не с заедно – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 20 Jan 2021 12:10:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png не с заедно – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Толку од љубовта на Бен Афлек и Ана де Армас: Познатата холивудска двојка повеќе не е заедно https://arhiva.vistina.com.mk/tolku-od-ljubovta-kaj-ben-aflek-i-ana-de-armas-poznatata-holivudska-dvojka-povekje-ne-e-zaedno/ Wed, 20 Jan 2021 12:04:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=185969

Бен Афлек и Ана де Армас наводно прекинале по една година врска. Извори блиски до парот истакнуваат дека раскинувањето било обострано и дека секој одлучил да продолжи по својот пат.
„Бен повеќе не е со Ана. Таа ја прекина нивната врска која и онака беше комплицирана. Таа не сака да биде во Лос Анџелес каде Бен живее поради своите деца“, изјавил пријател на актерката за магазинот „People“.
„Нивните животи се потполно поинакви. Бен сè уште работи на себе, има многу работа и сака да им се посвети на децата. И двајцата се среќни со своите животи, но токму тоа и бил проблемот помеѓу нив“, тврди извор близок до Ана. Иако во последните неколку недели се чинеше дека нивната врска станува сè посериозна, сепак на 48-годишниот Бен и 32-годишната Ана не им било судено. Парот во декември откри дека живее заедно, а празниците ги поминале со децата на Афлек.
Инаку, Бен и 16 години помладата де Армас неодамна снимија нов заеднички филм, а американските медиуми започнаа да шпекулираат дека парот се верил бидејќи Ана носела голем прстен на раката. Сепак, се чини дека причина за тоа било снимањето на филмот, но парот тогаш не ги коментираше ваквите наводи. Афлек и Армас се запознале и зближиле на снимањето на еротскиот трилер „Deep Water“ во кој глумат пар. Тие не ја криеја својата заљубеност, а папараците уште од самиот почеток ја следеа нивната врска. Извор: Точка.мк
]]>