национална установа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 23 Mar 2023 14:02:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.2 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png национална установа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонија доби свој „Национален оркестар за џез музика“ https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-dobi-svoj-natsionalen-orkestar-za-dhez-muzika/ Thu, 23 Mar 2023 14:02:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294820

Наедна од последните седници на Владата на Република Македонија се донесе одлука за основање национална установа „Оркестар за џез музика во Република Македонија“ – Скопје. Националниот оркестар ќе делува преку подготвување и јавно изведување на високо квалитетни музички дела од областа на џезот и сите сродни жанрови кои гравитираат или се изведени од оваа „класична“ култура на дваесет и првиот век. Од Министерството за култура известуваат дека Националната установа просторно ќе се смести во објектот на НУ Национална Филхармонија, а по потреба ќе го користи и музичко-сценскиот простор на НУ Национална опера и балет. „Со оглед на празнината што државата ја има со непостоење на ревиски оркестар, оваа установа ќе се грижи за подобрување на музичката продукција, ќе се залага за едукација на млади таленти и ентузијасти, ќе организира џез фестивали и настани кои ќе помогнат во негување на џез културата на територијата на целата држава и ќе работи на сопствено вмрежување во меѓународни организации кои ја негуваат истата дејност“, додаваат оттаму. Од Министерството истакнуваат дека преку установата ќе се негува талентот за џез музичарите кои работат и кои се школуваат во земјава, преку овозможување на траен и одржлив ангажман, што ќе создаде услови тие да создадат врвни дела и да ја афирмираат џез културата, како и да ја популаризираат македонската џез музика. „Новата национална музичка институција се формира на иницијатица на Здружението на џез музичари и слободни уметници, кое со својот биг бенд во изминативе години постигна голем успех во земјата, во регионот и во Европа и со своите концерти пополни огромна празнина во овој дел на музичката култура“, соопштуваат од Министерството за култура. Оттаму посочуваат дека Оркестарот на Здружението на џез музичари и слободни уметници веќе се има докажано како врвен ансамбл кој е на ниво на светските стандарди, па како Национална установа ќе продолжи во насока на ширење на концертната дејност, организирање работилници и други музички изведби со кои ќе настапува дома и во странство.]]>