(не) личи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 29 Dec 2022 10:05:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png (не) личи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Поранешниот сопруг на Анѓелка Прпиќ најде утеха во бринета: Девојката на Дарио воопшто не личи на популарната актерка (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/poraneshniot-soprug-na-angjelka-prpikj-najde-uteha-vo-brineta-devojkata-na-dario-voopshto-ne-lichi-na-popularnata-akterka-foto/ Thu, 29 Dec 2022 10:04:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282127

Набргу по разводот, поранешниот сопруг на Анѓелка Прпиќ најде утеха во бринета, а набрзо и ја открија својата врска во јавноста. Во медиумите стана вирална веста дека актерката Анѓелка Прпиќ е бремена со најдобриот пријател на нејзиниот поранешен сопруг, Дариј Прпиќ. Анѓелка се разведе од Дариј Прпиќ во 2020 година, со кој го има синот Јакша. Како што тогаш пишуваа тамошните медиуми, нејзината жешка сцена во машината за перење со колегата Драган Миќановиќ во серијата „Жени од Дедиња“ им ја нарушила врската. Наводно, Дарио и направил проблем на Анѓелка по емитувањето на епизодата на телевизија, бидејќи тој тврдел дека таа ги надминала границите на глумата и дека премногу се внела. Набргу по разводот, Дарио најде утеха во занесна бринета, а набрзо и ја открија својата врска во јавноста. Познато е дека извесна Ана, со која е во врска, има и син од првиот брак, исто како Дарио со Анѓелка. Тие двајца не кријат колку се заљубени, а на јавноста редовно и покажуваат колку уживаат во својата љубов. Фото:Принтскрин/Дамир Дервишаѓиќ/Инстаграм]]>

Вака изгледала денес познатата македонска пејачка како девојче: Да не знае дека се таа и сестра и на сликата, ни сама не би се препознала (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-izgledala-denes-poznatata-makedonska-pejachka-kako-devojche-da-ne-znae-deka-se-taa-i-sestra-i-na-slikata-ni-sama-ne-bi-se-prepoznala-foto/ Thu, 28 Oct 2021 07:08:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224904

Времето ги менува луѓето, годините влијаат и на созревањето и на физикусот, па затоа сите ние имаме стари фотографии, кои се нашите чувари на спомените. Како потсетници на минатото, на детството, младоста, старите добри,  безгрижни времиња... И одвреме-навреме знаеме да ги побараме, да ги извадиме и погледнеме, за да се потсетиме колку всушност сме остареле или видоизмениле, колку сме денес поразлични во секој поглед од тоа време, од она некогаш, кога таа фотографија е направена. Спомените ги будат и емоциите, ги растреперуваат чувствата, па така обземени од носталгија,  користејќи ги современите алатки на денешницата, спомените неретко ги споделуваме на социјалните мрежи, за да се потсетиме и себеси и другите што не познаваат од малечки како сме изгледале, а оние другите што не знаат „од вчера“ да се зачудат и погодуваат за кого се работи или пак веднаш на прва да речет: „Да тоа си ти... Ист(а) си...!“ Токму вакава ситуација приреди денес познатата македонска пејачка, некогашна членка на женската вокална група „Фор плеј“, Нина Јанева. Таа сподели еден фото-колаж  од две идентични фотографии или поточно фото-пози на кои е фотографирана со нејзината сестра. И тоа некогаш и сега... Пред „извесен број“ години кога обете биле малечки девојчиња и денес, кога двете се веќе возрасни дами. И ако убаво го погледнете своевидниот „фоторимејк“, не може да не забележите дека сестричката е препознатлива, зашто и денес ликот многу не и е изменет, додека Нина Јанева...?  Да не знае дека се таа и сестра и на сликата, веројатно ни самата не би се препознала?! Или можеби и не е баш така? Иако се' е работа на лична перцепција, едно е сигурно, доколку не ја познавате од порано, од девојче, Нина на оваа фотографија сигурно не би ја препознале, ако некој не ви соопшти и не ве изненади за кого се работи! Како што сите ги изненади и пораката или поточно еден од коментарите под објавената ретрофотографија на Нина, во кој една нејзе блиска личност која ја познава од раѓање меѓудругото напишала: „Памтам Нина кога се роди долго време немаше име. Првото име и беше Трпана!?“... Нина или Трпана, прашање е сега? Или можеби само  баш најдобро „не се разбира“ напишаното, па она Трпана се однесува на некој(а) друг(а) од „екипата“? Како и да е, Нина Јанева должи образложение дали таа е несудената Трпана, а вие должите признание, дали на насловната фотографија воопшто ја препознавте? Фото: Фејсбук  и Инстаграм принтскрин/ nina_phoenixgram  ]]>