наташа мијатовиќ-мијата – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 11 Feb 2021 14:04:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png наташа мијатовиќ-мијата – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Мијата самата ја креираше визуелизацијата за својата – „Маска“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mijata-samata-ja-kreirashe-vizuelizacijata-za-svojata-maska-video/ Thu, 11 Feb 2021 14:04:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=189352

Наташа Мијатовиќ - Мијата со години е успешна на повеќе полиња: контролор на летање, пејачка, музичар, автор, комплетен уметник. Сестраноста на Мијата ја докажа и со нејзиниот перформанс „Јаболки и круши за уметнички души“, но и со нејзиниот најнов проект, видеоспотот за песната „Маска“, каде таа самата се потпишува како режисерка! Мијата деновиве го објави видео записот за песната кое не само што самата го режираше, туку е и автор на музиката и текстот на песната, а аудиото е направено во соработка со Дамир Пух и Наташа Миха. Во спортот настапуваат танчерките од студиото за танц Dancers United и нивната кореографка, Сара Кочан. Сниматели се Сашо Доковски и Тони Стојановски, а монтажата и постпродукцијата се на Били од Artistic Production. „Ова е мое самостојно режисерско деби и целиот процес на реализација ме одведе во нови познанства, соработки и искуства. Бескрајно сум благодарна на сите од тимот што овозможија да се реализира мојата визија. Јас уживав во правењето. Сега задоволството е заедничко“ - напиша Мијата при медиумската промоција на видеото кое можете да го проследите во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=FKzzNtT5Tko&feature=emb_logo  ]]>

Ресенската „Екстраваганца“ посакува – „Да сме среќни денес“ (ЛИРИК ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/resenskata-ekstravaganca-posakuva-da-sme-srekjni-denes-lirik-video/ Wed, 22 Apr 2020 12:55:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=146066

Ресенската група  „Екстраваганца“  по „Казна моја си ти“, преработката  „Приспивна“ и макфестовската „Како странец“, ја претстави својата нова песна која го носи насловот „Да сме среќни денес“. По соработката со нивниот сограѓанин, композиторот  Хари Котларовски, со кого момчињата соработуваа и на претходните две песни, вокалот Јовче Воденичаровски и Крсте Калевски – гитара, најпрвин од дуо станаа трио, придодавајќи го како член на групата Наум Секуловски (кахон/тапани), а сега за прв пат соработуваат и со познатата македонска пејачка Наташа Мијатовиќ - Мијата, на која ова и е авторско првенче. Таа се јавува како коавтор на музиката новата песна на групата  заедно со Тања Рибарска , но и како коавтор на стиховите - Мијата/Јовче Воденичаровски и аранжманот - Ѓорги Вацев/Мијата. За песната „Да сме среќни денес“ е направено и лирик видео чиј видео едитинг го потпишува Наум Секуловски. Као сето тоа спакувано изгледа и звучи, проследете во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=WAsSYZyz_hg&feature=youtu.be&fbclid=IwAR0St5FUKn9lX7ywBRzFBBWXsIk3a9HORrRj3Go-3oLBQS3RtbmdljJV4ts]]>