наташа поповиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 07 Jun 2023 12:22:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png наташа поповиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Охридско лето 2023“ го отвора светската оперска дива Ангела Георгиу, во драмската програма и американската филмска ѕвезда Џон Малкович https://arhiva.vistina.com.mk/ohridsko-leto-go-otvora-svetskata-operska-diva-angela-georgiu-vo-dramskata-programa-i-amerikanskata-filmska-zvezda-dhon-malkovich/ Wed, 07 Jun 2023 06:21:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305368

Оперската дива, сопранот Анџела Георгиу од Романија заедно со Оркестарот на Националната опера и балет на Македонија и под диригентската палка на Теодорашку Артаманов од Романија, на 12 јули на Античкиот театар во Охрид  ќе го отвори годинешното 63-то издание на фестивалот „Охридско лето“. Ова денеска на прес-конференција го најави директорката на НУ „Охридско лето“ Наташа Поповиќ која истакна дека секое успешно издание на фестивалот започнува со најголемите, најславните и највозвишените уметници.
Анџела Георгиу важи за најгламурозната оперска ѕвезда. Нејзиниот прекрасен глас ја прави сцената блескава секаде каде што настапува по светот. Се вбројува меѓу најдобрите изведувачи во историјата на операта, со исклучителен вокал, техника и длабока драмска и музичка интелигенција, рече Поповиќ.
Најавувајќи ја програмата на годинешното 63-то фестивалско издание, директорката Поповиќ појасни дека големо име ќе има и во драмскиот дел од програмата.
Големо име имаме и во делот на драмската програма, светски познатиот актер, продуцент и режисер Џон Малкович. Американската филмска ѕвезда со проектот во режија на Михаел Штурмингер „Вечер на Џон Малкович“  во придружба на сопраните Чен Реис и Сузан Лангбеин и Оркестарот на Виенската академија е најексклузивниот гостин кој ќе се запише во листата на најголемите уметници кои настапиле низ фестивалската историја на „Охридско лето“, додаде Поповиќ.
Селекторката на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“, Бисера Чадловска, рече дека покрај спектакуларното отворање, годинава фестивалот  нуди врвни музички имиња од земјава и светот.
Од светските имиња, ќе издвојам неколку: светски познатиот виолинист Немања Радуловиќ и оркестарот Double Sense, Френк Дупре џез трио, како и пијано рецитал на Френк Дупре, виолинистката Ирина Муресану со оркестарот „Фејмс“, камерниот оркестар „Кончертанте“ од Ниш, кларинетистот Пабло Бараган заедно со пијанистот Елоис Бела Кон, камерниот ансамбл La Spagna, дувачкиот камерен ансамбл “Камерата академика“ од Словенија, виолинистот Роман Симович, светски познатиот пијанист Алексеј Ботвинов, концерт на Јозеф Тавардос на уд и уште многу други исклучителни уметници. Од домашните имиња ќе имаме можност да ги слушнеме пијанистите Дино Имери и Мимоза Ќека со индивидуални рецитали, пијано дуото Гелебешеви, триото „Аура“, традиционалниот концерт на Музичка младина на Македонија, дувачко трио со концерт посветен на флејтистот Илија Зимбо и за крај на музичката програма, ден пред Свеченото затворање, хорот „Про арс“ под диригентство на Сашо Татарчевски, со едно ново создадено дело на професорот Живојин Глишиќ, со наслов „12 месеци“. За роденденот на фестивалот, на 4 август, ќе слушаме фадо музика, во изведба на Жоана Амендоеира, Педро Амендоеира и Жоао Филипе, изјави музичката селекторка  Бисера Чадловска.
Селекторката на драмската програма на фестивалот „Охридско лето“, Сања Арсовска, рече дека  театарската програма годинава може слободно да се нарече  „Издание на големите“.
63-тото издание на „Охридско лето“, својата театарска програма ја отвара со Стивен Фридмен и Офф Бродвеј претставата „Бикот на Фаларис“, извондредна автобиографска монодрама за еден генијален ум во потрага по одговорите на есенцијанлите животни прашања, вадејќи го екстрактот на убавото во секоја човекова болка. 26 јули 2023 ќе остане запаметен по тоа што „Охридско лето“ ќе приреди историски настан, носејќи едно од најголемите светски глумечки имиња на сите времиња, Џон Малкович. Претставата„ Пеколна комедија- Исповедта на еден сериски убиец“, во режија на Михаел Штурминген, а во главната улога на Малкович во придружба на два сопрани и оркестар, на еден мрачно – комичен начин ќе ја обработи церебралната изопаченост на еден убиец. 29 јули е резервиран за уште една голема претстава, „Ана Карењина“, во продукција нa „Ујвудеки Зинхаж“ од Нови Сад, а во режија на нашиот режисер Дејан Пројковски. Една од најнаградуваните претстави во регионот во изминативе години, работена според Толстоевото големо дело со егзалтиран наратив и познатиот неговиот маестрален опис на малите животи и одлуките со кои може или не може да се живее, рече Арсовска.
Според неа, „Охридско лето“ ќе ја има првата премиера од  домашна продукција на 6 август, со Театарот „Јордан Хаџи Константинов -Џинот“ од Велес и претставата „Едвард Втори” по текст на Кристофер Марлове, режирана од  украинскиот режисер Андриј Жолдак.
На 10 август го имаме Охридскиот народен театар со „Серјожа е туп“ од Димитри Данилов, а во режија на Дајана Николовска, на 14 август Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“  ќе даде сценски приказ на едно од најголемите книжевни дела „Декамерон“ од Џовани Бокачо, во драматизација на Лидија Митоска- Ѓорѓиевска, а во режија на феноменалниот  Мартин Кочовски. На 18 август ни доаѓа Градскиот театар од Љубљана со претставата „Нора“ од Ибзен, претстава која ја обележа оваа театарска сезона во Словенија, режирана од нашата најдобра режисерка Нела Витошевиќ, во чија главна улога настапува една од најголемите словенечки актерки, Ајда Смрекар.За затворање на фестивалот, jа имаме најголемата регионална ѕвезда, актерот Милош Биковиќ во претставата Лагата од Флоријан Зелер, во режија на Никола Љуца, а во продукција на Белградскиот драмски театар, најави драмската селекторка Сања Арсовска.
Од 12 јули до 20 август, љубителите на уметноста ќе имаат прилика да уживаат во 34 концерти, седум театарски претстави,  а програмата ќе биде збогатена и со балет, изложба на фотографии и промоција на книга. „Охридско лето “ ќе биде домаќин на над 1000 уметници од 20-тина земји од светот, Србија, Чешка, Италија, Словенија , Полска , Франција, Турција, Израел, САД, Украина, Шпанија, Црна Гора, Грција, Германија, Романија, Португалија, Египет, Русија,… и секако, уметници од Република Македонија. „Охридско лето“ се искачи на високото петто место  меѓу првите пет меѓу 140 фестивали, членки на Европската асоцијација на фестивали(ЕФА) .
Членството во оваа елитна асоцијација е доказ дека „Охридско лето“ е на вистинскиот пат во неговата меѓународна афирмација но и потврда дека културата, уметноста и традицијата кои се создаваат на фестивалската сцена во древниот Охрид,  го опишуваат кодот на нашиот народ и зборуваат за неговото постоење низ вековите, неговата посебност и специфичност, истакна на денешната прес-конференција директорката на НУ „Охридско лето“ , Наташа Поповиќ.
Таа изрази огромна благодарност до Претседателот на државата кој е покровител на фестивалот, до Владата на Република Македонија која преку ресорното Министерство за култура вложува во развојот и унапредувањето на културата, до Општина Охрид , до генералниот спонзор Македонски Телеком, како и до останатите спонзори,  помагатели и почитувачи на уметноста и на културните вредности.]]>

„Охридско лето“ ретерираше, директорката се премисли, па се огласи: „Јоксимовиќ нема да пее“… Но, дали сепак не е потпишан договор, а парите не му се веќе уплатени? https://arhiva.vistina.com.mk/ohridsko-leto-reterirashe-direktorkata-se-premisli-pa-se-oglasi-joksimovikj-nema-da-pee-no-dali-sepak-ne-e-potpishan-dogovor-a-parite-mu-se-vekje-uplateni/ Fri, 10 Jul 2020 07:22:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=158076

Најреномираниот македонски летен културен фестивал „Охридско лето“ наместо да биде круна во културата како што отсекогаш бил и како што му доликува, за жал се претвора во „збиралиште на изгубени души на селски панаѓур“. Или за малку ќе беше, јавноста да не реагираше. Најновите случувања по познатиот принцип на Зоран Заев, лидерот на партијата на власт - СДСМ: Денес кажувам едно, утре кажувам друго, а вчера кажаното... пу, пу  не важи,  како да станаа „темелна вредност“ и стил на однесување, кои властодршците ги пренесоа и во културата, односно фестивалот „Охридско лето“. Имено, откако јавноста експлодираше по веста која и самото раководство на чело со директорката на фестивалот, Наташа Поповиќ, завчера, 08.07.20202 за неколку македонски медиуми потврдиле дека српскиот поп-фолк пејач Жељко Јоксимовиќ ќе настапи на 7-ми август на  „Охридско лето 2020“  во Античкиот театар во Охрид, вчера, 09.07.2020 го повлече кажаниот збор, ја смени изјавата, ретерираше во одлуката... И таа и фестивалот, се појавија со ново соопштение: Јоксимовиќ сепак, нема да пее! Наводно, според директорката Наташа Поповиќ, Жељко Јоксимовиќ нема да настапи на фестивалот и со него не бил потпишан договор, туку биле направени само првични договори. „Настапот на Жељко Јоксимовиќ кој деновиве предизвика низа реакции во јавноста беше дел од работната верзија на програмата на Охридско лето. Како Национална установа официјалната програма ја соопштуваме на прес конференција која за јубилејното издание ќе ја одржиме деновиве. За жал нацрт верзијата, која напоменувам не е конечна, деновиве се најде на социјалните мрежи со што одредени личности ја злоупотребија искажувајќи револт и бес без притоа да пофалат или во најмала рака да напоменат дел од другите уметници кои се најдоа на истата работна верзија а се врвни уметнички имиња. Нема да судиме ниту да бараме причина зошто некој пред почетокот на ова јубилејно издание сакаше да ја омаловажи успешната традиција на највредниот фестивал кој го имаме.  Она што можам сега да го кажам е дека Жељко Јоксимовиќ нема да биде дел од програмата. Направени беа само првични преговори и не е потпишан договорот. Повторувам, преговорите беа Јокcимовиќ да настапи во дополнителната програма, што фестивалот секоја година ја има покрај официјалната, во која се класичната музика и театарот. Што се однесува до бројните коментари кои ги преплавија социјалните мрежи деновиве, сметам дека она што за многумина овој концерт беше естрада е само нивно лично незадоволство. Концертот насловен како „Два света“ со симфониски оркестар од Белград, членови на белградската филхармонија, за познавачите на уметноста има вредност“ - се вели во делот од соопштението на директорката Поповиќ. Изговорот блед, проѕирен, дури и смешен, како да им се обраќа на мали деца од предучилишна возраст, а не на македонската јавност и медиумите. Партем, прилично дрско и недолично по принципот: нападот е најдобра одбрана, ги напаѓа сите оние кои на социјалните мрежи според неа, во несудениот настап на Јоксимовиќ не ја препознале „вредноста на неговата уметност“ заради лично незадоволство? Каква небулоза, ако се знае дека најгласни во реакциите беа токму естрадните уметници, меѓу кои повеќето се музички потковани, академски обвразовани токму на тоа поле, а некои од нив се класични уметници вработени во Македонската филхармонуија или МОБ, па дури и професори по музика на некои од високообразовните институции (факултетим, академии) во земјава!  И види сега, според директорката Поповиќ, тие не знаат да ја препознаат уметноста во програмата на српскиот забавувач, за разлика од неа и нејзината фестивалско-селекторска свита!? Од друга страна, откако јавноста ги фати „со спуштени гаќи“ како на мала врата сакаат да протуркаат нешто, на што не му е местото таму каде што сакаа(т) да го пикнат, сега ги мијат рацете со „нацрт верзија, предлог идеја, дополнителна програма, првични преговори, ...“ и слични смешни изговори, кои навистина и би биле комични да, не се трагични! Во меѓувреме, во јавноста веќе протече уште една, до душа, се' уште непотврдена информација, па затоа засега ќе ја третираме на ниво на шпекулација, но така беше и кога прв пат се „шушкаше“ дека Жељко Јоксимовиќ ќе пее на „Охридско лето“, па излезе дека било вистина... Или за малку ќе беше, јавноста да не ја осуетеше! Имено, и покрај тврдењата на директорката на „Фестивало Охридско Лето“ дека со српскиот естраден пејач биле направени само првични преговори и не било ништо конкретно договорено, односно, не бил потпишан договор за негов настап, во јавноста протече информацијата дека Договор помеѓи фестивалот и естрадниот уметник сепак - ИМА! И не само тоа, туку и дека веќе му е исплатена, според едни целата сума, според други, добар дел од неа, како неповратен капар! Дали оваа информација е вистинита или само шпекулација,  останува на надлежните органи и институции, да си ја испитаат работата на фестивалот и раководството на оваа македонска национална установа!  До тогаш, јавноста ја чека официјалната годинешна програма! Фото: ФОЛ лого принтскрин/ Јутјуб и Инстаграм принтскрин/zzeljko]]>