не се идеални – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 11 Nov 2021 13:04:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png не се идеални – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Хороскопски парови кои не се идеални, ама ќе успеат ако се потрудат https://arhiva.vistina.com.mk/horoskopski-parovi-koi-ne-se-idealni-ama-kje-uspeat-ako-se-potrudat/ Thu, 11 Nov 2021 14:15:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=226963

Општото астро правило е дека огнените знаци добро функционираат со воздушните, а земјените со водените знаци. Но, тоа не значи дека не може да процвета љубов и да се одржи долга и значајна врска и во други астролошки комбинации. Овие хороскопски двојки можеби не се идеални на прв поглед, но може да успеат, ако се потрудат.

ОВЕН И РАК

Овен и Рак изгледа како лоша комбинација од самиот почеток. Овенот е импулсивен огнен знак кој сака да е во движење, а Ракот е чувствителен воден знак кој сака да е во домашно опкружување. Но, родените во знакот на Ракот се полни со љубов и поддршка и ќе им помогнат на партнерите Овни да се чувствуваат поудобно во своите емоции, додека Овните им помагаат на Раковите да ја откријат својата поавантуристичка и страсна страна. Оваа врска може да биде многу длабока, само партнерите треба да си дозволат другиот да го изврши потребното влијание.

БИК И ВАГА

Воздушните знаци како Вагата и земјените како Бикот не важат за најдобриот пар бидејќи се навидум неспоиви елементи. Бикот е приземјен, бавен и сака да знае што точно ќе се случува во иднина, додека Вагата е непредвидлива, интуитивна и често го менува мислењето. Сепак, двојката од овие два знака би можела да просперира бидејќи и двата се поврзани со Венера, планетата на љубовта. Поради заедничката владејачка планета и едниот и другиот знак се приврзаници на романтиката и убавите нешта во животот. Комбинацијата Бик-Вага може одлично да функционира кај двојка во која двајцата се уметници.

ЛАВ И ЈАРЕЦ

Една од главните причини зошто се смета дека ова е невозможна астро комбинација е фактот дека Лавовите сакаат многу внимание од своите партнери. Јарците, пак, се познати по тоа дека работата им е на прво место. Но, и покрај ова, овој невообичаен пар може да успее. Приземјениот Јарец може да му помогне на огнениот Лав да се фокусира, а романтичниот Лав може да му помогне на стегнатиот Јарец да се опушти. И двата знака се изразено преамбициозни, па сѐ додека не си се конкуренција еден на друг, Лавот и Јарецот може да се туркаат нагоре еден со друг и да формираат моќна несопирлива двојка.

РИБИ И СТРЕЛЕЦ

Рибите и Стрелците се пример за знаци кои имаат огромна сексуална тензија меѓу нив. Стрелецот им делува на Рибите несериозно и незрело, а родените во знакот Риби може да им изгледаат премногу чудно и несфатливо на расеаните Стрелци. Оваа врска можеби ќе има многу расправии и тензија, но сексуалната енергија е толку силна што може да ги држи „во мрак“ доволно долго за да се развијат подлабоки емоции. извор: кајгана ]]>