наздрави за среќа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 27 Mar 2019 12:17:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png наздрави за среќа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Јордан Митев уште еднаш – „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jordan-mitev-ushte-ednash-nazdravi-za-ljubov-nazdravi-za-srekja-video/ Wed, 27 Mar 2019 12:17:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=79637

Фолк пејачот Јордан Митев деновиве го промовираше неговото најново видео за темата „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“, песна која е вистински хит во нашата земја и особено кај нашинците надвор во дијаспората.
Едноставно, песна во која се пронаоѓаат сите генерации, а самиот Митев е комплетен автор на музиката, текстот и аранжманот, додека истата е снимана во скопското студио „Анастасија“, под продуцентската палка на Љупчо Павловски. Инаку видеоспотот го изработила  „Арт продукција“, а снимањето се одвивало во родниот град на пејачот, Радовиш.
Ова е една од ретките новосоиздадени фолк теми, која има и атрибути на популарност, но во себе содржи квалитет и издржаност, па затоа има и од самиот старт имаше тенденции ем да биде хит кој ќе се свири и пее насекаде, ем предиспозиции да остане една од оние, вечните, кои никогаш не стареат… Македонски фолк евергрин, по теркот на незаборавните фестивалски евергрини од Фолк фест Валандово, Цветници, Филиграни…
„Навистина ми е премногу драго што успеавме да го завршиме и промовираме спотот за оваа тема, која според реакциите на нашите Македонци, навистина од ден во ден станува сè повеќе и повеќе популарна како песна. Сакам да им се заблагодарам на сите во тимот, односно на екипата која стои зад целиот овој проект, како и на статистите кои дадоа свој печат во сето ова. Спотот ќе придонесе само уште повеќе да живее и да се негува оваа песна, а тоа е главен двигател за нас пејачите и понатаму да создаваме квалитетна македонската народна песна“, вели Јордан.
Наскоро Митев ќе ја изненади публиката со уште едно видео, а овој пат снимањето ќе биде надвор од границите на нашата земја. Дотогаш погледнете го видеото за „Наздарави за љубов, наздрави за среќа“: https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=vK-1K01ha0o]]>

Јордан Митев има фолк хит, евергрин – „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“ (ЛИРИК ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jordan-mitev-ima-folk-hit-evergrin-nazdravi-za-ljubov-nazdravi-za-srekja-lirik-video/ Tue, 11 Dec 2018 11:17:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=62508

Македонскиот фолк пејач Јордан Митев има нова песна. Познат по неговите песни чии стихови имаат  патриотска содржина, заради кои, како и заради настапите во селата и градовите по Егејска Македонија имаше реперкусии од властите на нашиот јужен сосед, Митев знае да испее, но и да напише и прекрасни македонски новосоздадени љубовни фолк песни. Токму оваа, новата, насловена „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“ е една од оние, која зборува за љубовта, за животот  кој е еден и не е вреден ако не го живееш... онака како што треба, како што сакаш, како што заслужуваш!
Комплетен автор на темата ( музика, текст, аранжман) е самиот Митев, додека како продуцент се јавува Љупчо Павловски, а песната е снимена во музичкото студио „Анастасија“. Ова е една од ретките новосоиздадени фолк теми, која има и атрибути на популарност, но во себе содржи квалитет и издржаност, па затоа има и тенденции ем да биде хит кој ќе се свири и пее насекаде, ем предиспозиции да остане една од оние вечните, кои никогаш не стареат... македонски фолк евергрин. По теркот на незаборавните фестивалски евергрини од Фолк фест Валандово, Цветници, Филиграни... Веруваме дека Митев ќе најде можност и да ја визуелизира истата со видеоспот, а дотогаш преслушајте ја и уживајте во стиховното „лирик видео“ на пејачот. https://www.youtube.com/watch?v=b6hThMbYj0g]]>