навивачка химна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 17 Jun 2021 08:01:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png навивачка химна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Саше Љолес и Панчо – ДНК влегоа во конфликт… или само во полемика: „Има само една и единствена навивачка химна за нашите фудбалери и се вика…?“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sashe-ljoles-i-pancho-dnk-vlegoa-vo-konflikt-ili-samo-vo-polemika-ima-samo-edna-i-edinstvena-navivachka-himna-za-nashite-fudbaleri-i-se-vika-foto/ Thu, 17 Jun 2021 08:01:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=207370

„Македонија на Европско“ или... „Одиме на на Европско првенство“... Или можеби „Але, але Македонија“ или...? Историјата испишана, онаа фудбалската за Македонија се разбира, ама има ли македонска историја без недоразбирања? Откако сме учеле на училиште ( по старата добра програма, не оваа „диригирано - дигиталната“), низ историјата векови наназад не следат поделби!? Од антика, ако сме антички Македонци, преку Самоила ако сме Словени, Гоце, Јане... и останатите војводи и комити во турско, преку Рацин, Ченто... и останатите партизани во НОБ, па се' до денес... Патриоти и предавници, „комуњари и вмрони“, „каури и шиптари“... Црно-бел свет на поделби откако е света и века кај нас...! Затоа и не изненадува иако многумина можеби и се зачудија, кога и на најголемиот историски спортски или поточно фудбалски успех на Македонија - страните се поделија. Овој пат,оние естрадните...! Или барем така изгледа!? Ама да тргнеме со ред! Имено, естрадните уметници како Саше Љолес и Пеце -„Суперхикс“ први се сетија или не се сетија, ама секако први ја обзнанија и потоа и објавија идејата за македонска навивачка химна за тогашпретстојното, сега тековното ЕУРО 2020 кое заради корона пандемијата се игра година подоцна низ речиси цела Европа. Набргу нивната „Одиме на Европско првенство“ под името „ВИС Рисови“ беше промовирана и со одлично видео поддржана и од ФФМ и од фудбалерите, естрадата, навивачите, целата спортска и обична јавност. Не помина многу, добивме уште една таква навивачка песна наречи ја, химна  викајте ја... како сакате, но факт е дека Панчо и Андреј од ДНК и пријателите ја исфрлија во етерот „Македонија на Европско“ заедно со видеоспотот во кој одново се нашите фудбалери, познати и јавни личности, дел од естрадата... Слично ама различно, концептот тој, идејата исто толку племенита, само песната поинаква. Само неколку дена подоцна, осамна уште  еден полуаматерски обид за нешто слично, не така раскошен ниту музички, ниту визуелно како претходниве два насловен: „Але, але Македонија“ отпејаа и аматерски го визуелизираа две девојки и едно момче: Невена, Калина и Наум Нешковски.  Трета песна или навивачка химана за Македонија на ЕУРО 2020, како сакате наречете ја, ама ете ја... и неа ја има. И нема ништо лошо во сето тоа - напротив, убавината е во разновидноста, во различноста, во лепезата од идеи, звуци и слики, сплотени во две бои: Црвена и жолта и една единствена желба за што поуспешен настап на Македонија на ЕУРО 2020. Арно ама, да се вратиме на почетокот... На „вечното проклетство“ и дилемата може ли кај нас да има едно убаво нешто со заеднички желби, без да има поделби? Имено, авторите на првично споменатите две навивачки песни или химни заминаа за Букурешт да ги бодрат македонските фудбалери. Не е познато дали се најдоа низ улиците на романската метропола илисесретнаа на трибините на Националната арена, ама затоа Саше Љолес и Панчо-ДНК „се најдоа“ на социјалните мрежи, па на Фејсбук влегоа во конфликт... Или само во полемика: Дали има само една и единствена навивачка химна за нашите фудбалери на ЕУРО и како таа се вика? Или во превод:  Која од нивните две е официјалната химна, а која само „обична навивачка песна“?   Саше Љолес прв објави на својот ФБ прифил дека неговата/нивната, онаа на ВИС „Рисови“ насловена „одиме на Европско првенство“ е една и единствена...!? Владимир Блажев, алијас Панчо - ДНК не издржа да не одговори на латентната провокација: „ Стварно е една, единствена и најдобра“ - возврати на Фејсбук. „Единствена официјална и уште неколку неофицијални“ - потенцираше Саше Љолес, на што следеше ново возвраќање од Панчо во „вербалната пинг-понг преписка“ на двајцата естрадни уметници:
„Ама неколку песни - не химни“.
Потоа Саше Љолес проба да ја „спушти топката“, веројатно сфаќајќи дека „разжестувањето на битката“ не води никаде: „Нека се прават што повеќе песни и нека се слави овој успех!“ - одговори Љолес и додаде: „Кој како сака нека си ги вика бе брат“ - на што Панчо веројатно задоволен од одговорот и костатацијата „остана нем“!
Невена, Калина и Наум Нешковски и нивната „Але, але Македонија“, никој не ги спомна. А и таа навивачка химна или песна за Македонија на ЕУРО 2020 нели е, каква и да е?!
За „навивачките  класици“  и да не говориме. “Црвена боја ми е најмила“ на Ристо Самарџиев и Дарко Мијалковски, „Само за Македонија“ на бендот „Дени те чува“  или „Македонија навива за вас“ на Александар Митевски, испеана од Тоше, останаа забаталени во некое зафрлено навивачко ќоше или...?!
Или „овие деца“ се водеа по максимата: „Сега е наше време“, а Македонија... Вечна!
Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/djshortypofficial/Sase Ljoles
]]>

ДНК со дел од македонската естрада, фудбалерите и останати спортисти во новата навивачка химна – „Македонија на Европско“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dnk-so-del-od-makedonskata-estrada-fudbalerite-i-ostanati-sportisti-vo-novata-navivachka-himna-makedonija-na-evropsko-video/ Tue, 01 Jun 2021 12:29:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=205109

Македонија доби уште една навивачка химна. Дел од македонската естрада одново се сплоти и заедно со фудбалските репрезентативци и останатите спортисти, тие предводени од селекторот Игор Ангеловски - Мрме, пејачите и музичарите од Панчо и Андреј од ар ен би дуото „ДНК“ ја направија „Македонија на Европско“. Оооо оооо Македонија на Европско.... Сите сплотени сме заедно.... Оооо оооо Македонија на Европско сите дишеме ко едно... вака гласи рефренот од новата песна со наслов „Македонија на Европско“ со која момците од ДНК ќе ги бодрат нашите фудбалски репрезентативци на претстојното Европско првенство. И не само Панчо и Андреј поддршка на црвено-жолтите им даваат еден куп колеги – музичари, спортисти, актери, пријатели на ДНК и вљубеници во спортот и фудбалот, кои се дел од уникатното видео, кое зрачи со љубов и желба за победи и што е можно подобар пласман на нашите момци. - Им посветивме песна на фудбалерите кои се наши херои, и не само наши, на ДНК, туку на цела нација. Затоа решивме да направиме и вакво видео во кое буквално целата естрада за прв пат е собрана заедно на едно место, во друштво на спортисти, актери... и сите во одлична навивачка атмосфера. И затоа сме им благодарни на сите кои имаат свое место во овој видеозапис. Сакаме навистина и од СРЦЕ да им се заблагодариме на сите, особено на нашите фудбалери за одвојувањето од нивното време да снимат кратко видео каде што сите ќе ги видат во едно поинакво светло од она на терен. Вистински професионалци од прв до последен, вклучувајќи го и селекторот Ангеловски. Особено мора да му се заблагодариме на Илија Несторовски, кој беше главна алка и спојка, и кој воедно ги потсетуваше сите навреме да испратат видео, велат Панчо и Андреј, кои се особено горди на тоа што дел од кадрите им припаѓаат и на оние кои се главни јунаци во целата оваа приказна – фудбалските репрезентативци. - Големо благодарам од нас оди и на сметка на Агенцијата за млади и спорт и директорот Наумче Мојсовски, затоа што несебично ни излегоа во пресрет и ни помогнаа околу логистиката, велат момците од ДНК. Како автори на оваа песна и овој пат се потпишуваат Панчо и Лазар Цветковски, во чие студио и е снимена, продуцирана и мастеризирана „Македонија на Европско“. Видеото, пак, е со потписот на режисерот Владимир Митревски - Ѓуле. И да, во спотот премиерно се појавува и подмладокот на бендот, односно новите членови Андреја (10 г.) басисит, Марјан (6 г.) тапанар и Јана (5 г.) клавијатури и придружен вокал. - Веруваме во песната, веруваме во момците и #Македонија на Европско, велат Панчо и Андреј. https://www.youtube.com/watch?v=xC5z_541AbA]]>

„Одиме на Европско првенство“ е новата навивачка химна на македонската репрезентација https://arhiva.vistina.com.mk/odime-na-evropsko-prvenstvo-e-novata-navivachka-himna-na-makedonskata-reprezentacija/ Fri, 09 Apr 2021 12:49:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=198465

ФФМ вчера ја претстави новата навивачка химна на македонската репрезентација – „Одиме на Европско“. Автори на спортската химна се Саше Љолес и Петар Младеновски (фронтменот на „Суперхикс“), а химната е во изведба на групата „ВИС Рисови“. За химната е снимен и видеоспот во кој се појавува целата македонска фудбалска репрезентација. Спотот се очекува да биде промовиран наскоро. Европското првенство во фудбал ќе се одржи од 11-ти јуни до 11-ти јули во 12 држави. Нашата репрезентација по прв пат настапува на едно големо натпреварување.