научници – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 13 Nov 2023 12:02:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png научници – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Научниците открија колку време му треба на мозокот да се опорави од алкохол https://arhiva.vistina.com.mk/nauchnitsite-otkrija-kolku-vreme-mu-treba-na-mozokot-da-se-oporavi-od-alkohol/ Mon, 13 Nov 2023 13:00:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326671

Новото истражување на научниците од Универзитетот Стенфорд покажа дека на мозокот му требаат дури 7,3 месеци за да се опорави од штетата предизвикана од алкохолот. Прекумерното консумирање алкохол го зголемува ризикот од неколку проблеми поврзани со мозокот како што се деменција, мозочен удар и депресија, покажуваат студиите. Новото истражување покажува колку навистина му е потребно на мозокот да ја поправи штетата предизвикана од алкохолот, а станува збор за месеци. Научниците од Универзитетот Стенфорд открија дека на мозокот му требаат 7,3 месеци за да се опорави. За време на тој период, алкохоличарите кои престанале да пијат ја повратиле вкупната дебелина на мозокот, откриле истражувачите. „Овие резултати ги поддржуваат адаптивните и корисните ефекти на одржливата трезвеност врз закрепнувањето на мозокот“, се вели во истражувањето. Студијата, објавена во „Science Direct“, ги проучувала ефектите на трезвеност врз мозокот на алкохоличарите. Тие принудиле 133 луѓе - од кои 88 алкохоличари - да престанат да пијат и го анализирале нивниот мозок, за да видат како тоа влијае на нив. По седум месеци, дебелината на церебралниот кортекс значително се подобрил кај повеќето луѓе со зависност од алкохол. Тие сугерираат дека мозокот може да ја поправи и регенерира својата структура кога алкохолот повеќе не е присутен во организмот. Сепак, тие предупредуваат дека студијата е спроведена на мал број на луѓе и дека мора да се направат дополнителни истражувања за да се потврдат позитивните наоди. извор:точка.ком.мк]]>

Откриен генот одговорен за импотенцијата https://arhiva.vistina.com.mk/otkrien-genot-odgovoren-za-impotencijata/ Mon, 08 Feb 2021 13:00:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=188689

Американските научници од сферата на генетиката и молекуларната бологија првпат откриле генската варијација делумна одоворна за еректилната дисфункција, што во догледено време би можело да резултира подобрување на нејзиното лекување, се наведува во студијата објавена во списанието на Американската академија на науките PNAS. „Откритието дека околината на генот SIM1 е поврзана со имотенцијата е исклучително важна за нас, бидејќи сега дефинитвно можеме да кажеме дека ова заболување има делумно генетска занина. Таквиот заклучок ни овозможува да бараме други ’гени за еректилната дисфункција’ и да создадеме лекарстава кои ќе соодвејствуваат на нив“, вели Ерик Јоргенсен, член на конзорциумот Kaiser Permanente од американски Окленд. Како што веруваат денес научниците, приближно секој втор човек на возраст од 40 до 70 години страда од некој вид сексуални проблеми, а веројатноста за тоа брзо се зголемува со возраста. Во овој поглед, доколку се верува на древните римски и средновековните хроники, малку нешта се измениле во овој поглед во последнитенеколку милениуми. Причините за импотенцијата, како и можните методи за справување со неа, сé уште се предмет на контроверзии во научните средини. Сите научни истражувања досега доведоа до создавање на вијаграта, којашто има способност да елиминира некои од физичките, но не и психолошките симптоми на „машкиот“ проблем, а генетичарите сé уште не успеаја да изнајдат ниедно навестување за тоа кои гени може да бидат поврзани со неговото појавување во релативно раната возраст. На големата верига од човековата ДНК, научниците детектирале посебно место на коешто една генетска варијација се поврзува со еректилната дисфункција, во студијата изработена врз податоци собрани од 36.649 пациенти кои ги собрала калифорниската непрофитна организација Kaiser Permanente. Дел од нив страдале од проблеми со еректилната дисфункција и земале вијагра, а друг дел препарати за справување со последиците од намалената функција на половиот орган. Споредувајќи ги разликите во ДНК-та на здравите и мажите со проблеми, како и нивното општо здравје и однесување, научницте се обиделе да разберат дали постојат сегменти во геномот кои влијаат врз развојот на имотенцијата. Вкупно тие идентификувале пет поединечни мутации, на еден или на друг начин поврзани со еректилната дисфункција, од кои само еден е статистички значаен. Овој силен печат, како што истакнуваат научниците, не се наоѓа во некој ген, туку во сегмент од ткн „валкана“ ДНК, којашто не ги кодира протеините, туку влија врз читливоста на соседните гени. На пример заменување на една буква „С“ со „Т“, како што објаснуваат истражувачите, во тој дел од геномот доведува до ризикот од развој на импотенција да се зголеми за 25 до 35 отсто кај мажите од европско, африканско или латиноамериканско потекло. Интересно, степенот на ризикот се зголемувал заедно со возраста, додека таквите замени речиси и немале никакво влијание врз сескуалниот живот на доселениците од Азија. Научниците истакнуват дека овој дел е во близината на генот SIM1, поврзан со работата на половите органи и тенденцијата кон дебелеење. Тие претпоставуваат дека промените на структурата на „валканата“ ДНК може да влијае врз јаснста на овој ген, но механизмот на нивното дејствување е сé уште нејасен, „Кај мажите кои поседуваат една копија од споменатата варијација за 26 отсто е големен ризикот од развој на еректилна исфункциа во днос на остатокот од машката популација, а кај групата која има две копии опасноста е поголема за 59 отсто“, вели авторот на студијата Ерик Јоргенсон. Според податоците од 2007 година, коишто се однесуваат на територијата на САД, просечно од еректилна дисфункција пати секој петти маж, меѓутоа бројот се зголемува со животната возраст. За третина од ризиците од еректилна дисфункцина одговорни се генетските фактори, а од тоа два процента се оденсуваат на генската варијанта којашто ја отркиле Јоргенсон и неговите колеги. Потсетуваат дека на оваа слабост кај мажите може да влаијаат и дебелината, дијабетесот и кардиоваскуларните заболувања. „Достапните начини на лекување на еректилната дисфункција не делуваат врз половината од мажите вклучени во лекувањата. Но доколку успееме да развиеме нови начини на лекување коишто ќе бидат насочени кон генската варијација, и ним ќе можеме да им помогнеме“, истакнува Јоргенсон. Факте е, исто така, дека експериментите на клетките на ракот покажале дека мутациите ја зголемувале активноста на генот SIM1, наместо да го намалат, како што очекувале Јоргенсен и неговите колеги. Дополнителните истражувања, како и експериментите со животни, според генетичарите, ќе помогне да се најде одговорот на ова прашање, и да сe разбере кои мозочните клетки се одговорни за реакцијата на возбудата. Тоа, пак, од своја страна ќе овозможи создавање на првите потполни лекарства за импотенцијата. извор:нетпрес.ком.мк]]>

Некои луѓе упорно одбиваат да носат маска, еве што велат научниците! https://arhiva.vistina.com.mk/nekoi-lugje-uporno-odbivaat-da-nosat-maska-eve-shto-velat-nauchnicite/ Tue, 15 Dec 2020 13:00:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180985

Епидемиолошките мерки станаа нормална појава низ целиот свет. И додека повеќето луѓе сè уште ги следат овие мерки, носат маски, држат дистанца и често ги мијат и дезинфицираат рацете, некои луѓе упорно одбиваат да ги следат овие мерки. Зошто? Причините се многубројни – од обичен пркос, до психолошки нарушувања поради кои тие не сакаат и не можат да ги почитуваат мерките. Како што истакнуваат психолозите, во јадрото на човечката психологија е принципот на награда и казна, односно секој потег што го правиме е мотивиран од некаква награда. За повеќето луѓе во време на пандемија, наградата за усогласеност со епидемиолошките мерки е фактот дека тие ќе останат здрави. Но, како што се зголемува бројот на заболени од коронавирус, овој вид „награда“ веќе нема никаква тежина. Затоа, не треба да изненадува што се поголем број луѓе сметаат дека носењето маска е бескорисно и непотребно. Па, како тогаш да ги охрабриме луѓето сè уште да ги почитуваат протоколите и да се придржуваат кон епидемиолошките мерки? Студија спроведена од научници меѓу повеќе од 60.000 испитаници во повеќе од 30 земји откри што може да ги мотивира луѓето да ги следат протоколите, но и зошто некои упорно одбиваат да го сторат тоа. Експертите кои ги анализираа одговорите заклучија дека финансиската криза честопати е многу посилен мотиватор за следење или неследење на протоколот. Ова значи дека здравствените власти, ако сакаат да ги охрабрат луѓето да носат маски, требало да апелираат на нивната лична финансиска состојба. Тие исто така открија дека политичката ориентација исто така одредува дали некој ќе ги следи препораките или не. Донесувањето политички одлуки под маската на пандемија може да ги натера луѓето да мислат дека има многу поважни работи за кои треба да се грижат отколку самата пандемија. И, конечно, постои чист пркос, односно отпор кон какви било ограничувања што луѓето ги перцепираат како ограничување на нивните лични слободи и кои ги спречуваат да ги извршуваат активностите на кои се навикнати. На пример, одење во кафулиња или теретани. Исто така, колку повеќе граѓаните имаат доверба во владата, толку е поголема веројатноста да ги следат правилата и да прават лични жртви за да ги заштитат ранливите групи од коронавирусот и економските последици. Што, тогаш, треба да се стори за да се натераат луѓето да ги следат препораките? Одговорот е многу сложен. Владите треба, пред сè, да размислат за воведување посебни правила за одредени возрасни групи (средношколци, студенти, пензионери) и да ги прилагодат на нивните потреби или однесување со цел да ги мотивираат да ги почитуваат мерките, но и да им дадат одредено чувство на нормалност. Како што видовме во некои држави каде пензионерите имаа одредено време кога можеа да направат свој шопинг во продавницата или да одат на лекар. Научниците советуваат владите да вложат дополнителни средства во социјалниот систем за да им дадат на граѓаните впечаток на безбедност дури и во ситуација кога ќе останат без работа поради коронавирусот. Треба да се истакнат придобивките од брзото ограничување на ширењето на вирусот преку влијанието на пандемијата врз економијата. Посебно внимание треба да се посвети на оние кои се во првите редови на одбраната на пандемијата. Тие треба да бидат препознаени за сè што прават и да покажат колку се неопходни во борбата против коронавирусот. Сепак, покрај сето ова, научниците истакнуваат дека, без разлика дали граѓаните ги почитуваат мерките или не, во голема мера зависи од тоа колку брзо ќе бидат донесени овие мерки, како и од тоа колку брзо ќе покажат резултати. Идентификувањето на она што ги мотивира може да биде клучно во контролата на ширењето на инфекцијата помеѓу почетокот на вакцинацијата и крајот на епидемијата. извор:курир.мк]]>

Научниците направија маска која ги неутрализира молекулите на корона вирусот (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/nauchnicite-napravija-maska-koja-gi-neutralizira-molekulite-na-korona-virusot-video/ Tue, 28 Jul 2020 12:00:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=160893

Група научници од Институтот за молекуларна медицина во Лисабон направиле заштитна маска која може да ги неутрализира честичките на корона вирусот кога ќе паднат врз неа. Овој ефект се постигнува благодарение на неколку водоотпорни слоеви и посебна иновациона ткаенина со специјален премаз. Во текот на испитувањата, истражувачите ја ставале маската во раствор со молекули на корона вирусот, шри што дури 99 отсто од нив по еден час ги губеле својствата. Маската може да се користи неколку пати. Истовремено, францускиот Институт „Пастер“, експериментално утврдил дека маската може да се испере најмалку 50 пати и да ги задржи својствата на неутрализатор. Погледнете која маска најдобро заштитува од Ковид-19. ]]>

Научниците согласни: Безжичните слушалки можат да предизвикаат рак https://arhiva.vistina.com.mk/nauchnicite-soglasni-bezzichnite-slushalki-mozat-da-predizvikaat-rak/ Wed, 13 Mar 2019 14:15:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=77424

Опасно за здравјето се смета се што користи електромагнетска енергија на бранови од различен тип. "Bluetooth" функционира на еден облик кој вклучува радиобранови со ниска сила.
Светската здравствена организација и ОН објавиле петиција во која тврдат дека популарните слушалки на "Apple" - "Airpods", носат ризик од развој на карцином. Петецијата ја потпишале 250 научници. Предупредуваат дека многу уреди зрачат со радиоактивно зрачење, какво што се користи за WiFi, мобилни податоци и Bluetooth. Посебно загрижуваат "AirPod" слушалките бидејќи се ставаат длабоко во ушните канали и така чувствителното подрачје на увото се изложува на зрачење кое се смета за поврзано со развој на карцином.
Во некои случаи дури и нивото на зрачење кое се смета за канцерогено е значително пониско од најмногу дозволените федерални и меѓународни насоки. Минатата година Apple продал 28 милиони пара безжични слушалки. Само една година претходно продале 16 милиони пара. Во подготовката е нов дизајн на кој дополнително ќе се поработи на озвучувањето. "AirPods" слушалките безжично се спојуваат со телефон преку "Bluetooth", популарната комуникациска технологија.
Во основа, опасно за здравјето се смета се што користи електромагнетска енергија на бранови од различен тип. "Bluetooth" функционира на еден облик кој вклучува радиобранови со ниска сила. Очигледна и најчеста опасност од радиобрановите е таа дека, при високи нивоа, може да создадат топлина и да предизвикаат изгореници. Научниците уште работат на резултатите од долгорочната изложеност на таквите бранови. Кога на тој облик на зрачење ќе се изложат животните, им се оштетува репродуктивниот и невролошки состав, односно генетскиот материјал. Таков вид на енергија е доволно силна да ги протресе атомите кои ги сочинуваат клетките, но не е доволно силна да им ја промени структурата. Тоа значи дека радиобрановите се помалку опасни од високите нивоа на зрачење како рентген или ултразвук.
Минатата година научниците од Националниот институт за здравје дополнително докажале дека мобилното зрачење предизвикува некој вид на карцином. Сега е бараат зголемено внимание при користењето на сите видови технологија кои се базираат на радиобранови, а посебно се загрижени за зрачењето на "Bluetooth" уредите и нивното влијание на ушните празнини и мозокот. Меѓународната агенција за истражување на ракот утврдила дека зрачењето на електромагнетското поле може да е канцерогено, а ризик е и "WiFi". Светската здравствена организација осмислила насоки за електромагнетски фреквенции и количините на кои уредите смеат да ги изложат корисниците. Сепак, авторите на новата петиција велат дека научниците откриле дека дури и ниските дози на EMF се канцерогени, а се поврзани со рак на мозокот. Зрачењето на мобилните дополнително, тврдат во истото истражување, може да предизвика настанување на тумор на нервите кои ги спојуваат увото и мозокот.
Потребни се уште многу истражувања за да се објаснат точните ризици поврзани со секој вид на зрачење, но научниците кои ја потпишале петицијата веруваат дека начинот на кој моментално ги користиме тие уреди опасно го занемарува безбедниот аспект и за тоа како одговорни ги посочуваат произведувачите. "Различни агенции поставуваат стандарди за безбедност кои не ја заштитиле јавноста, а посебно децата кои се посебно ранливи во однос на резултатите на EMF. Ако не преземат некои чекори, СЗО не ја исполнила својата улога на меѓународна здравствена организација", напишале во петицијата. извор:точка.мк
]]>