навечер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 29 Dec 2023 12:40:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png навечер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дали се туширате наутро или навечер – еве кога е поефективно https://arhiva.vistina.com.mk/dali-se-tushirate-nautro-ili-navecher-eve-koga-e-poefektivno/ Fri, 29 Dec 2023 12:40:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333068

Некои преферираат да се тушираат наутро, а некои навечер… Точен одговор на оваа дилема нема. Сè зависи од тоа што сакате да постигнете, велат научниците. Наутро е добро да се тушираат луѓето кои имаат масна кожа, затоа што во текот на ноќта се натрупува маст во кожата, па треба да се исчистат порите. И на „ноќните птици“ им се препорачува туширање наутро, затоа што водата побрзо ќе ги расони, а и студиите покажуваат дека млаз од студена вода на крајот од туширањето е поефикасно средство за будење од шолја кафе. Доколку ве чека работа која од вас бара креативност, треба да се туширате наутро затоа што тогаш мозокот ќе ви работи подобро и ќе биде „отворен“ за нови идеи и креации. Навечер би требало да се тушираат луѓето кои имаат проблеми со несоница. Вечерното капење ги опушта мускулите и нервниот систем и помага полесно да „потонеме“ во сон. Но, сепак немојте да се туширате непосредно пред одењето во кревет, туку околу час пред тоа, бидејќи на телото му е потребно определено време по туширањето да се опушти. Извор: Попара  ]]>

Наутро или навечер – Еве кога е идеалното време за водење љубов https://arhiva.vistina.com.mk/nautro-ili-navecher-eve-koga-e-idealnoto-vreme-za-vodene-lubov/ Wed, 06 Dec 2023 14:15:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330218

Тешко е да се каже кога е најдобриот период за водење љубов, бидејќи тоа е индивидуална работа. Секој период во денот има свои недостатоци и предности. По утрото денот се познава, па ќе почнеме од позитивните страни на утринскиот секс. Предности има многу, една од нив е и подоброто расположение благодарение на хормоните за среќа кои се ослободуваат, пишува Мајнд Боди Грин.       „Нивото на тестостерон природно е највисоко во човечкото тело наутро, а токму тоа е причината зошто мажите имаат утринска ерекција. За оние кои се будат рано, сексот е одличен начин да го почнат денот“, вели секс терапевтката Тами Нелсон.       Во утрински секс уживаат поголем број на парови, бидејќи телото е опуштено по проспиена ноќ, смета сексологот Џиџи Игл.   И попладневниот секс има предности, за оние кои не се утрински птици и самата помисла на утрински секс може да биде одбојна.       „Многу луѓе сакаат да станат, да се истушираат и да ги измијат забите пред да имаат секс. Кај некои други утринскиот секс би предизвикал уште поголем умор и помало чувство на живост“, вели Нелсон.       Од друга страна, препуштањето на страсни прегратки во вечерните часови за многумина е убава помисла, но немаат доволно енергија за тоа по напорниот ден. И тука повторно се враќаме на попладневниот секс, кој се наоѓа во средина. Човек до пладне веќе е разбуден и може максимално да ужива. Од друга страна, се уште не е исцрпен од бројните обврски.       Вечерниот секс за многумина сепак е најдобрата опција бидејќи заспиваат преплавени со хормоните на среќа.       „Оргазмите се еднонасочен билет за заспивање. По неверојатен секс и оргазам вашиот мозок испушта коктел од хормони од кои се чувствувате добро, како серотонин и окситоцин“, вели Игл.       Окситоцинот ги зацврстува поврзаноста и љубовта меѓу партнерите, а ослободувањето на овој хормон пред спиење создава позитивни чувства кон партнерот. Извор: Попара]]>

Елена Миленковска славеше роденден, а Гуте ја изненади во 4 и 30 наутро на врата: Торта, свеќички, букет цвеќе и… непредвидено „трето полувреме“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-milenkovska-slaveshe-rodenden-a-gute-ja-iznenadi-vo-4-i30-nautro-na-vrata-torta-svekichki-buket-tsveke-i-nepredvideno-treto-poluvreme-video/ Wed, 23 Aug 2023 07:18:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=314862

Македонско-српската музичко-брачна екс-„Гранд“ двојка, Елена Миленковска - Гуте Маринковиќ важи за еден од најскладните брачни парови во светот на естрадата. Љубовта, дечињата и семејството пред се', а во рамките на тоа и одбележувањето на најважните датуми. Меѓу нив и „денот што го чекаме цела година“, секако, а овој на Елена и беше и некако посебен зашто заокружува една возрасна фаза, една етапа од животот, раситнувајќи ја четвртата деценија. „Велат дека најубавите работи доаѓаат после 30. Посериозни сме, позрели, различно сакаме, цениме и почитуваме. Стануваме подобра верзија од себе. Живееме за поголеми работи. Чувствувам дека мојот живот е само почеток. Среќна сум, благодарна и срцето ми е полно“ - споделила Елена палејќи ги жижиците со роденденската бројка.
Арно ама за животот да се живее барем приближно онака како што се сака, мора и да се работи... А нечија работа, како онаа естрадната не прашува ниту за делници и празници, саботи и недели, за викенди, ниту за значајни датуми... Напротив, тогаш естрадата најмногу работи. Така беше и овој пат кога Гуте наместо некаде на роденденска прослава заедно со својата Елена, мораше сам на тезга. Свирките траат до доцна во ноќта, па Гуте и не можеше да и го честита роденденденот онака како што треба на својата сакана сопруга... Или сепак можеше? Рано утро, половина пет, музичарите се враќаат дома. Со полни џепови, ама Гуте не и со празни раце. Чук, чук на домашната врата со роденденска торта со 30 свеќички за својата сакана, букет цвеќе, роденденска капа на главата и свирче во уста и секако познатата роденденска песна: „Среќен роденден ти посакувам...“! За крај, еден бакнеж - желби рој! За здравје, среќа, љубов, радост, убавини, за вечност...! „Бев малку тажна вчера што не беше таму за мојот роденден, но сето тоа помина во 4:30 наутро кога го дочекав од свирка на врата. Единствено него нема да можам да го опишам со зборови никогаш! Јас сум среќна жена со ваков човек покрај себе! Сега и засекогаш, твојата жена те сака бескрајно“.
Арно ама, дека ништо не е баш случајно и толку спонтано, Гуте појасни малку подоцна со свое видео. Имено, планот како да се изненади саканата со роденденска честитка и сладок подарок,  бил скован уште преку ден, пред да замине на настап.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Gute Marinkovic (@gute.marinkovic)

Но, тоа не е се'... Зашто роденденската сага имала и своевидно „трето полувреме“. И тоа непредвидено. Имено, откако Гуте тропнал рано наутро во 4.30 на домашната врата со роденденските дарови, подготвен да ја изненади и да и честита на Елена, се случило нешто, што морало и изнендувањето и честитката да ги одложи... Барем на одредено време, за кое Гуте сосе тортата и букетот, онака уморен и издишанн, морал дополнително да стои и чека пред домашната врата... А, еве и зошто! Па нели рековме, семејството и децата се на прво место. Во секој случај мисијата исполнета, а од неа и пораката на денот: Сакајте и разубавете му го некому денот! Што би рекле: Се' за љубов! Фото: Инстаграм/gute.marinkovic/elenamilenkovskaa]]>

Храна која може да ја јадеме доцна навечер без да се здебелиме https://arhiva.vistina.com.mk/hrana-koja-mozhe-da-ja-jademe-dotsna-navecher-bez-da-se-zdebelime/ Tue, 15 Aug 2023 12:49:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313844

Оброците во доцните часови не се препорачуваат, но доколку се најдете во ситуација да морате да јадете доцна навечер, одберете внимателно што јадете. Луѓето кои сакаат да ја задржат својата тежина или да ослабат некој килограм треба да посветат посебно внимание на изборот на храна. Постојат многу причини зошто луѓето јадат дури и по вечерата, а најчесто тоа го прават поради досада, стрес, желба или физичка глад. Повремените ноќни грицки обично не се проблем доколку изборот „падне“ на здравата храна. Меѓутоа, ако тоа стане редовна навика и не се внимава на каква храна се јаде, тоа може да доведе до зголемување на телесната тежина или киселини. Оброците доцна навечер може да ги влошат симптомите на некои болести Постојат различни причини зошто луѓето јадат доцна навечер или среде ноќ. Ако некој го прави тоа повремено, не мора да биде проблем, но ако се навикне да јаде доцна навечер, може да настанат здравствени последици. Истражувањата покажуваат поврзаност помеѓу емоционалното јадење, депресијата и дебелината. Според анализата, синдромот „ноќно јадење“ е форма на нарушено јадење кога некој јаде 25 или повеќе проценти од дневните калории во текот на ноќта. Луѓето со овој синдром консумираат премногу храна по вечерата или кога ќе се разбудат од сон, јадат помалку наутро, често се депресивни и имаат тешкотии со спиењето. Студијата објавена во американскиот весник за клиничка исхрана покажа дека луѓето кои јадат доцна навечер имаат повисок процент на маснотии во телото и индекс на телесна маса (БМИ). Научниците укажуваат дека потенцијалната причина за тоа е намалениот термички ефект на храната по лачењето на мелатонин, што се однесува на пониска стапка на употреба на енергија подоцна во текот на ноќта. За луѓето кои имаат рефлукс на киселина или имаат гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ), јадењето доцна навечер може да ги влоши симптомите. Затоа, експертите советуваат пациентите со ГЕРБ да избегнуваат храна 3 часа пред спиење. Храна која може да се јаде во доцните часови Луѓето треба да имаат урамнотежена исхрана во текот на денот за да не бидат гладни по вечерата. Диетата која содржи премногу рафинирани јаглехидрати или додадени шеќери може да предизвика нерамнотежа на шеќерот во крвта. Нерегулацијата на гликозата во крвта може негативно да влијае на расположението и да предизвика желба за повеќе храна. Храната што може да се јаде доцна навечер вклучува: Туна Туната е богата со протеини, нискокалорична и содржи многу мал процент на шеќер. Токму затоа тоа е совршен оброк доцна навечер. Свежо сирење и јогурт Свежото сирење содржи протеин казеин, кој полека се вари и му обезбедува на телото доволно енергија за време на спиењето. Јогуртот е одличен извор на калциум. Освен што е витален за здравјето на коските, истражувањата покажуваат дека калциумот може да го подобри и сонот. Јогуртот е богат со протеини, што може да помогне да се чувствувате сито. Најдобро е да додадете бобинки во обичниот јогурт, особено боровинки. Овесна каша Овесот е природен извор на мелатонин. Други житарки, како што се пченицата и јачменот, се исто така релативно добри извори на оваа супстанца. Овесот е и здрава храна која содржи витамини, минерали и влакна. Меѓутоа, ако некој сака да одржува умерена тежина, треба да јаде помала порција каша пред спиење. Но, не секоја вечер, бидејќи во тој случај тоа ќе предизвика дебелеење. Мисирка Ако јадете месо доцна навечер, тогаш најдобро е да изберете мисирка, бидејќи содржи аминокиселина триптофан, која го забавува процесот на варење. Мисиркината е добар извор на аминокиселината триптофан, при што лесното мисиркино месо содржи поголеми количини на оваа супстанца од потемното месо. Истражувањата покажуваат дека триптофанот има директни ефекти врз спиењето – тој се претвора во серотонин, а потоа во мелатонин, кој делува во епифизата и поттикнува сон. Meд Освен што ќе го задоволи гладот, медот ќе ви помогне и да спиете подобро. Благодарение на хемискиот орексин, медот им помага на мозочните клетки да се релаксираат и да се подготват за спиење. Суви смокви Неколку суви смокви можат да ја измамат гладта, па затоа кој се чувствува гладен не мора да легнува со празен стомак. Цреши Ако сакате да ја одржите тежината и да спречите зголемување на телесната тежина, црешите или сокот од вишни се добар избор за ноќна ужина, бидејќи ќе ви помогнат полесно да заспиете. Извор: Курир]]>

7 можни причини зошто повеќе се потите навечер https://arhiva.vistina.com.mk/7-mozhni-prichini-zoshto-poveke-se-potite-navecher/ Fri, 07 Apr 2023 11:50:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297249

Ако често се будите навечер поради потењето и топлината, губите многу од потребниот сон и му штетите на вашето здравје. Секој со сериозен случај на ноќно потење знае колку е непријатно да се разбудите во текот на ноќта. Иако оваа состојба не е опасна по живот, прекумерното потење може да биде знак за некое посериозно нарушување. Зошто постојано се потите навечер? За многу луѓе причината за страдањето не е поврзана со околината во која спијат. Ноќното потењето е обично симптом на некоја друга медицинска состојба, па важно е да ги побарате и другите симптоми пред да донесете заклучок. Хиперхидроза Хиперхидрозата е состојба дефинирана како абнормално потење. Околу 2,8% од населението страда од ова нарушување. Ако се соочувате со овој проблем, голема е веројатноста да имате проблеми со габични инфекции, проблеми со кожата и силен телесен мирис. Инфекција Некои инфекции можат да предизвикаат прекумерно ноќно потење. Често потењето е поврзано со ХИВ, инфекција на коските и воспалени артерии. Ноќното потење најчесто е поврзано со туберкулоза. Некои други симптоми кои доаѓаат со туберкулозата се слабеење, замор, намален апетит, болки во зглобовите, треска, суво грло, кашлица и осип. Хормонална нерамнотежа Ноќното потење кај жените често е поврзано со нивната возраст. Хормоналната нерамнотежа којашто се појавува за време на менопаузата, бременоста и пубертетот може да биде причина за потењето. Други симптоми на хормонална нерамнотежа се промени во менструалниот циклус, акни, паѓање на косата, болки, ненадејно дебелеење, сувост на вагината, уринарни проблеми, проблеми со спиењето и променливо расположение. Анксиозност Причината за ноќното потење не е секогаш физички проблеми. Едно истражување покажало дека ноќното потење може да биде поврзано со анксиозноста. Ова создава еден циклус во кој сте загрижени за потењето, а со тоа само го влошувате проблемот. Апнеа Апнеа при спиење претставува плитко дишење или паузи во дишењето во текот на спиењето. Едно истражување покажало дека ноќното потење е 3 пати почесто кај луѓето кои страдаат од нетретирана апнеа за разлика од останатото население. Некои видови рак Ноќното потење може да биде и ран знак за рак, најчесто за лимфома или леукемија. Сепак, во овој случај ќе се појават и други симптоми како треска, замор, намален апетит и необјасниво слабеење. Несакани ефекти од лекови За жал ноќното потење е несакан ефект на многу лекови. Антидепресивите, терапиите со хормони и терапиите за дијабетес можат да предизвикаат ноќно потење. Па, ако земате некакви лекови прочитајте го упатството за несаканите ефекти. Кога да посетите лекар? Забележете ги загрижувачките симптоми како локализирана болка, слабеење, треска, дијареја или кашлица. Посетете лекар ако ноќното потење се случува често и ако го попречува спиењето. Како да го спречите ноќното потење? Покрај препораките на лекарот, постојат уште неколку работи што можете да ги направите. Промени во спиењето За поквалитетен сон, направете распоред за спиење, релаксирајте се и избегнувајте алкохол и кофеин пред спиење. Промени во опкружувањето Осигурете се дека спалната соба е доволно студена и удобна. Вклучете го вентилаторот, користете потенки прекривачи и отворете ги прозорците. Промени во животниот стил Некои видови храна можат да направат да ви биде топло навечер. Медитеранската, храната со масти и храната со многу шеќер може да предизвика потење. извор;попара.мк]]>

Будењето во исто време секоја ноќ открива многу за вашето здравје https://arhiva.vistina.com.mk/budeneto-vo-isto-vreme-sekoja-nok-otkriva-mnogu-za-vasheto-zdravje/ Fri, 27 Jan 2023 13:06:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286237

Сигурно на многумина од вас ви се случило да се разбудите во средина од ноќта. Просторијата е темна и кога погледнувате во часовникот тој повторно ви го покажува истото време кога сте се разбудиле претходната ноќ, ноќта пред неа. И уште неколку ноќи претходно. Но, дали сте се запрашале што значи ова? Сигурно на многумина од вас ви се случено да се разбудите во средина од ноќта. Просторијата е темна и кога погледнувате во часовникот тој повторно ви го покажува истото време кога сте се разбудиле претходната ноќ, ноќта пред неа… И уште неколку ноќи претходно. Но, дали сте се запрашале што значи ова? Зошто вашето тело одеднаш одлучува да се буди во одреден час? Ова секако не е добар знак. Будењето на средина од вашето спиење и потоа повторното борење да заспиете, прави наредниот ден да бидете уморни. Не е тајна дека на вашето тело му треба редовен и длабок сон за да остане во здрава состојба, а постои една теорија која вели дека будењето во одредено време од ноќта всушност е знак дека на вашето тело му се случува нешто. Па, доколку и вам ви се случува ова, тогаш тоа значи дека нешто не е во ред со некој ваш орган. Оваа теорија има корени од кинеската практика Фенг шуи, која го поврзува времето од денот, делот од телото и емоционалната состојба. Во продолжение погледнете што може да значи одредениот час во кој се будите во текот на ноќта. Што значи внатрешниот часовник? Сечие тело има внатрешен циклус на будење и спиење. Количеството и времето на спиење се разликуваат од една до друга личност и тоа исто така се менува со текот на годините, каде што на постарите луѓе им е потребен помалку сон. Во Фенг шуи, одредени часови од денот се поврзуваат со различни делови од телото. Така, будењето секоја вечер во исто време укажува на проблем на некој дел од телото или пак, на емоции поврзани со него. Зошто спиењето е толку важно? Секој човек поминува околу една третина од животот во спиење, но тоа не значи дека тоа е залудно потрошено време! Всушност, многу е потребно за да останете живи. Додека спиете, вашите тела полека заздравуваат, хормоните се регулираат и во основа ве подготвуваат за наредниот ден. Без соодветно спиење, нема да бидете здрава личност. Па тогаш, зошто вие се будите во текот на ноќта за да го нарушите сето ова? Можеби токму тука лежи основниот проблем. Ноќен внатрешен часовник 21:00 – 23:00: Проблеми со тироидната жлезда Доколку се разбудите во некои од овие часови, може да имате проблем со вашата тироидна жлезда. Доколку имате проблеми со спиењето во раните вечерни часови, тогаш тоа значи дека имате проблеми да се смирите доволно за да заспиете. Надбубрежните жлезди се одговорни за борба, односно за хормонот кој се бори – адреналинот. 23:00 – 01:00: Проблеми со жолчката Жолчката е важна за време на варењето и апсорпцијата на храната, а доколку се будите во овој период тоа значи дека имате проблеми со неа. Кинеската традиционална медицина ја асоцира жолчката со вознемиреност и незадоволство, па тоа исто така може да значи дека постои нешто во вашиот живот што ви предизвикува нервоза. 01:00 – 03:00: Проблеми со црниот дроб Во времето помеѓу еден и три часот наутро телото се чисти, отстранувајќи ги непотребните материи од крвта и другите тиква. Вашиот црн дроб е орган кој е задолжен за детоксикација, а се поврзува токму со овие часови. Будењето во ова време може да значи дека имате премногу „отпад”, на пример во форма на негативни емоции, при што треба да се обидете да го исчистите. Исто така имајте предвид дека за здравјето на вашиот црн дроб потребно е да пиете многу вода, како и да го намалите внесувањето на алкохол и кофеин. 03:00 – 05:00: Проблеми со белите дробови Во ова време крвта и кислородот се пумпаат во мускулите, обновувајќи ги клетките со кислород кој е од витално значење. Ова надополнување е значајно за да се чувствувате добро по напорно поминатиот ден. Традиционалната кинеска медицина исто така ги поврзува белите дробови со чувство на загуба и тага. Па, доколку се будите во овие часови, тоа може да е знак дека се чувствувате празно по губењето некој кој ви бил од големо значење и за тоа немате емоционална замена. 05:00 – 07:00: Проблеми со дебелото црево Исто како и црниот дроб, така и дебелото црево го чисти отпадот од телото и е последната дестинација за какви било несакани прехранбени производи. Доколку се разбудите во текот на овој период, особено со потреба да го користите тоалетот, тоа би можело да значи дека нешто се случува во вашето дебело црево. Будењето во овие часови би можело да укажува на тоа дека треба да преиспитате каде сте и што треба да пуштите да си замине од вашиот живот. Дневен внатрешен часовник 07:00 – 11:00: Проблеми со стомакот и слезината И покрај тоа што повеќе забележително може да биде во текот на ноќта, вашето тело се однесува слично и во текот на денот. Падот на енергијата, чувството на анксиозност и други непријатности во текот на денот исто така може да бидат поврзани со некои органи и емоции. На пример, времето од седум до единаесет часот се поврзува со слезината и стомакот. Тука е важна исхраната и подготовката за претстојниот ден. Ете затоа појадокот е од особено значење. 11:00 – 15:00: Проблеми со срцето и тенкото црево Доцните утрински и раните попладневни часови се поврзуваат со срцето и тенкото црево, кои пак од друга страна се поврзани со комуникацијата и односите. Доколку се чувствувате непријатно во овие часови, земете некое јадење, движете се наоколу или пак зборувајте со некој кој може да ви го подобри расположението. 15:00 – 19:00: Проблеми со мочниот меур и бубрезите Чувството на исцрпеност во овој период може да значи дека треба да ги преиспитате своите постапки, вклучувајќи го и тоа што јадете и што правите. Овие органи се поврзани со одредени лични карактеристики и физички и емоционални, па ве потсетуваат да го сочувате она што го имате. Како можете да го прилагодите вашиот внатрешен часовник? Доколку забележавте дека се будите во средина од ноќта, се чувствувате исцрпени во средина на денот или пак се соочувате со некои други непријатности постојано во ист дел од денот или ноќта, треба да размислите што е она што сте го правеле и што би можело да придонесе да ви се случува тоа. Овде се вклучени навиките, начинот на исхрана, односите со другите и стресот. Обидете се да пронајдете што е она што ви предизвикува проблем и настојувајте тоа да го решите, при што можеби ќе го подобрите и квалитетот на вашето спиење. извор:kurir.mk]]>

Некои мислат наутро, други навечер, но сите грешат: Еве кое време од денот е најдобро за водење љубов https://arhiva.vistina.com.mk/nekoi-mislat-nautro-drugi-navecher-no-site-greshat-eve-koe-vreme-od-denot-e-najdobro-za-vodenje-ljubov/ Wed, 14 Dec 2022 13:35:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=280065

Освен што дава неописливо чувство на задоволство, сексот е многу здрав за човечкото тело, но дали некогаш сте се запрашале кое време од денот е најдобро за водење љубов? Многу луѓе сакаат да го практикуваат веднаш наутро, некои се ноќни типови, но според порталот „Healthy“ најдобро време за тоа е околу 15 часот. Хормоните играат голема улога во сексот, а во текот на денот ги достигнуваат своите подеми и падови. -Својот врв го достигнуваат околу 15 часот. Синхронизирањето на вашите хормони со партнерот може да доведе до уште попријатен секс, вели експертот за хормони Алиса Вити. За жените, тоа е време кога сè уште имаат многу кортизол хормон кој носи енергија за секс, а мажите имаат намалено ниво на тестостерон што ги прави емотивно поприсутни за време на сексот. За мажите добро е и наутро Вити вели дека клучот за задоволувачки секс е партнерите да најдат начин да ја искористат својата хормонална самосвест за попаметно да планираат подобар секс. Сепак, според Вити, добро време за секс е и утрото бидејќи тогаш нивото на тестостерон кај мажите е највисоко. „Мажите се повеќе заинтересирани да иницираат секс во овој период и се поспособни за подобри сексуални перформанси“, заклучува Вити. извор:курир.мк]]>

Сакате да грицкате навечер со филм? Еве кои намирници смеете да ги јадете без грижа на совеста https://arhiva.vistina.com.mk/sakate-da-grickate-navecher-so-film-eve-koi-namirnici-smeete-da-gi-jadete-bez-griza-na-sovesta/ Mon, 07 Nov 2022 13:18:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=274720

Сирење Сирењето е добра ноќна закуска во умерени количини. Работата е во тоа што е добро да се „замрсат мустаќите“ со едно парче сирење, а не со половина килограм ситно сирење. Содржи многу протеини па ќе бидете сити до утро. Посно сирење Одличен избор и содржи многу казеин – млечен протеин богат со амино киселини, кој полека се разградува. Вкусен избор кој го зголемува чувството на ситост. Хумус Хумусот е одличен извор на протеини, особено ако е домашен. Ако сте гладни, моркови или стапчиња целер потопени во хумус се одлични опции. Крекери Ова е многу добар избор за ужина ако крекерите се направени од цели зрна, кои содржат нискокалорични јаглехидрати. Со парче сирење, урда или хумус, ова е одличен вечерен оброк (но, мала порција). Пуканки (обични) Ова може да ве изненади, но пуканките се всушност добра вечерна ужина. Не мислиме на пуканки направени во микробранова печка, полни со путер или вкус на вештачко сирење, туку на класични пуканки направени во тенџере на шпорет. Зачинете ги со малку сол, лук во прав или билки.]]>

Предности и недостатоци: Дали е подобро да водите љубов наутро или навечер? https://arhiva.vistina.com.mk/prednosti-i-nedostatoci-dali-e-podobro-da-vodite-ljubov-nautro-ili-navecher-2/ Tue, 01 Mar 2022 13:15:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=241191

Едно истражување од 2015, организирано од Ловхони, откри дека мажите имаат тенденција да водат љубов наутро. Поточно, помеѓу 6 и 9 часот, додека жените се генерално порасположени во текот на ноќта помеѓу 23 и 2 часот наутро. „Исто така, вашата возраст може да биде фактор во вашиот склопот на распоред за водење љубов“, рече сексуалниот терапевт и истражувач на невронаука, Нан Вајз. „Младите обично се ноќни птици и навечер може да бидат позаинтересирани за секс“, објасни таа. Но, дали навистина постои „најдобро“ време од денот за водење љубов?

Утрински секс

Дали знаете која е причината што мажите особено сакаат да водат љубов пред појадокот? Околу 8 часот наутро нивото на тестостерон е на својот врв. Исто така, невротрансмитерите што прават да се чувствувате добро, како ендорфин и допамин, се ослободуваат за време на сексот, „што е одличен начин да бидете добро расположени и да го започнете денот на најдобар начин“, изјави сексуалниот терапевт Назанин Моали, водителка на подкастот „ Sexology “. Но, постојат некои потенцијални недостатоци. Имено, утрата се тешки за луѓето кои треба да жонглираат со повеќе задачи, како што се подготвување за работа, подготвување појадок и носење на децата на училиште. Густиот распоред може да им отежне на некои луѓе целосно да присуствуваат и да го уништат расположението за секс. „За некои, оргазмите и сексуалните активности се исцрпувачки, а потоа им треба пауза“, додаде сексологот Робин Вилсон-Бити.

Вечерен секс

Сексот навечер е популарен со причина, рече Вилсон-Бити. Дури откако секојдневните настани ќе бидат зад нив, партнерите конечно имаат шанса да се релаксираат и да се поврзат без да им се одвлекува вниманието. Уште еден бонус? Благодарение на ослободувањето на хормони како пролактин и окситоцин, сексот пред спиење може да им го олесни на некои луѓе спиењето. „Меѓусебното задоволување на физичката и менталната интеракција пред спиење го подобрува расположението, го ублажува стресот и го олеснува затворањето на зафатениот ум за да ни помогне да заспиеме“, вели Амер Кан, невролог и специјалист за спиење, додавајќи: „Ако задоволителен оргазам после возбудливата предигра е дел од таа интеракција, исто така, најверојатно, ќе доведе до подобар сон “. Од друга страна, ако сте веќе психички исцрпени пред да легнете, водењето љубов може да биде последното нешто што ви паѓа на ум.

Не заборавајте на попладневните задоволства

„Ова може да биде совршен компромис за паровите кои имаат различни склоности кога станува збор за водење љубов“, рече Моали, додавајќи: „Друга дополнителна придобивка од ова е воведувањето на промена во сексуалните рутини на паровите, што може да им помогне да се ослободат на сексуална досада “.

Па, кое е најдоброто време за водење љубов?

Експертите се согласија дека нема идеално време за секс. Тоа зависи од тоа што одговара на вас и на вашиот партнер. Но, ако вие двајца имате различни преференции, не грижете се. Сè додека можете искрено да зборувате за она што го сакате, можете да најдете решение со кое и двајцата ќе бидете задоволни. Извор: Попара.мк]]>

Зошто е подобро да се туширате навечер, а не наутро? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-e-podobro-da-se-tushirate-navecher-a-ne-nautro/ Tue, 07 Sep 2021 12:00:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=218283

Туширањето е важен дел од вашата дневна рутина. Оние што го започнуваат денот со тоа истакнуваат дека тоа е најдобриот метод за будење. Додека други велат дека туширањето е најдобриот ритуал за да го завршите денот. Сепак, што велат експертите? Дали треба да се истушираме наутро или навечер? Ќе мораме да ги разочараме љубителите на утринскиот туш бидејќи експертите се уште се приклонуваат кон вечерта, а еве и зошто. Ќе заспиете полесно Вечерниот туш го релаксира вашето тело и ум и може да ви даде подобар сон. Туширањето во топла вода 90 минути пред спиење може да ви помогне да заспиете 10 минути побрзо од вообичаеното. Имено, топла вода ја намалува температурата на вашето тело, што пак испраќа сигнал до вашето тело дека е време да заспиете. Подобро е за вашата кожа Туширањето пред спиење ќе спречи појава на акни. Дури и ако не сте излегле од дома или се потите, маснотиите и бактериите може да се натрупаат на вашата кожа во текот на денот. Затоа вечерниот туш е клучен за исфрлање на секојдневната нечистотија. Особено ако сте склони кон активности на отворено. Ќе ги намалите сезонските алергии Ако сте поминале време надвор од домот, полен и прашина може да навлезат на вашата кожа и облека, и ако не се истуширате пред спиење, тие може да завршат на вашата постелнина. Можеби е време да размислите за промена на навиката и да го оставите тушот за вечер. Така ќе ги намалите алергиските реакции. извор: нетпрес]]>