не е вода – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 09 Apr 2021 19:15:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png не е вода – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Жешка и разголена: Вака изгледаше Цеца сликана за „Плејбој“ пред 15 години, а еве дали истото би го направила и Анастасија? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/zeshka-i-razgolena-vaka-izgledashe-ceca-slikana-za-plejboj-pred-15-godini-a-eve-shto-veli-dali-istoto-bi-go-napravila-i-anastasija-foto/ Sat, 10 Apr 2021 07:13:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=173753

Жешка и разголена, фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ позираше за српското издание на најпознатото списание за мажи „Плејбој“, пред 15 години. Иако не се соблече сосема гола, како што обично се случува со оние кои ги красат насловниците на овој магазин, фотографиите беа подеднакво предизвикувачки, а позите доволно провокативни. Во ар ен би стил, само по градник, во кусо розово крзнено капутче и ланци на себе, Цеца личеше на Џеј Ло, а на главата носеше кожно капче со натпис: „богата“! Тоа издание на „Плејбој“, очекувано имаше многу поголем тираж од вообичаениот. Нејзината ќерка Анастасија неодамна во интервју за српскиот магазин „Ало“ изјави дека би го сторила истото како и нејзината мајка, но под услов да не е сосема гола, туку само во бикини и секси додатоци како Цеца. Што значи дека сепак, крвта не е вода! Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин ]]>

Крвта не е вода: Еве чије дете е Огнен Здравковски-Македонецот што растура во „Гранд“! https://arhiva.vistina.com.mk/krvta-ne-e-voda-eve-chije-dete-e-ognen-zdravkovski-makedonecot-shto-rastura-vo-grand/ Wed, 14 Mar 2018 08:37:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=15967

Македонија очигледно по многу нешта е земја на апсурди, па така е и со естрадата! Додека домашната  тоне во зачмаеност, апатија и летаргија, Македонците растурааат во „Гранд“. Ниту една епизода, ниту едно неделно издание на регионалното музичко талент шоу не може да помине без да блесне некое од нашите деца, нашите музички таленти.
Елена Миленковска, Стефан Величковски, Огнен Здравковски...  помалки или повеќе познати на домашната естрадна сцена, на онаа големата на „Гранд“ во Белград, наголемо ги собираат аплаузите, ги изнудуваат насмевките, предизвикуваат воодушевување и еуфорија и кај публиката и кај жирито. И колку сето тоа да е само шоубизнис, само еден огромен естраден циркуз, нашите „(идни?) ѕвезди“ се меѓу најблескавите во грандовото соѕвездие.
Последниот блесок на нашиот Огнен Здравковски е најдобар пример за потврда на веќе кажаното. Излезе на сцената и оддува...Со својот фантастичен настап покажа дека е квалитетен пејач, кој го остави срцето на сцена, а емоциите и експресијата и ги подари на публиката... Жирито нормално, тоа не можеше да не го забележи и со максимелен број на гласови, ете го нашиот Оги „директ драјв“ во третиот круг. Ама по се изгледа дека ништо не е случајно.
На една од фотографиите што неодамна ги објавивме Огнен образ до образ со Александра Пријовиќ. За неа се знае чија снашка наскоро ќе биде. Ама, знаете ли чије дете е Огнен Здравковски?
Според презимето, такво не носи ниту едно познато музичко семејство во Македонија? Ама според гените и крвта во жилите, тој припаѓа токму на една од најпознатите  македонски музички фамилии - Џорлеви! Внук на легендата на македонската фолклорна музика  Наско Џорлев, син на неговата ќерка, пејачката Софче и внук на вујко му, маестро Зоран Џорлев! Сега е се појасно, нели?
Како што е јасно дека „крвта не е вода“! Така велат постарите, така тврди и вујче!  Особено ако си нов ластар од споменатата музичка лоза! https://www.youtube.com/watch?v=T7RKuvO5n88 Фото: Инстаграм принт скрин]]>