наумче мојсовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 22 Dec 2020 12:12:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png наумче мојсовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Наумче Мојсоски позитивен на коронавирус https://arhiva.vistina.com.mk/naumche-mojsoski-pozitiven-na-koronavirus/ Tue, 22 Dec 2020 12:12:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=182053

Македонскиот ракометен репрезентативец и сегашен директор на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски на својот официјален Фејсбук профил сподели статус во кој пишува дека добил позитивен тест од Ковид-19. – Драги пријатели, Поради контактите кои ги имав изминатиот период поврзани со моите работни обврски, одлучив да се тестирам и добив позитивен тест на Ковид – 19. Ви моментов немам симптоми, се чувствувам добро и ги следам препораките на мојот доктор. Чувајте се и почитувајте ги мерките. Пред нас се денови кои досега сме ги празнувале со пријателите, поширокото семејство, надвор од дома. Мојот апел до вас пријатели е да направите се` да го заштитите вашето здравје и здравјето на вашите најблиски. Да празнуваме одговорно! #НосиМаска #ДржиДистанца #НеСеГрупирај #ПразнувајОдговорно, стои во неговиот статус. ]]>

Откако доби партиска функција, Наумче Мојсовски потценува професии: Додека му го чува грбот на Заев, заборава која држава ја претставуваше, па како функционер на Северна, Република Македонија не смее ни да ја спомне! https://arhiva.vistina.com.mk/otkako-dobi-partiska-funkcija-naumche-mojsovski-potcenuva-profesii-dodeka-mu-go-chuva-grbot-na-zaev-zaborava-koja-drzava-ja-pretstavuvashe-pa-kako-funkcioner-na-severna-republika-makedonija-ne-smee-ni/ Thu, 15 Oct 2020 11:40:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=171636

Не е воопшто спорно на таа функција да застане спортист од негов калибар кој има низа успеси зад себе, тоа е факт. Но, уште поголем факт е дека оваа функција не беше награда за успесите на терен, туку СДСМ го награди Мојсовски за тоа што го придонесе за партијата, а не за државата. Неговите најави дека ќе вложува во младите и спортот се за секоја пофалба. Но, Мојсовски уште првиот работен ден, во првата официјална изјава, покажа голема дрскост и навреди илјадници македонски граѓани, потценувајќи ја нивната професија. -На шега луѓе ми велат дека без ниту еден ден платен стаж станувам директор на АМС, но тоа е реалноста со поранешните спортисти во нашата земја. Затоа еден од приоритетите во мојата работа ќе ми бидат заборавените спортисти, но секако тука е и младината. За мене постојат поранешни спортисти кои јас ги нарекувам стечајци на кои им е срам да протестираат. Нема да дозволам да мора да работат како таксисти кога ќе им заврши кариерата, ниту пак да се бават професионално со спорт, но со нула платени придонеси. Тоа е жално и трагично, вели Мојсовски во изјава за „Фактор“. Потценувањето на било која друга професија, во случајов таксистите е голем срам за еден, веќе, функционер. Да, низа поранешни спортисти навистина почнаа да работат други работи вклучувајќи ја и оваа. Но, тие не добија ништо за помош од оваа Влада бидејќи не беа дел од протести и митинзи на СДСМ, како што тоа го правеше Мојсовски. Не му го “чуваа грбот“ на Зоран Заев, туку најдоа чесен начин да заработат пари за своето семејство и тоа е за изразување на почит, а не за потсмев од нивниот некогашен колега. Мојсовски додека стоеше рамо до рамо со лидерот на СДСМ, ако веќе имаше добра намера, можеше и до сега да го советува дека на поранешните спортисти им е потребна помош. Но, Мојсовски чекаше да биде сместен во удобна фотелја на функционер, додека таксистите кои тој ги потценува, меѓу кои и екс-спортисти, седат по најмалку 8 часа дневно во автомобил, во време на епидемија од коронавирус, возејќи голем број патници со кои остваруваат контакт. Ја немаа таа привилегија да добијат луксузно уредена канцеларија, удобно столче и функција. Бидејќи избраа да останат спортисти во духот кога мораа да го напуштат теренот, а не луѓе кои ќе му аплаудираат на Заев или ќе држат говори на настани во организација на СДСМ. Македонија се гордееше со секој негов даден гол. Беше идол за децата кои сонуваа да станат ракометари и тоа никој не може да му го оспори. Успесите кои Мојсовски го постигна во репрезентацијата се за “секоја чест“. Но, денес овој екс-ракометар се срами да го каже уставното име на државата чии бои ги бранеше на теренот. Тој денес е функционер на Северна, а Република Македонија која ја претставуваше, не смее ни да ја спомне. И тоа не е спортска одлука, туку партиска. Иста каква што беше одлуката за негово назначување на функцијата со која денес раководи.
]]>