не миго чепкај пивото – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 23 Jul 2020 12:03:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png не миго чепкај пивото – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Скопско лето: Претстава „Не ми го чепкај пивото“ во Куршумли Ан https://arhiva.vistina.com.mk/skopsko-leto-pretstava-ne-mi-go-chepkaj-pivoto-vo-kurshumli-an/ Thu, 23 Jul 2020 12:03:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=160245

Во рамките на „Скопско лето 2020“, на 27.07.2020 (понеделник) во просторот на „Куршумли Ан“ со почеток во 20:30 часот ќе со одигра премиерата на претставата „Не ми го чепкај пивото“. Тоа е претстава за тројца патници кои во недостиг на вистинска љубов бараат љубов што не е вистинска. Еротика. Љубовни интереси. Соголување. Пиштол. Секс. Дрога. Пари. Власт. Моќ. Страст. Лага.  Од се' по нешто во нешто што е измрдано и не вреди, но постои и ќе го видиме. Претставата „Нe  ми го чепкај пивото!“ е авторски текст на актерите и режисерот инспириран по текст на Армуш Бериша Бели. Оваа театарска комедија е можност за љубителите на уметноста и театарот (низ многу смеа и позитивни вибрации) да ја согледаат сликата за луѓето во “градот”. Инспирацијата актерите ја црпат од секојдневието кое го живеат, сведочат и од себе го вадат тоа што го сакаат за ликовите. Сите ликови носат своја комплексност за илузиите и стравовите на ова време. Станува збор за современа тематика за која денес слободно може да кажеме дека е модерна. Режисер е Ѓорѓи Ризески, а актери кои ги играат улогите во претставата се: Јулија - Надица Петрова, Срѓан - Давид Илиќ и Слободан - Бобан Алексоски. Кореограф и сценски движења- Ирена Лозинска, асистент режија- Тамара Стојаноска, сценограф- Мартин Манев, дизајн на плакат- Александра Таушанов и Владимир Димковиќ, камера и монтажа на видео- Доан Доѓан. Претставата е во продукција на  театарот „Златен елец“ Скопје. ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ПУБЛИКАТА: Согласно објавените протоколи бројот на публиката ќе биде ограничен и задолжитело ќе биде почитувањето на препорачаните мерки: - носење заштитни маски, - мерење телесна температура - одржување на пропишаната физичка дистанца меѓу посетителите во гледалиштето, - дезинфекција, - влезот на публиката ќе започне во 20:00 часот Согласно Протоколите заради регулирањето и контрола на бројот на публика ќе се продаваат влезници по ептен симболична, фестивалска цена. Влезниците за настаните ќе се продаваат онлајн преку: kupikartizase.com или во салонот на „Југотон“ во Градскиот трговски центар.]]>