не треба да ги правите – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 29 Dec 2020 09:08:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png не треба да ги правите – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Што не треба да правите пред и после сексуалниот однос? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-ne-treba-da-pravite-pred-i-posle-seksualniot-odnos/ Wed, 26 Aug 2020 12:15:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=164845

Сексот е многу повеќе од само физичкиот чин и треба да биде доживување што ќе им пружи задоволство и на двајцата партнери. Прочитајте кои работи не треба да ги правите пред и после сексуалниот однос.

Не брзајте веднаш да одите во тоалет

Можеби сте слушнале дека треба да уринирате веднаш откако ќе имате секс за да избегнете инфекција. Но гинекологот Џенифер Бамп вели дека ова не е точно - ве советува да останете во кревет и да уживате уште малку со вашиот партнер.

Внимавајте во која положба лежите

Доколку сакате да избегнете несакана бременост, избегнувајте да лежите на креветот со кренати нозе по сексот. На тој начин спермазотоидите ќе најдат начин да навлезат во грлото на матката.

Не јадете премногу

Намирници како што се овошје, житарки и мешункасти плодови може да создадат гасови во текот на сексот. За да ја избегнете оваа непријатна ситуација избегнувајте да јадете некои од овие намирници најмалку 1 до 2 часа пред да имате секс.

Не користете лубрикант со ментол

Се препорачува да користите лубрикант кој е направен врз база на вода. Лубрикантите кои содржат ментол може да предизвикаат иритација на вагиналното ткиво.

Исчистете ги секс играчките

Секс играчките обично се изработени од синтетички материјали и задржуваат бактерии. Темелно и навремено чистете ги за да одбегнете ризик од инфекции. извор: кајгана]]>

Денеска е Огнена Марија, овие работи никако не смеете да ги правите https://arhiva.vistina.com.mk/deneska-e-ognena-marija-ovie-raboti-nikako-ne-smeete-da-gi-pravite/ Thu, 30 Jul 2020 09:13:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161249

Светата великомаченица Марина е родена во Антиохија и е ќерка на жрец-идолопоклоник. На 15 (според други на 16 годишна возраст) по свирепо мачење ѝ била отсечена главата, околу 270 година. Тогаш се убиени и 15000 луѓе што поверувале во Исус Христос и ја прифатиле неговата вера кога на небото виделе знак додека била мачена светата великомаченица Марина. За спомен на нејзините страдања Светата православна црква нејзиниот ден го празнува на 30/17 јули. Во народот е позната како Огнена Марија и е господарка на оганот, но и покровител на сеидбите кои ги чува од поројни дождови и пожари. Како што може да се види во народното верување сиве овие три дена се поврзани со оган. Името на Кирик во некои краишта според дијалектниот говор е блиско до чурук-чуруци (народен назив на овој празник), во Антиноген, исто така, имаме асоцијација на оган, а и светата великомаченица Марина народот ја вика Огнена Марија. И не случајно овие три дена во народниот календар и во народното сфаќање одат заедно, под едно име Горештици (од горештина ‒ многу топло) или Чуруци (од чур, чад-оган), бидејќи и во народното верување бројот три има посебно значајно место. Во Велес се верувало дека „Чуруци фчурујат, запалујат куќите на тија што работат на тој ден, од тоа секого го стра да фане работа. Калајџиите празнуат тој ден за „чурец“. Во Охрид како што запишал Е. Спространов Света Марена ја држеле за да не стануваат бури. „Та ја пала – и креват снопојте и полоѕите. Ко да фатет ветришча, грмежи, дождој – да чуват Господ је“. Е. Спространов уште го забележал преданието дека „Света Марена била жива. Манастирот и се наоѓал во Лʼнга. Еднуш еден Турчин је го украл стреброто и го продал на еден кувенџија. Кувенџијата го стопил и се спалајл. Тога ошол во манастирот пред Света Марена и је се молел. Ко да се молел по кротко, та се смејела; а ко да се бијал пак, ко да плачел и таја плачела од жалба. Фенерлија је Света Марена и иконата нејзина је фенерлија“. Во Гевгелиско, празникот Св. Марена (Огнена Марија) го сметале за лесен праник, но сепак, сметале дека на овој ден не треба да се работи. Повеќе го празнувале жените зашто го сметале за женски празник. Празникот на св. Марена (Огнена Марија) како селски празник се празнува во селото Зубовце, Гостиварско. Според преданието некогаш кога фатила голема суша испукала земјата во полето. Кога сушата се заканувала со уништување на родот во полето чудотворната Огнена Марија го донесла дождот и подарила богат род. „И оттогаш во чест на светицата се држел еднонеделен строг пост со верба, со надеж и со очекување годината да биде сончева и врнежлива – плодна и бериќетна.“ Спроти празникот жените оделе во црквата „Света Марија“, каде што носеле лепче-проскурник (проскура), варена пченица и шише ракија. На денот на празникот и мажите и жените оделе во црквата на свечена утринска богослужба. Тука се осветувале панаѓиите што ги носеле некои семесјства, кои потоа се кршеле и се делеле меѓу присутните. Нафора (мали парлиња леб) се носеле дома и за здравје се давале на членовите од семејството коишто не биле во црквата на утринската литургија. По ручекот сите оделе на средселото на оро, а веселбата продолжувала до вечерните часови. На овој ден се правеле и по неколку свадби. По извесен прекин на празнувањето, поради атеистичкиот режим по Втората светска војна, последните години тоа повторно е обновено. Во црквата се носат панаѓии, се кршат на мали парчиња, а двајца што ќе ги најдат паричките се кумови за следниот празник. Кумовите со пијалок и мезе ги честат сите што присуствуваат на утринската литургија. И Ефрем Каранов запишал верување од Кратовско дека „Горешници се празнуват три дни и зафаќат на Свети Кирик и Јулита на крајот на јули. Тие се од оган: кој не ги празнува Горешници, ќе му изгоре нешто преку годината.“ Интересно предание за оваа светица забележал и К. Шапкарев. Тој сведочи дека таа го уловила ѓаволот за коси и го тепала по главата со чекан, а на тој ден 17 јули селаните ниту жнијат, ниту вршат во чест на светицата која ја сметаат за претставителка и покровителка на жетвата и воопшто на сеидбата како грчката Деметра и бугарската Жива. Шапкарев запишал предание и за некој што не сакал да го почитува споменот и да празнува и ги принудил селаните жетвари ‒ момоци да жнијат во тој ден. И ете, не по многу се запалила сетвата сама од себе, а истовремено ги повеал селаните силен ветар, та не само што непожнеаната сетва изгорела сама, туку и веќе пожнеаната и собраната на крстици, ставици, снопови и полози. Господарот на нивата, кој присуствувал на уништувачката на целата сетва, смајосан од неочекуваното чудо земал од се срце да се моли на св. Марена да му прости и да го угаси пожарот, при што викал: „Прости Св. Марено! Ти палиш, ти гасниш Св. Марено!“ Оттогај веќе на тој ден никогаш не жнеел. Очигледно во најтоплиот период од годината, на празнувањето споменот на неколкумина свети великомаченици народот му посветил посебно внимание поврзувајќи го со оганот и со потребата за заштита од пожарите што во овој период од годината не се ретки. извор: Миа ]]>

8 работи што (не) треба да ги правите за време на ретроградниот Меркур и на Денот на вљубените https://arhiva.vistina.com.mk/8-raboti-shto-ne-treba-da-gi-pravite-za-vreme-na-retrogradniot-merkur-i-na-denot-na-vljubenite/ Mon, 03 Feb 2020 13:45:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=132432

Ретроградното движење на Меркур ќе започне на 17 февруари, а ваквите движења предизвикуваат проблеми и збрки во сферите од животот со коишто управува Меркур. Тука спаѓаат комуникацијата, транспортот, технолошките уреди, распоредот и рационалното размислување. Ваквите проблеми вклучуваат праќање порака на погрешна личност, пропуштен состанок поради гужва во сообраќајот, појавување на погрешно место или проблеми со вашите апликации за состанување. Очигледно е дека овој транзит предизвикува проблеми кога станува збор за јасната комуникација и за правењето планови со вашиот партнер. Но, доаѓа и Денот на вљубените, па постојат многу мерки за претпазливост што можете да ги преземете за да избегнете некои од вообичаените стапици. Прочитајте ги советите на астролозите за да знаете што треба и што не треба да правите за Денот на вљубените и за време на ретроградниот Меркур.

1. Анализирајте ја и преиспитајте ја вашата врска

Ретроградните движења не постојат за да ви го уништат животот. Тие постојат за да ве натераат да забавите и да го разгледате патот па кој сте тргнати за да бидете сигурни дека се движите во вистинската насока. Или ќе да бидете сигурни дека ја трошите вашата енергија на вистинската личност или ќе продолжите понатаму.

2. Не избрзувајте со нова романтична афера

Не брзајте и одвојте доволно време за да ги запознаете и да ги разберете другите луѓе. Планетите имаат тенденција да ја замаглуваат вистината, па треба да бидете сигурни дека не проектирате идеализирана верзија на вистината во вашата реалност поради некои избрзани одлуки.

3. Бидете директни и јасни во вашата комуникација

Заобиколувањето и метафорите може да звучат романтично, но не се добра идеја за време на ретроградниот Меркур. Во овој период може да се случат некои недоразбирања, па не заборавајте да кажете отворено што мислите додека разговарате со своите најблиски. Бидете директни. Ако добиете чудна порака од вашиот партнер, побарајте појаснување пред да се вознемирите.

4. Не ги ставајте потенцијалните партнери на пиедестал

Риби, знакот во кој Меркур ќе започне со своето ретроградно движење, има тенденција да живее во фантазија. Ако премногу се потпирате на ваквата енергија за време на ретроградното движење, може да останете измамени и со скршено срце. Не правете идоли од луѓето и ако нешто ви изгледа премногу добро за да биде вистинито, отворете ги очите. Не дозволувајте да бидете занесени од бран емоции предизвикани од бонбони и цвеќиња.

5. Одржувајте ги границите во љубовта

Одржувањето на вашите граници во љубовта е задолжително за време на овој период. Време е да погледнете објективно на тоа што е помеѓу вас и на вистината за безусловната љубов. Направете чекор назад за да бидете сигурни дека ја заштитувате вистината и дека не ја трошите залудно својата енергија за некој друг.

6. Не очекувајте дека ќе стигнете навреме

Ретроградните периоди се познати по тоа што го изместуваат вашиот распоред. Без разлика дали одите на прв состанок со потенцијален партнер, на средба со стар пријател или на состанок со долгогодишниот партнер, одвојте доволно време бидејќи големи се шансите да не стигнете навреме.

7. Потпрете се на вашата интелигенција и објавете ги своите чувства

Планетата Меркур владее со вашето рационално размислување, но веројатно ќе се чувствувате збунето сè додека да започне нејзиното ретроградно движење. Пишувањето е секогаш препорачливо за време на ретроградниот Меркур, а вашата мисловна енергија ќе биде посилна од вообичаеното. Користењето на вашиот интелект за да се усогласите со вистинските потреби на вашето срце може да биде најдобрата стратегија и чекор напред во сите видови односи.

8. Бидете внимателни со поранешните партнери

Ретроградните движења имаат тенденција да ги натераат луѓето да ги анализираат врските од минатото. Во овој период, големи се шансите дека некој поранешен партнер ќе сака да ви се врати. Пред да го пречекате со раширени раце, одвојте малку време и простор за да размислите дали вреди да му дадете втора шанса. извор: кафепауза  ]]>

За да не ве бие малер: Овие работи никако немојте да ги правите на Нова година https://arhiva.vistina.com.mk/za-da-ne-ve-bie-maler-ovie-raboti-nikako-nemojte-da-gi-pravite-na-nova-godina/ Fri, 29 Dec 2017 19:07:29 +0000 http://vistina.mk/?p=8277

Новата година се поврзува со многу суеверија и верувања, за подобра иднина, поголема среќа и пронаоѓање на вистинската љубов… Пред почетокот на  новата година, ви ги пренесуваме најинтересните суеверија и верувања од целиот свет.  Според верувањата и обичаите следните работи никако не треба да ги направите на стартот на Новата година: Нова облека Луѓето веруваат дека ако на денот пред Нова година носат нова облека, во следната година ќе добијат многу нови алишта. Препорачливо е облеката да биде со црвена боја, затоа што црвената боја се смета за среќна. Но исто така се верува дека не треба да се пере облека или садови на 1. јануари. Постоела опасност некој да си замине од куќата во наредната година. Не плачете Се вели дека по секоја цена треба да избегнувате плачење и кршење предмети на првиот ден од Новата година, ако не сакате целата година да ви помине на сличен начин. Парите не смеат да излезат од домот Во некои земји се верува дека парите, накитот и другите скапоцености не смеат да се изнесуваат од домот на денот пред Нова година. Некои луѓе одат дотаму што не сакаат да го изнесат ниту ѓубрето, за да бидат сигурни дека во следната година домот ќе се збогатува, а нема да се осиромашува. Значи никако не се позајмуваат пари на 31 декември како ни  на 1. јануари, зашто ова значи 12 месеци материјални проблеми. Старата година треба да си замине Точно на полноќ, на Нова година, сите врати од домот треба да се остават отворени, за старата година да може непречно да замине, заедно со сите лоши нешта. Бакнете се на полноќ Речиси во целиот свет постои верување дека ако се бакнете на полноќ на Нова година, тогаш топлината и љубовта ќе продолжат во текот на целата година. Спротивно на тоа, ако не се бакнете точно на полноќ, тогаш ризикувате годината да ви биде неповолна и „студена“. Голем пропуст е да не се честита празник на драгите луѓе, бидејќи така ја привикувате емотивната дистанца во својот живот. Работа исто така да не се склопува на 1 јануари – тоа наводно значи дека работата нема да бви биде  успешна..., цела година.  
]]>