наташа миха – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 01 Mar 2024 13:39:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png наташа миха – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Наташа Миха ве носи низ „огнот на љубовниот пекол“ во – „Инферно“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-miha-ve-nosi-niz-ognot-na-lubovniot-pekol-vo-inferno-video/ Fri, 01 Mar 2024 13:36:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340843

Измина една година од објавувањето на нејзиниот албум „10 Љубови“, по што Наташа Миха се враќа на музичката сцена со нова песна. „Инферно“ е насловот на новото музичко парче, песна во која доминира нејзиниот препознатлив стил и вокален наратив, песна која беше пуштена во радио етерот и виделината на денот премиерно ја здогледа објавена на 27 февруари заедно со видеозапис. Инспирацијата за „Инферно“ лежи во стилот на музицирање и музиката од 90-тите кога светот беше опсипан и со најголем број квалитетни хитови. „Оние кои веќе ме познаваат, знаат дека сакам да си играм и експериментирам со жанрови. Тоа е мојот печат. Кога бев дете, слушав различни стилови на песни. Подоцна, во тинејџерските денови, иако ја изучував класичната музика, топ-листите на MTV Music и VH1 беа мојата музичка лектира. Од тука се навлеков на поп, рок и електронска музика, и од тоа време во себе носам песни и албуми на артисти кои се длабоко врежани во моето битие и се рефлектираат во она што сум денес“. Високиот стандард што го поставија со "Мерлин Монро" е задржан и надграден така што македонската музичка сцена доби нов врвен музички тандем! „Ова e песна на која заедно со Дамир Пух посветивме многу труд и време за секој детаљ да си дојде на своето место. Ако „Мерлин Монро“ е песната за се што не сум, "Инферно" е сублимат на се' што сум“ - ќе каже пејачката. Зад музиката на „Инферно“ се потпишуваат и двајцата, текстот е на Наташа, а аранжманот на Дамир. Освен учеството во креативниот дел, Дамир го има изработено и миксот и мастерингот на песната, а продукцијата е целосно реализирана во „GreenRoom Sound“ студио во Скопје. За видеозаписот на песната бил задолжен Горан Симјановски, кој ја сработи целата видео продукција. К ако звучи и изгледа нивниот „оган во срцето на светот“ во „Инферно“, проследете од видеото во продолжение: ]]>

Павле Камилоски се’ би направил само една желба да му се оствари – „Да си моја ти“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/pavle-kamiloski/ Thu, 09 Nov 2023 12:52:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326222

Павле Камилоски  деновиве ја промовираше во јавноста својата нова песна „Да си моја ти”, која е петта авторска во неговиот пејачки опус. Песната е во тој модерен поп стил со фанки примеси, чиј автори се познатиот музичар и гитарист Дамир Пух и пејачката Наташа Миха која е коавтор на музиката, а воедно ги напишала и стихови, а ги пее и придружните вокали. Песната иако жанровски поразлична од она што Павле преферирал да го пее досега е доволно енергична и емотивна, на што се надоврзува и нејзината визуелизација,  во која со својата елеганција, убавина и „неподнослива леснотија на движењата“, доминира атрактивната балерина од МОБ, неодоливата Никита. спотот е во режија на докажаниот маестро Александар Ристовски Принц за кој Павле кажува дека “во буквална смисла Принц го зборува мојот јазик и со леснотија го продуцира она кое што јас го чувствувам“. Спотот се снимаше во убавиот Галичник, од каде што се корените на Камилоски. Павле Камилоски е познат и по своите традиционални предновогодишни скопски концерти кои со неговото пеење ја разубавуваат уште повеќе свечената атмосфера која владее тие денови во македонска метропола секоја година, па така.ќе биде и годинава. Концертот е закажан за 15-ти декември во МНТ со почеток во 20 часот. „Mојот прекрасен Галичник прикажан преку нежноста и елеганцијата на Никита никогаш не изгледал поубаво“ - воодушевено ќе каже Павле за местото од каде ги влече корените на своето потекло. Како звучи новата песна на Павле Камилоски и како изгледа нејзината визуелизација, проследете од видеото во продолжение: ]]>

Наташа Миха горда на своите „10 Љубови“ (аудио) https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-miha-gorda-na-svoite-10-ljubovi-audio/ Fri, 23 Dec 2022 13:07:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=281434

Поп пејачкта Наташа Миха кон средината на месец ноември со синглот „Мерилин Монро“ го најави својот албум насловен „10 Љубови“ кој сега го промовираше пред публиката.Наташа е позната на македонската публика со сингловите „Пеперутка“,радискиот хит „Сé што знам“, а годинава пријатно ја изненади јавноста и со уникатната и храбра „Мерлин Монро“. -„10 Љубови“ е сублимат на сé што до сега имам објавено, вклучувајќи гихитовите „Пеперутка“, „Се што знам“ и „Мерлин Монро“. Албумот е збирка на вкупно 10 песни, а четири од нив се нови дела. „10 Љубови“ содржи композиции кои црпат инспирација од различни музички жанрови, давајќи и акцент на љубовта низ различни сценарија и дејствија, вели Наташа. Наташа Миха е етаблиран музичар и пејач, композитор и текстописец. Таа автор на музиката, текстот и аранжманот на „10 Љубови“ во соработка со Дамир Пух, додека миксот и мастерингот на албумот се целосно негово дело. „10 Љубови“ е снимен и изработен во „GreenRoom Sound“ студио во Скопје. Промоцијата на „10 Љубови“ се случи на 21-ви декември, во Филхармонија Кафе Бар, каде присутните за прв пат имаа можност да ги слушнат и да уживаат во песните содржани на албумот. „10 Љубови“ е издаден преку PMG Recordings. Албумот е достапен за слушање на сите стриминг платформи, а љубителите на добрата музика ќе можат ексклузивно да го набават и во CD формат. фото:Бојан Стоилковски]]>

Наташа Миха до сите кои „држат“ до своето и уживаат во животот во музичка трансформација како – „Мерилин Монро“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-miha-do-site-koi-drzat-do-svoeto-i-uzivaat-vo-zivotot-vo-muzichka-transformacija-kako-merilin-monro-video/ Tue, 15 Nov 2022 10:22:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=275831

Наташа Миха неодамна издаде нова песна со наслов „Мерилин Монро“ со која го најавува новиот албум што треба да се појави во средината на декември. За синглот е снимен и видеоспот со атрактивна содржина. За новата песна, Миха вели дека има порака и е своевидна поддршка до сите кои „држат“ до своето и уживаат во животот. „Мерлин Монро е песна која ги отсликува сите оние храбри индивидуи кои не се плашат да се тотално различни и свои, кои уживаат во животот и зрачат со самодоверба.“   Новиот сингл „Мерилин Монро“ е комплетно авторско дело (музиката и текстот) на Наташа, а на аранжманското обликување заедно работеа со Дамир Пух. Песната е снимена во GreenRoom Sound студио во Скопје, а Дамир ги изработи миксот и мастерингот. Видеозаписот е дело на Ѓорѓи Вацев. Во видеото како модел се појавува Калтрина Круезиу, која ја има улогата на современата Мерилин Монро. Сет фотографиите се дело на Бојан Стоилковски. За шминката се погрижи Зоран Шурбевски . Наташа, која на македонската сцена се наметна како впечатлив и моќен вокал е академски образуван музичар. Кариерата ѝ започнува во 2020 година со објавувањето на песните: „Кругот“ и „Пеперутка“, а по која следеа „Те сонив“, „Се што знам“ и „Winning Every Game“. Наташа Миха е фронтмен и клавијатурист на бендот „Station: Innermost“ со кој има издадено концептуално ЕП „Exposure“ и неколку синглови. Соработувала со повеќе музичари, меѓу кои и клавијатуристот Дерек Шеринијан (ex-Dream Theater, Billy Idol, Allice Cooper …). Со бендот има настапувано на фестивали во и надвор од државата, а меѓу последните настапи беа предгрупа на „Deep Purple.“ Како звучи и изгледа нејзината музичка трансформација во „Мерлин Монро“, проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

 Наташа Миха има победничка формула во – „Winning Every Game“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-miha-ima-pobednichka-formula-vo-winning-every-game-video/ Tue, 22 Mar 2022 06:39:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243941

„Winning Every Game“ е новата песна на Наташа Миха која на 21-ви март е објавена со моќен видео запис. Зад аранжманот се потпишува Дамир Пух, текстот е на Наташа, а зад музиката се потпишуваат и двајцата. Продукцијата, миксот и мастерингот на песната се дело на Дамир, сработени во  GreenRoom Sound студио во Скопје. „Горда сум на целосната реализација и мило ми е што и овој пат имам одличен тим за соработка“ -  јавно се заблагодари пејачката на екипата која соработувала со неа во комплетната реализација на новата песна и видеото за неа во која покрај Дамир Пух уште учествувале: Стефан Рајхл - како снимател и режисер на видеото,  во соработка со Васил Јанев како светло мајстор и Милан Блажевски кој бил задолжен за монтажа на видеото. Испеана на англиски јазик, темата звучи зрело и модерно и содржински и музички продукциски... Поп-рок со цврст гитарски призвук и извонреден вокал, што е денес  вистинска реткост да се слушне дури и во европски рамки, а камо ли кај нас. Вистинско оригинално освежување во морето од „компјутерски трап лигавштини“ и некреативни и бледи поп копии. ]]>

D’reamers feat Наташа Миха – „Да исчезне се’“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/d-reamers-feat-natasha-miha-da-ischezne-se-video/ Mon, 31 Jan 2022 13:15:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236952

Синиша Карафилоски и Јордан Џејмс Ивановски во нивниот заеднички проект „D’Reamers“ ексклузивно ја промовираат своја трета песна „Да исчезне се”. Самата композиција доби и видео запис, кој ви го преставуваме, а истата е снимена во GreenRoom Sound Studio, со сите протагонисти кои се јавуваат како изведувачи, продуценти, репрезенти на самата мелодија. Музиката и текстот за оваа песнасе дело на Синиша Карафилоски и Дамир Пух кој исто така го создал аранжманот, ја продуцирал, снимал и го направил мастерингот за песната. Вокалната изведба е на Јордан Џејмс Ивановски и Наташа Миха која се јавува како специјален гостин и ко-автор на текстот. ]]>

Наташа Миха има илјада причини и само еден план – „Ти давам се’ што знам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-miha-ima-iljada-prichini-i-samo-eden-plan-ti-davam-se-shto-znam-video/ Tue, 23 Nov 2021 13:40:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=228504

По пауза од една година од излегувањето на нејзината „Пеперутка“, поп пејачката Наташа Миха има нова песна, насловена „Сé што знам“. Станува збор за поп сингл со модерен звук кој умешно се носи со естетските стандарди на светската музичка сцена, притоа задржувајќи го автентичниот артистички израз и печат на Наташа.
„Ми претставува големо задоволство и со гордост ви ја претставувам „Сé што знам“, мојот нов сингл.
Мене срцето ми е полно, посветив многу љубов, работа и време за реализација на целосниот проект и се надевам дека она што ќе го слушнете и видите ќе ги заскокотка вашите сетила и нема да ве остави рамнодушни„ - вели младата пејачка и додава:
„Сé што знам” е дело кое дели сличен тематски концепт со моите досегашни авторски песни. Музиката и аранжманот се вистинско звуковно освежување чија колоритност и динамика испровоцираа интимност и игривост во мојот вокален израз. Секоја нова можност за експериментирање и проширување на границите го буди детето во мене, желно за освојување  нови хоризонти. Во подготовка сум на свој солистички албум кој сакам да биде објавен во блиска иднина… „Сé што знам“ е снимена во Green Room Sound студио во Скопје. Зад музиката се потпишуваат Дамир Пух и Наташа Миха. Текстот е на Наташа, а изработката на аранжманот, како и целосниот микс и мастеринг на песната се дело на Дамир. Видеото е снимено на локација во околина на Скопје, во продукција на Ѓорѓи Вацев. „Со Ѓорѓи веднаш се согласивме дека битот на песната е она што најмногу движи, па едногласно решивме видео записот тотално да кореспондира со истиот. Идејата за возење бесен автомобил во планински предели и есенски колорит ме освои од прва. За време на снимањето имавме супер опуштена атмосфера и одлична соработка. И, секако, возењето беше безбедно. Топло ви препорачувам да ја слушнете „Сé што знам“ додека сте зад волан, искуството е посебно“ - ви порачува Наташа канејќи да го проследите нејзиното најново остварување во продолжение. ]]>

Несудениот поп кој стана поп пејач, Александар Џо Господов ви ја претставува – „Реци ми“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nesudeniot-pop-koj-stana-pop-pejach-aleksandar-dzo-gospodov-vi-ja-pretstavuva-reci-mi-video/ Thu, 16 Sep 2021 11:26:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=219384

Александар Џо Господов е роден во Скопје 1996 година, а со музика е од најрани нозе. Има свирено во неколку бендови и на концерти и свирки. Неговиот прв албум го издаде минатата година  на англиски јазик со наслов „Goodbye“. Има издадено три ЕП – ија и повеќе синглови. Инаку тој е несудено свештено лице - поп, кој го напушта богословското училиште во кое бил запишан и се посветува на економијата и музиката како негова голема љубов. Оваа година се подготвува да сними нов албум на српско-хрватски јазик, кој ни го најавува со презентацијата на неговиот промотивен сингл, песната „Реци ми“. На оваа песна му гостуваат: Драган Гиновски на електрични гитари, Стефан Митев на бас и Јан Стефановски на тапани. Придружните вокали ги испеаја Наташа Миха и Мартина Митревска. Песната е визуелизирана и со лирик видео кое го потпишува Марио Петковски, додека комплетен автор на истата ( музика, текст, аранжман) е самиот изведувач, во чие   „Blue Town Studio“ песната и е снимена. [embed]https://www.youtube.com/watch?v=isd1dbzXiFI[/embed]]]>

Мијата самата ја креираше визуелизацијата за својата – „Маска“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mijata-samata-ja-kreirashe-vizuelizacijata-za-svojata-maska-video/ Thu, 11 Feb 2021 14:04:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=189352

Наташа Мијатовиќ - Мијата со години е успешна на повеќе полиња: контролор на летање, пејачка, музичар, автор, комплетен уметник. Сестраноста на Мијата ја докажа и со нејзиниот перформанс „Јаболки и круши за уметнички души“, но и со нејзиниот најнов проект, видеоспотот за песната „Маска“, каде таа самата се потпишува како режисерка! Мијата деновиве го објави видео записот за песната кое не само што самата го режираше, туку е и автор на музиката и текстот на песната, а аудиото е направено во соработка со Дамир Пух и Наташа Миха. Во спортот настапуваат танчерките од студиото за танц Dancers United и нивната кореографка, Сара Кочан. Сниматели се Сашо Доковски и Тони Стојановски, а монтажата и постпродукцијата се на Били од Artistic Production. „Ова е мое самостојно режисерско деби и целиот процес на реализација ме одведе во нови познанства, соработки и искуства. Бескрајно сум благодарна на сите од тимот што овозможија да се реализира мојата визија. Јас уживав во правењето. Сега задоволството е заедничко“ - напиша Мијата при медиумската промоција на видеото кое можете да го проследите во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=FKzzNtT5Tko&feature=emb_logo  ]]>

Мијата има доволна доза антитела зашто има своја – „Маска“ (ЛИРИК ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mijata-ima-dovolna-doza-antitela-zashto-ima-svoja-maska-lirik-video/ Wed, 16 Dec 2020 12:51:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=181220

Новата песна на Наташа Мијат Крстевска - Мијата (MIYATTA), насловена „Маска“ е поп – рок песна, со еден необичен музички набој различен од она што го знаеме за неа. Песна која ја користи тематиката на болеста што нѐ засегна сите како алегорија за изразување на една друга подлабока тема за женските права и слободи, на кои Мијата како самосвесна жена, често им се навраќа. Музиката и текстот се нејзино авторско дело, а аранжманот го потпишуваат Дамир Пух и Наташа Миха, која ги испеала и придружните вокали, а песната е снимена во „Green Room Recording Studio“. „Маска“, однеодамна е достапна на публиката и безбедна за слушање, зашто Мијата веќе располага со неопходната доза антитела. „Видео запис за оваа песна ќе има, се надевам набргу дена ќе почнеме со снимање со Мелем Продукција, зашто уште не се чувствувам вратена целосно во кондиција по прележаната корона“ – вели Мијата. Во меѓувреме слушнете како звучи нејзината музичка „Маска“ проследена со лирик видео: https://www.youtube.com/watch?v=PFoQvhewx80]]>