочите со овие непријатни ситуации. извор: Кајгана]]>

Ова е најлошата работа која може да ја направите додека летате со авион https://arhiva.vistina.com.mk/ova-e-najloshata-rabota-koja-moze-da-ja-napravite-dodeka-letate-so-avion/ Mon, 15 Apr 2019 13:30:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=83072

Летот со авион после неколку часа знае да биде прилично вознемирувачки ако сите патници и екипажот во него не се однесуваат пристојно и не ги земат предвид останатите патници. Скапа храна, гласна музика, бебе кое плаче и безобразен персонал се само некои од работите кои најчесто ги нервираат патниците за време на лет со авион.
Според зборовите на Ана Гинграс, жена која многу често лета со авион, една работа сепак е полоша од сите претходно наведени. „Тоа се луѓето кои ги спуштаат своите седишта без оглед на тоа што некој друг седи позади нив“, рекла за „Outside Magazine“ и додала дека тоа е во ред и разбирливо, само ако летот ви трае подолго од четири часа и со претходно известување на патникот кој седи позади.
„Работата е во тоа што знаете дека не е во ред кога ќе го притиснете тоа копче за спуштање на седиштето, но во случај навистина да сте безобразни, сакам ова да го знаете: вашите активности имаат директни последици на луѓето околу вас - доколку му го земете просторот некому, тој потоа ќе му го земе на некој друг позади себе.“ Нејзините зборови набрзо се прошириле на Твитер, каде наишла на патници кои не се согласуваат и во тоа не гледаат проблем, додека повеќето сепак се сложиле и истакнале дека тоа може да биде прилично напорно и да го отежне летот. извор: точка.мк]]>

По јадењето ни случајно не треба да го правите ова… https://arhiva.vistina.com.mk/po-jadenjeto-ni-sluchajno-ne-treba-da-go-pravite-ova/ Tue, 26 Feb 2019 14:45:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=74832

Повеќето пушачи не се свесни колку штета му нанесуваат на својот организам со оваа лоша навика… Силната желба за цигара веднаш по јадењето е нешто со што може да се поистоветат повеќето пушачи. Често веднаш откако ќе се најадат пушачите палат цигата, а науката предупредува колку тоа е всушност штетно. Имено, цигарата особено ги иритира цревата, но и остатокот од дигестивниот систем кој тогаш влијае на целото тело. Никотинот од цигарите се врзува со кислородот во крвта бидејќи по јадењето, кога дигестивниот систем работи со полна пареа, полесно се апсорбира. Поради тоа пушењето веднаш по јадењето може да предизвика цела низа на тешки проблеми во дигестивниот систем, од иритација до сериозни болести. Лицата кои боледуваат од улцерознен колитис или синдорм на нервозни црева би требало да го избегнуваат пушењето во широка смисла, а оние кои се веќе пушачи би требало веднаш да се откажат од цигарата по јадењето бидејќи цигарите дополнително ги влошуваат симптомите на нивната болест. Бројни истражувања покажаа дека пушењето по јадењето е за 10 пати полошо од „нормалното“. Поточно, една испушена цигара има влијание како 10 цигари. Затоа по оброкот почекате малку пред да запалите цигара. извор: денар.мк]]>

Внимавајте какви фотографии од своето дете објавувате на Интернет?! https://arhiva.vistina.com.mk/vnimavajte-kakvi-fotografii-od-svoeto-dete-objavuvate-na-internet/ Thu, 15 Feb 2018 13:46:57 +0000 http://vistina.mk/?p=12957

Во одреден момент можеби ви се чини дека некоја фотографија од вашето дете е толку симпатична и убава што е штета да не ја споделите со вашите пријатели на социјалните мрежи.   Меѓутоа, пред да кликнете „објави“, помислете на приватноста на вашето дете и како таа фотографија може да се рашири на интернетот и како би влијаела понатаму во животот на детето. Сите случаи што ќе ги наведеме тука имаат врска со заштитата на приватноста на детето како индивидуа, а вие како родител треба први да се грижите за тоа. Фотографии на кои детето е голо Дали се фотки од бањање во када, на плажа или слично, слики на кои детето е голо, колку и да ви изгледаат вам наивно и невино, не се соодветни за објавување јавно. Можеби си мислите дека со тоа што вашите објави може да ги видат само пријателите на Фејсбук, сте заштитени, но не е така. Денес секој може да пристапи до вашиот профил на овој или оној начин и да ги злоупотреби тие фотографии. Исто така, помислете дека детето еден ден ќе биде возрасна личност и дека можеби нема баш да му годи што други луѓе го гледале голо. Фотографии што во иднина би можеле да го засрамат детето Сега ви изгледа симпатично што сте го фотнале детето во некоја смешна поза или облечено на смешен начин, но како и сите други фотографии споделени на интернет, таа фотографија ќе остане заекогаш, а еден ден можеби ќе биде причина детето да биде исмевано. Затоа, тие фотографии чувајте ги за домашна употреба. Фотографии на кои има и други деца Ова се однесува на заштита на приватноста на другите деца, покрај вашето. Ако сакате да објавите фотографија на која вашето дете си игра со други деца, побарајте дозвола од нивните родители бидејќи тие можеби имаат правило воопшто да не објавуваат фотки од своите деца на интернет.
]]>