настинки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 31 Oct 2023 12:32:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png настинки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почна сезоната на настинки, овие рецепти ќе ви помогнат на вас и вашите деца https://arhiva.vistina.com.mk/pochna-sezonata-na-nastinki-ovie-retsepti-ke-vi-pomognat-na-vas-i-vashite-detsa/ Tue, 31 Oct 2023 13:15:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324747

Два многу ефикасни лекови, кои доколку започнете да ги консумирате на почетокот од настинката, ќе се спасите од можни понатамошни компликации како што е бронхитисот на пример. И двата рецепти за овие лековити напитоци се многу вкусни и пријатни за пиење, па може да ги користатат и деца. РЕЦЕПТ 1 Сварете 250 милилитри млеко и оставете да излади на собна температура. Додадете 1 лажичка путер и 1 лажичка мед. На страна изматете една жолчка од јајце со четвртина лажица сода бикарбона. Додадете го во млекото и промешајте. Овој лек се пие пред спиење, барем пет дена по ред за постигнување на подобри резултати. Овој лек е одличен за трахеитис, болно грло, кашлица и бронхитис, а можат да го користат и деца. РЕЦЕПТ 2 Потребни состојки: 2 лажици маслиново масло 2 лажици вода 1 лажица мед 2 лажици лимонов сок Постапка: Измешајте и ставете на оган да се загрее. Половината се пие наутро, а втората половина навечер. Започнете со примена навреме, додека симптомите на вирусот не се влошиле, па никогаш ќе немате проблем со бронхитис и кашлица. Извор: Курир]]>

Во сезоната на вируси и настинки: На сите ни се потребни овие витамини https://arhiva.vistina.com.mk/vo-sezonata-na-virusi-i-nastinki-na-site-ni-se-potrebni-ovie-vitamini/ Fri, 25 Nov 2022 12:30:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277460

Витамините и минералите ни се повеќе од потребни во сезоната на грипови и настинки и понекогаш мора да ги внесуваме преку суплементи, но за среќа ги има и во храната. Бројни истражувања покажале дека витамините А, Ц и Е, како и фолната киселина се задолжителни преку зима, кога се зачестени настинките и сезонскиот грип. Затоа, потребно е во редовната исхрана да внесеме намирници кои ги содржат токму овие хранливи состојки. Витамин Ц Витаминот Ц го има во свежо цедените сокови од цитруси. Овие сокови не ги консумирајте наутро кога сте гладни, туку задолжително по оброк. Витаминот Ц го зајакнува имунитетот, но и го забрзува заздравувањето на раните и штити од инфекции. Витамин А Го има во млечната храна, месото, јајцата и рибата. Овој витамин помага во обновување на епителното ткиво и ја чува кожата од патогени напаѓачи. Тој е задолжителен дел од животниот циклус на клетките и ткивата. Недостатокот на витамин А предизвикува сувост на кожата и намалување на нејзината еластичност. Витамин Е Витаминот Е најлесно ќе го внесете преку маслиновото масло и тоа во доза од 4 полни лажици во денот. Некои луѓе го пијат маслото, а други оваа количина ја додаваат во храната. Исто така, го има и во јатките како што се бадеми, кикирики и ореви, а потоа и во сусамот и ротквиците. Консумирајте ги овие намирници свежи, бидејќи високите температури го уништуваат витаминот Е. Фолна киселина Ја има во зелениот листест зеленчук и интегралните житарици. Помага при обновување на леукоцитите, кои се неопходни за заштита на телото. Фолната киселина припаѓа на групата на Б-витамини, ја подобрува циркулацијата и ги регулира аминокиселините. извор:курир.мк]]>

Клучот на здравјето во текот на зимата е во овие 10 намирници – еден орган треба најдобро да го подготвите за сезоната на настинки и грипови https://arhiva.vistina.com.mk/kluchot-na-zdravjeto-vo-tekot-na-zimata-e-vo-ovie-10-namirnici-eden-organ-treba-najdobro-da-go-podgotvite-za-sezonata-na-nastinki-i-gripovi/ Mon, 17 Oct 2022 11:14:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=271654

Здравјето на целиот организам зависи од редовното чистење на организмот од токсини кои се таложат во телото и се закануваат да ја забават работата на органите неопходни за нормално функционирање. Токсините ги внесуваме по влијание на надворешната средина, преку исхраната со нездрави намирници, хемикалии и преработена храна. Првите чекори во заштита на органите се редовна детоксикација, комбинација со одредени намирници и напитоци кои придонесуваат во јакнење на здравјето на црниот дроб, а потоа и целиот организам. Овие намирници ќе ви помогнат и да го регенерирате црниот дроб, како и тоа да го подобрите неговото поздраво функционирање. 1. Јаболко Јаболката се богати со пектин, којшто му помага на телото да се исчисти и да ги отпушти токсините од дигестивниот систем. 2. Авокадо Авокадото е богато со значајни состојки кои имаат клучна улога во намалувањето на оштетување на црниот дроб. 3. Цвекло Цвеклото е богато со бетакаротен и растителни флавоноиди кои помагаат во стимулацијата на подобрувањето на црниот дроб. 4. Лук Лукот ги активира ензимите во црниот дроб и помага во отстранување на токсините од целиот организам. 5. Грејпфрут Тој е добар извор на витамин Ц, антиоксиданти и пектин. 6. Зелен чај Зелениот чај помага токсините и депонованите масти да се исфрлат од организмот и да се зголеми хидратацијата на телото. За значајноста на зелениот чај сме пишувале многупати досега. 7. Зелен зеленчук Зелениот зеленчук го поттикнува создавањето и нормален тек на желудочен сок којшто помага во отстранување на отпадните материи и вишокот холестерол во телото. 8. Лимон Лимонот го чисти црниот дроб и е полн со антиоксиданти. Се препорачува утрото да го започнете со чаша млака вода со цеден лимон. На тој начин го чистите и забрзувате целиот метаболизам. 9. Кромид Кромидот е богат со алицин и помага токсините да се исфрлат од црниот дроб и од дигестивниот систем. 10. Ореви Оревите се богати со омега 3 масни киселини, аминокиселина аргинин и глутатион кои помагаат во нормалното функционирање на црниот дроб. извор:точка.ком.мк]]>

Комбинација која најмногу ја користат Русите: Народен лек против вируси и настинки од 2 моќни состојки https://arhiva.vistina.com.mk/kombinacija-koja-najmnogu-ja-koristat-rusite-naroden-lek-protiv-virusi-i-nastinki-od-2-mokjni-sostojki/ Mon, 25 Oct 2021 12:00:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224448

Направете го најдобриот народен лек кој се користи во народната медицина. Мед и лук – прават вистински чуда за вашето здравје. Сезоната на вируси е „отворена“, а докторите советуваат да го зајакнеме нашиот имунитет со внесување на суплементи, витамини и минерали кои ја зајакнуваат одбраната на организмот. Но, исто така треба да консумирате и чаеви, а постојат и народни лекови кои во светот се користеле низ вековите. Најпопуларниот од нив подразбира комбинација на мед и лук – две моќни состојки за превенција на вашето здравје, а токму овој лек редовно го користат Русите.

Како делува?

Лукот го намалува крвниот притисок, како и нивото на холестерол во крвта. Веднаш потоа тој има и антибиотско дејство, па често се користи за сузбивање на настинка или грип, како и превенција против болести. Редовното консумирање на лукот го јакне имунитетот и произведува антитела во организмот, ги штити крвните садови и го намалува ризикот од срцев удар, истакнуваат докторите. Медот содржи многу витамини и над 37 минерални материи, меѓу кои калиум, калциум, магнезиум, цинк. Тој помага при кашлица, проблеми со бронхитис и респираторни тегоби. Како да го подготвите народниот лек?

Состојки:

- 500 грама мед; - 7 лимони; - 7 чешниња лук; - 300 грама ореви; - 250 грама варена пченица.

Подготовка:

Изблендирајте ја пченицата, па додадете ги оревите, лукот и цели три лимони со кора. Од останатите лимони направете сок кој потоа ќе го додадете во мешавината. Потоа на сето тоа додадете го медот и мешајте додека состојките не се соединат. Оваа мешавина чувајте ја во стаклена тегла во фрижидер и консумирајте откако ќе отстои три до четири дена.

Начин на употреба:

Кога лекот е подготвен за употреба консумирајте по една до две лажици половина час пред секој оброк. извор: точка.мк]]>

Чешне лук за силен имунитет https://arhiva.vistina.com.mk/cheshne-luk-za-silen-imunitet/ Sat, 23 Oct 2021 06:07:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224310

Здравствените придобивки од лукот се многубројни. За сите оние кои се жалат на висок крвен притисок, ова е најлесниот и најбезбедниот начин да го држите крвниот притисок под контрола. Најдобро од сe, го земате еднаш дневно и нема никакви несакани ефекти, како што е случајот со разни лекови. Воспаление од секаков вид може да се спречи и излечи со лук. Оние кои страдаат од артритис можат да имаат огромна корист од него. Лукот штити од габични инфекции, брадавици, бактерии и сите други бактериски инфекции. Слабиот имунолошки систем е вообичаена појава денес. Поради падот на имунолошкиот систем, често се појавуваат настинки, грип, алергии на носот и посериозни болести. Кога вашиот имунолошки систем е силен, тој е во состојба да ве заштити. Лукот ви дава сила. Едно чешне лук содржи 12 мг калиум, 5 мг калциум и 100 сулфурни соединенија.]]>

Што се случува во организмот ако секој ден внесувате витамин Ц? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-se-sluchuva-vo-organizmot-ako-sekoj-den-vnesuvate-vitamin-c/ Tue, 02 Feb 2021 14:00:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=187907

Витаминот Ц е многу важен - освен што го подобрува имунолошкиот систем и помага организмот да се одбрани од сезонски настинки и грип, може да го намали ризикот од хронични и срцеви заболувања. Недостатокот на витамин Ц може да предизвика низа здравствени проблеми, а меѓу најчестите се губење на телесната тежина, умор, рани кои потешко зацелуваат, настинка, инфекции на уринарниот тракт и слично. Витаминот Ц му помага на телото да оздрави. Дејствува како антиоксидант и може да спречи оштетување на клетките. Овој витамин исто така е потребен за биосинтезата на колагенот и затоа е главна состојка на многу производи за нега на кожа. Докажано е дека витамин Ц може да спречи развој на рак. Исто така, спречува развој на кардиоваскуларни заболувања, а го намалува високиот крвен притисок.

Помага при настинки

Овој витамин влијае на зајакнување на имунитетот, но лекарите истакнуваат дека витаминот Ц може да го скрати траењето на настинката и да ги ублажи симптомите. Но, треба да внимавате бидејќи прекумерната употреба на витаминот Ц доведува до проблеми со варењето, пролив, мачнина и грчеви. Исто така, витаминот Ц може да го зголеми процентот на киселини во бубрезите што доведува до создавање на камење во бубрезите.

Како да препознаете дека имате недостаток на витамин Ц?

Малаксаност, болки во зглобовите, сува кожа, склоност кон инфекции се само некои од знаците со кои телото ве предупредува дека му недостасува витамин Ц. Веќе знаете дека витаминот Ц се содржи во цитрусното овошје, но исто така го има и во зелениот лиснат зеленчук, зелка, шипка, киви, јагоди, чили пиперчиња, црвена и зелена пиперка, прокељ, брокула, ананас и папаја. извор: Кајгана]]>

Клима уредот предизвикува настинка: Ова се сите митови и вистини! https://arhiva.vistina.com.mk/klima-uredot-predizvikuva-nastinka-ova-se-site-mitovi-i-vistini/ Thu, 01 Aug 2019 13:15:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=100249

Живееме во некои убедувања кои одамна се наметнати, а всушност повеќето од нив се само еден обичен мит. Летните вирусни инфекции во основа не се разликуваат од зимските. Тие се предизвикани од истите вируси, а за инфекцијата да се развие потребно е вашиот имунитет да биде ослабен. Во текот на зимата, имунитетот опаѓа поради ниските температури, но што предизвикува негово опаѓање во текот на летниот период? Причините се бројни – пред сè може да биде сонцето (прегревање на телото), но и преоптовареност и умор, недостаток на сон, лоша исхрана, изненадни промени во дневниот режим или клима и големи температурни разлики. Еве само дел од најчестите митови за настинките во текот на летото: Сладоледот и консумирањето на ладните пијалаци предизвикува болест – МИТ Не станува збор за консумирање на ладни производи, туку за разлика во температурата која се јавува во текот на летото. Во текот на топлите денови, целото тело се загрева, а сладоледот или пијалаците кои се чуваат во фрижидер предизвикуваат шок. Тоа лесно може да доведе до грчеви во крвните садови на грлото и тоа е она што им олеснува на вирусите да навлезат во нашето тело и да го заразат. Истото важи и за пливањето во студено море, океан или езеро. Настинката во лето се третира на ист начин како и во зима – ВИСТИНА Кога станува збор за домашните лекови за настинка, препораките не се менуваат во зависност од сезоната. Иако можеби ви се чини дека топлиот чај со мед не е најдобра идеја во летните месеци, тој ќе ви помогне да го зајакнете имунитетот. Постојат и превентивни методи кои не се менуваат во текот на годината, од кои најважна е правилната хигиена – миење на рацете пред и по јадењето или дезинфекција со посебни средства, доколку не можете да користите сапун и вода. Клима уредот предизвикува настинка – МИТ Самиот клима уред не предизвикува настинки, меѓутоа под одредени услови може да биде поволно тло за нив, пред сè кога температурата во климатизираната просторија значајно се разликува од онаа надвор. Второ, ладниот воздух ја суши слузницата која станува поподложна на воспаленија и ја слабее природната заштитна бариера на нашето тело. Со тоа, доколку просторијата нема доволно балансирана циркулација и влажност на воздухот, клима уредот може да придонесе за појава на настинка. Исто така, постојат илјадници микроби кои се развиваат во неисчистените клима уреди, па затоа е важно филтрите редовно и темелно да се дезинфицираат. За време на летото е потешко да се настине – МИТ Точно е дека летните инфекции се јавуваат поретко и најчесто имаат поблаг тек, но не е точно дека за време на летниот период е потешко да се настине. Иако се предизвикани од истите вируси кои напаѓаат и во зима, во текот на летната сезона главната улога ја има исхраната. Затоа, искористете го сезонското овошје и зеленчук кои изобилуваат со многу витамини, движете се повеќе и поминувајте повеќе време во природа. извор:точка.ком.мк]]>