не е повеќе – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 11 Mar 2024 13:05:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png не е повеќе – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Патот до успехот“ на Мишко Иванов заврши со негово заминување… или „изнуден отказ“ од ТВ 24?! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/patot-do-uspehot-na-mishko-ivanov-zavrshi-so-negovo-zaminuvane-ili-iznuden-otkaz-od-tv-24-foto/ Mon, 11 Mar 2024 10:25:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341863

Мишко Иванов беше долгогодишен новинар и една од ударните перјаници во „ТВ 24“! Еден од главните ликови на вестите но и  автор и водител на серијалот на “Патот до успехот”, каде правеше интервјуа за животните приказни на познатите фаци и јавни личности  не само од Македонијам туку и  од целиот регион! И кога по речиси 12 години верност се очекуваше напредок, можеби повеќе од она што беше, Иванов одненадеж како „гром од ведро небо“ ја информираше и шокираше јавноста  дека се повлекува од телевизијата. Роден штипјанец, како и основачот на ТВ 24 и кабловскиот оператор Телекабел, Роберт Димитров, па многумина уште со  првото појавување на Мишко Иванов на телевизијата, прокомнтираа дека е во прашање „штипска врска“. По 12-ина години  Иванов ја напушта ТВ 24. Самиот по своја волја си заминува или е во прашање „изнуден отказ“, е друго прашање?! Како и да е, очигледно се работи за  некакво недоразбирање помеѓу сопственичката структура и новинарот,  па  „патот до успехот“ на Мишко Иванов заврши со заминување од ТВ 24! За потсетување кон крајот на јануари годинава, дојде до промена на сопственичката структура на 24 Вести, откако скопјанецот Зоран Киш, инаку поранешен директор на кабелскиот оператор „Телекабел“ преку фирма регистрирана во Србија е новиот сопственик на телевизијата. Тој, лани во септември ја основал фирмата „Комнет 328“ во Белград, со дејност „производство и емитување телевизиска програма“. Телевизијата неодамна доби и нов главен и одговорен уредник, па така на местото на Анета Додевска, беше назначена Мирјана Трпчевска. Одлуката за ваков радикален чекор Мишко Иванов ја обзнанил и на својот Фејсбук профил каде срамежливо ги наговестил причините... Финансиски, политички или обете, знае само тој самиот кога ги споменува „новите ветришта“ и самиот тој на таа „ветрометина“! Како и тоа каде ќе ја продолжи својата новинарско-водителска кариера. Она што е сигурно дека повеќе не е дел од ТВ 24, но и дека од професијата, во која пред многу години почна како музички новинар во штипското радио со национална фреквенција Канал 77  - не се откажува. Еве што споделил Иванов на својот Фејсбук:
КРАЈ НА ЕДНА ЕПОХА ОД МОЈОТ ПРОФЕСИОНАЛЕН ЖИВОТ!
Драги мои пријатели
Сакам да ве информирам дека мојата приказна со ТВ 24 заврши денеска, и официјално. Се разделивме спогодбено.
Прво, сакам да ја искористам приликата да се заблагодарам на менаџментот на ТВ 24 за дадената можност да бидам дел од тим со кој изминативе скоро 12 години (од септември 2012) успеавме да ја етаблираме телевизијата во вистински бренд и да ја направиме вистинска граѓанска телевизија.
Сакам да им се заблагодарам на сите колеги од уредници, репортери, момтажери, сниматели, камермани, организатори, реализатори, на оние кои беа и кои се во ТВ 24 за се што поминавме заедно и во добро и во лошо.
Благодарам.
Овие 12 години горд сум на Патот до успехот, на Студио 10, на дневниците кои ги уредував, за тоа впрочем говорат и наградите.
Но, сепак најголемата и најдрага награда ми е подршката од вас почитувани мои гледачи.
Е сега, тргнувајќи од пораката - Во Македонија се ќе ти простат, но успех никако, веројатно тука некаде ќе треба да бараме некакви причини.
Почнаа да дуваат некои нови чудни ветришта, во кои едноставно не се разбравме, дополнително што влегуваме во предизборен период. И како велат, време е да се прекине нешто, кога е најубаво.
Драги мои
Време е за нови предизвици. За многу скоро повторно ќе се дружиме. Одиме уште посилно.
… До успехот со Мишко Иванов, не смее да прекине. Едноставно тоа е најдоброто нешто кое ми се има случено мене, на вас, на сите во ова време невреме. И затоа мора да продолжи.
Бидете живи и здрави. Се гледаме наскоро.
Со почит Мишко Иванов.
 Фото: Фејсбук/Инстаграм/patotdouspehot_miskoivanov
]]>