не сум грешница – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 27 Dec 2023 10:38:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png не сум грешница – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Не сум грешница“ е новата песна на Барбара https://arhiva.vistina.com.mk/ne-sum-greshnitsa-e-novata-pesna-na-barbara/ Wed, 27 Dec 2023 10:38:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332644

„Не сум грешница“ е новата песна на Барбара, што ја потпишува Тони Апостоловиќ, алијас Tony Show а снимена е во студиото на Драган Ристовски, кој е и продуцент на песната. Станува збор за балада, женска песна полна со копнеж, која на Барбара веднаш и се допадна. - Кога ја слушнав првата строфа: „Дали можам среќна да сум јас, душа боли немам глас, бара љубов, бара спас..,“ реков- тоа е тоа. Тоа сум јас и мојот живот испеан во една песна - вели таа“ За видео записот „Не сум грешница“ се погрижи продукцијата на авторот - Tony Show mk music кој и го режираше спотот. Спотот е работен на неколку локации во Скопје и во две цркви на Скопска Црна Гора: Св. Илија и Св. Троица. Во овој, слободно може да се нарече- проект учествуваше и инструменталистот Рикардо Хуна (кларинет) а пратечките вокали ги испеа Гога Вучиќ. Бидејќи има убави спомени од учеството во регионално најпопуларното музичкото шоу „Никад није касно“, Барбара планира песната да ја промовира и во Србија а за тој пазар е направен аудио и видео запис на српски јазик. Инаку, секое доаѓање во Македонија за Барбара е вистински празник, ја прави многу среќна дружбата со нејзините пријатели и драгите колеги.   -Живеам и работам во Швајцарија од 1988 година, во фирма за оптика. Но, песната, поточно музиката ме прави многу среќна. Додека работам на микроскоп, работниот ден го почнувам и завршувам слушајќи музика и на тој начин добивам поголем елан за работа.“ Музиката е тоа што ја движи, вели, целиот оптимизам што го има, доаѓа токму од песните. А најновата песна, „Не сум грешница“ ќе и биде движечки мотор за цела Нова 2024 година. Промоцијата е закажана за понеделник, 8 јануари, (19 ч) во кафе- барот Greenet.]]>