настинка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 11 Jan 2024 13:34:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png настинка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Што треба да јадете кога сте настинати? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-treba-da-jadete-koga-ste-nastinati/ Thu, 11 Jan 2024 13:34:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334665

Во случај кога треба експресно да го засилите имунитетот, постои храна која може да ви помогне во тоа. Одредени намирници изобилуваат со витамини, минерали и други хранливи состојки важни за здрав имунолошки систем. Истовремено, тие можат да ги ублажат непријатните симптоми на грип и настинка. Јогурт Во јогуртот има добри бактерии, пробиотици кои помагаат во одржување на рамнотежа на дигестивниот систем, што е клучно за здрав имунолошки систем. Ореви Содржат микс од хранливи состојки важни за здрав имунолошки систем. Тоа се витамините Б6 и Е, бакар и омега-3 масни киселини. Лук Кога станува збор за инфекции, лукот може да ви помогне поради неговите антивоспалителни својства. Може да го додатете во супа, тестенини, варен зеленчук и сосови. Мед и ѓумбир Медот го подобрува имунитетот и помага во ублажување на кашлица. Ѓумбирот е познат како намирница која помага да се ублажат мачнините и да се смири воспаление. Цитрусни овошја Лимон, портокал или грејпфурт, што и да одберете нема да згрешите. Богати се со витамин Ц, а за потребната доза на растителни влакна, најдобро е да ја изедете целата овошка. Лосос Лососот е преполн со омега-3 масни киселини кои имаат противвоспалително дејство и ја ублажуваат вознемиреноста, стрес фактор кој може да го наруши имунитетот. извор:попара.мк]]>

Кога сте настинати или имате грип, овие намирници не смеете да ги конзумирате https://arhiva.vistina.com.mk/koga-ste-nastinati-ili-imate-grip-ovie-namirnitsi-ne-smeete-da-gi-konzumirate/ Mon, 18 Dec 2023 13:20:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331508

Некои намирници се дел од нашата секојдневна исхрана и не сме свесни дека претставуваат извесна опасност за нас, особено кога ги јадеме во период кога сме настинати или имаме грип. Еве за кои се работи: Рафинирани шеќери Диететичарите советуваат дека кога организмот е болен, не треба да се внесуваат шеќери бидејќи го стимулираат воспалителниот процес во телото. Алкохол Алкохолот го дехидрира телото, а тоа воопшто не оди во прилог кога сте болни и настинати. Кофеин Кофеинот е диуретик и исто како и за алкохолот, така и во овој случај важи дека не ви треба ништо што стимулира зголемено исфрлање на течности од телото. Ако сепак не можете без кафе, обидете се да го ограничите на само една шолја во денот, без додавање млеко. Закиселени намирници Дигестивниот систем кога сме настинати исто така е доста надразнет, па би требало да избегнувате намирници кои се кисели, како што се туршија, кечап, салати со оцет… Солени намирници Кога имате желудочни тегоби, избегнувајте да јадете солени крекери. Наместо тоа, земете двопек или оризови галети, бидејќи солта го надразнува и болното грло и дигестивниот систем. Тост или препечен леб Ако имате воспаление на грлото, избегнувајте да јадете тврди, препечени намирници, чии ронки лесно се лепат кога ги голтате. Тоа дополнително го надразнува грлото. Наместо суви, јадете ги со јогурт или супа. Млечни производи Млечните производи придонесуваат за згустување на секретот и негово потешко исфрлање од организмот. извор:курир.мк фото:Freepik]]>

Зајакнете го вашиот имунитет: Природни лекови против настинка https://arhiva.vistina.com.mk/zajaknete-go-vashiot-imunitet-prirodni-lekovi-protiv-nastinka/ Tue, 12 Dec 2023 13:35:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330839

Не трчајте на лекар штом почнете да кивате, или ве заболи грлото. Попаметно е да останете дома, да се затоплите и да подготвите некои природни проверени рецепти во борба против настинката. Лимонот и витаминот Ц се задолжителни Кивањето и малаксаноста се знаци дека се подготвува настинка. Зголемете го внесот на витамин Ц на еден грам три пати на ден. Парете се над топла вода во која сте ставиле лимонов сок. Вирусните настинки ја мразат влагата, а сокот од лимон делува како природен антибиотик.   Зачини и купки Ако не ја спречите настинката, во почетната фаза обидете се со потење. Отровите излегуваат со потта, а покачената телесна температура ги убива микробите. Лековитите тревки кои што греат и смеса од јаки зачини ќе ви ја подобрат циркулацијата. Помешајте во еднакви количини ѓумбир, пиперка и каранфилче во прав со лажиче мед. Или, земете едно лажиче од таа смеса во чаша топла вода со мед пред спиење. Пробајте и да ги потопите стапалата во купка од сенф. Во леген со топла вода ставете малку сенф во прав, додајте сода бикарбона и потопете ги нозете.   Против кашлица – прополис Најдобро средство против кашлица е прополисот. Содржи богата мешавина од витамин Б и минерали. Дури и лажиче мед пред спиење е доволно за да се смири кашлањето. Во медот можете да ставите и издробен лук. Доколку осетите дека кашлицата е упорна, пијте повеќе чај од липа.   За црвено грло – лимон и мед Жежок лимон и мед се испробан рецепт со кој се смирува болното и црвено грло. Правете гаргара со потопла течност, бидејќи така ги убивате бактериите. Сварете вода и сол и што почесто во текот на денот правете гаргара со тој раствор. Болката и воспалувањето би требало бргу да поминат.   За затнат нос добра е акупунктурата Инхалирајте есенцијални масла од еукалиптус, мајчина душица, бор, лимон и лаванда. Ставете по една капка од секое масло во чинија со топла вода. Маслата делуваат асептично и прочистуваат. За посилно затнување на носот пробајте со акупунктура, ставете ги палците и показалците на две точки на лицето, под јагодиците, точно под зениците, а делот кој е оддалечен еден прст широчина од врвот на носот измасирајте го со благи движења.   Одбирајте ја храната Избегнувајте млечни производи, јајца, шеќер и сок од портокал, бидејќи поттикнуваат создавање на слуз. Јадете лук и кромид за да го подобрите имуниот систем. Извор: Попара.мк]]>

Четката за заби треба да се смени по настинка или грип https://arhiva.vistina.com.mk/chetkata-za-zabi-treba-da-se-smeni-po-nastinka-ili-grip/ Wed, 17 May 2023 11:04:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302501

Лекарите советуваат дека е добро да се исчисти целата куќа по времето минато со настинка. Препораките се однесуваат на менување на постелнината, перење на алиштата, пребришување на сите површини во домот – сѐ со цел да се отстранат непожелните бактерии. Но, истото важи и за четката за заби. Четката за заби е еден од оние предмети што биле во директен контакт со микроорганизмите на настинката. Според американскиот стоматолог Гери Лиу, особено е важно да се земе нова четка, при присуство на заболувања како херпес, грип, болки во грлото, па тука спаѓа и обичната настинка. Бактериите можат да живеат на четката и до неколку седмици, зависно од видот на микроорганизмот. Затоа, важно е четката да се смени, просто поради можноста од нова зараза. Зошто не треба да се менува четката додека човекот е болен? Користењето на истата четка додека сте болни нема да ја продолжи лошата здравствена состојба. Исто така, погрешно е и да се покрива четката, бидејќи бактериите умираат во присуство на кислород. Извор: Курир.мк]]>

Дали настинките сега се посилни од пред пандемијата? https://arhiva.vistina.com.mk/dali-nastinkite-sega-se-posilni-od-pred-pandemijata/ Mon, 27 Feb 2023 12:04:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=290789

Бројот на заболени од грип според официјалните податоци се намалува, ама настинките не попуштаат. Температурните промени со минус степени во утринските часови влијаат настинките полесно да се шират. Впрочем настинките се карактеристични за овој период од годината, како и на пролет, кога надворешните температури вообичаено варираат во текот на денот и ноќта. Доколку во минатото не им посветувавме многу внимание на настинката, она што сега повеќето ги збунува, е зошто оваа сезона нејзините симптоми се посилни и полоши од пред пандемијата. Како што објаснуваат и матични доктори, повеќето заборавивме како изгледаат настинките, па последнава зима само наизглед личи дека искуството и симптомите се полоши од претходно. Особено што и поради мерките за заштита од претходните години, сега веројатноста повеќето да се соочат најмалку еднаш со настинка е повисока од претходните години. Симптоми на настинката наликуваат на оние на грипот или други слични вируси, но се послаби. Најчесто болните се жалат на затнат нос, кивање, кашлање, но не е исклучена можноста да има и болки во телото и мускулите, малаксаност, па и слабо зголемена температура. Стандардни совети кога ќе се појави настинка се повеќе течности, супи, овошје..., но кога болниот сака да си помогне со користење на лек без рецепт и решава да побара совет од фармацевт тогаш секако една од преферираните опции е комбинација на ибупрофен и псеудоефедрин. Оваа комбинација се користи за ублажување на симптомите на затнат нос, главоболка, болка, воспаление, зголемена температура и други симптоми на настинка и грип. Псеудоефедринот кој е деконгестив помага да се намали отокот во носната слузница а со тоа ја намалува затнатоста во носот. Додека пак ибупрофенот е нестероиден антиинфламаторен лек кој ја намалува болката и главоболката а исто така ја намалува и зголемената температура и знаците на воспаление. Токму оваа комбинација се содржи во брендот Дефринол на фармацевтскиот гигант Галеника во форма на таблети за возрасни и сируп за деца над 6 години. Производителот Галеника е регионален фармацевтски гигант, чии  производи повеќе од седум децении може да се набават во секоја аптека во Македонија. Грижата за здравјето на луѓето е само дел од фокусот на компанијата, која е посветена и инвестира во квалитетни и современи производи кои одговараат на барањата на модерното живеење на секој поединец.]]>

Настинка на море: Совет од доктор како што е можно побрзо да се вратите во форма https://arhiva.vistina.com.mk/nastinka-na-more-sovet-od-doktor-kako-shto-e-mozno-pobrzo-da-se-vratite-vo-forma/ Thu, 04 Aug 2022 11:40:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=261535

Она за што повеќето луѓе се грижат кога одат на море се здравствените проблеми. Во овој текст, даваме практични совети кои можат да ви помогнат да го направите вашиот престој на море што е можно попријатен. Иако, настинките се почести во зимските месеци, често се случува да имаме настинка и во лето. Она што оди во прилог на ова се промените во температурата, како и разликата во температурата на водата и воздухот. Настинката обично започнува со течење на носот или затнат нос, болки во грлото и кашлица. Инфекциите на дишните патишта преовладуваат и во летните месеци, кога веќе е неопходно да се јавите кај вашиот лекар. Морската вода треба да се користи како прва помош при настинки на море, бидејќи содржи микроелементи кои ја одржуваат хигиената на мукозните мембрани на носот и устата. Морската вода содржи магнезиум, цинк и селен, како и други минерали кои локално го подобруваат имунитетот на респираторниот тракт, кој е првата линија на одбрана од вируси и бактерии. Кога станува збор за капките за нос, на моите пациенти не им препорачувам да ги користат повеќе од 3 до 7 дена. Исто така, деконгестивите не треба да се користат кај деца под 12-годишна возраст. Она по што повеќето луѓе посегнуваат кога станува збор за настинка, се антибиотиците. Настинката е вирусна болест. Антибиотиците ги уништуваат бактериите, додека не влијаат на вирусите, па затоа нивната употреба при настинки не е оправдана. Ако имате висока температура и други знаци на бактериска инфекција, треба да се јавите кај вашиот лекар за да ви препише соодветен антибиотик. Затоа, најважните совети доколку настинете на море, се: Пијте колку што е можно повеќе течности Исплакнете ги носот и грлото со солена вода Редовна употреба на витамини и минерали Редовно проветрување на просториите Тишина и одмор извор:курир.мк]]>

Домашен напиток против настинка, вистинска витаминска бомба https://arhiva.vistina.com.mk/domashen-napitok-protiv-nastinka-vistinska-vitaminska-bomba/ Mon, 31 Jan 2022 13:03:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236938

Во борбата против вируси, настинки и грип кога ќе ги помешате лимонот, медот, лукот и ѓумбирот добивате напиток кој многу може да ви помогне. Овој микс многумина го нарекуваат бомба за имунитет, а можете превентивно да го користите за да со зајакнете имунитетот и да го заштитете организмот.

Состојки:

  • 4 чешниња лук
  • 2 лимони
  • 200 грама ѓумбир
  • 300 грама мед
Исчистениот лук изгмечете го. Излупете го едниот лимон и исецкајте го на ситни коцки. Вториот лимон исцедете го додека не добиете сок. Помешајте се заедно. Ситно изрендајте го ѓумбирот и додадете го во садот со лимонот, па ставете го медот и се добро измешајте. Ставете во тегла и чувајте на студено и темно место. Секое утро може да земете по една лажичка или една лажичка да ја измешате со чаша топла вода и да испиете. Извор: Курир.мк]]>

Како да го олесните спиењето со затнат нос? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-go-olesnite-spienjeto-so-zatnat-nos/ Tue, 24 Dec 2019 13:30:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=125727

Лицата кои поради настинка, алергија или слични причини имаат затнат нос, во текот на ноќта може да се разбудат и по неколку пати поради отежнато дишење. Со оглед на тоа дека сонот е клучен за закрепнување, но и за намалување на ризикот од настинка, лекарите дале неколку совети за да ја олеснат оваа состојба. За олеснување се препорачува да комбинираат и неколку од овие совети. 1. Кренете ја главата Носот се затнува во текот на ноќта бидејќи синусите се сушат. Поради лежечката положба сиот слуз останува во главата, што може да предизвика и главоболка наутро. Обидете се да спиете со крената глава, односно на повеќе перници. На некои им е полесно за време на настинката да спијат на фотелја или на потпирачот на каучот. 2. Користете освежувач на воздухот. Сувиот нос може да предизвика болка. Освежувачот спречува претерана сувост и ја намалува болката при дишење додека е запушен. Во нив можете да додадете есенцијални масла. 3. Сите предмети чувајте ги покрај креветот За да не мора да станете од кревет и да се расоните, марамчињата, корпата за отпадоци и шишето со вода чувајте ги покрај креветот. 4. Јадете мед Проблемот со затнатиот нос може да предизвика дишење на уста, со што се суши грлото и тоа станува болно. Тоа може да го отежне спиењето кај лице кое е веќе настинато. Медот ја ублажува непријатноста во грлото. Исто така, спречува кашлица. 5. Истуширајте се во пареа Жешката вода предизвикува пареа која ќе ви ги отвори синусите. Ова ќе ја намали болката и ќе го олесни дишењето. 6. Користете физиолошки раствор Спрејот за нос кој содржи солена вода може да ги "испере" синусите и да ги отпуши. Перењето со солен раствор помага во ублажувањето на иритациите и отоците. 7. Носете носна маска Носните ленти се прицврстуваат на мостот на носот и нежно ги извлекуваат носниците. Иако многу луѓе користат ленти за нос за да го спречат рчење, тие може да го олеснат дишењето кај лица кои имаат затнат нос. 8. Пијте лекови против настинка Овие лекови содржат состојки кои може да го олеснат дишењето, а воедно помагаат и кај другите симптоми како што е болка во мускулите и глабоволката. извор:точка.ком.мк]]>

Како правилно да го исчистите домот по настинка или грип? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-pravilno-da-go-ischistite-domot-po-nastinka-ili-grip/ Mon, 27 May 2019 12:00:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=89815

Полека поминува сезоната на гриповите и настинките, но тоа не значи дека „борбата“ завршила. Иако најтешкиот дел поминал, потребно е да се осигурите дека во вашиот дом не останало ништо од микробите. Кога некој е болен, нормално е да избегнувате да бидете во негова близина. Но исто важно е правилно да го исчистите домот доколку некој од семејството бил болен. Во идеална ситуација, најефикасно ќе го спречите ширењето на микробите и заразата ако навистина обрнувате внимание на хигиената пред, за време на и по болеста. Исто така од помош се едноставните гестови како покривање на устата кога кашлате, користење шамиче кога кивате, како и редовното миење раце. Во продолжение погледнете како да го спречите повторното ширење на настинката и грипот во вашиот дом. 1. Добро мијте ги рацете Миењето раце е најважната мерка што можете да ја преземете за да го спречите ширењето на некоја инфекција. Всушност, миењето на рацете може да го намали ризикот од респираторна инфекција за 16% до 21%. Постојат некои ситуации во кои никако не смеете да го избегнувате миењето на рацете – кога подготвувате храна, кога се грижите за болна личност, по употреба на тоалетот, по кашлање, кивање и слично. Иако миењето раце е едноставна активност, многу од нас не го прават правилно. За да биде ефективно следете ги овие правила: Навлажнете ги рацете со чиста вода. Температурата не е важна. Нанесете сапун и темелно истријте ги рацете, вклучувајќи ги деловите помеѓу прстите, под ноктите и задната страна на дланките. Тријте барем 20 секунди. Добро исплакнете ги рацете со чиста вода и или оставете ги да се исушат, или избришете ги со чиста крпа. 2. Исчистете ги тврдите површини Штом ќе помине болеста, треба да го спречите разболувањето на некој друг во домот. Грипот може да преживее на одредени тврди површини, како прекинувачи за светилки или нерѓосувачко железо и до 48 часа. Други видови вируси се дури поотпорни и можат да преживеат и по неколку недели. Исчистете ги сите тврди површини како маси, кваки и кујнски елементи, со средство за дезинфекција. Испрскајте ја површината со средството и оставете да делува околу 3 минути. Потоа исчистете со чиста крпа. Приборот што го користела болната личност исчистете го со жешка вода пред да почнат да го употребуваат и другите членови од семејството. 3. Не заборавајте го тоалетот Тоалетот е уште една просторија која мора да ја исчистите, особено ако некој имал стомачен вирус. Додека личноста е болна, замолете ја да користи хартиени шамичиња, или барем менувајте ја крпата за раце секој ден. Штом сите ќе бидат здрави, веднаш исперете ги килимите и крпите во тоалетот со жешка вода и исушете ги на висока температура. Исто така исчистете ја тоалетната школка, кваката, подот, туш кабината, лавабото и прекинувачите за светилките. Не ја заборавајте и четката за заби. Штом ќе оздравите, веднаш заменете ја со нова. 4. Исчистете ја спалната соба Веднаш откако ќе помине болеста, исперете ги навлаките, чаршафите, пижамите или играчките кои биле во контакт со болната личност. Исто така добро е да ги исчистите и сите предмети што ги користела болната личност како далечинскиот управувач, книгите и слично. извор:кафрепауза.мк]]>

Древни рецепти за настинка и кашлица https://arhiva.vistina.com.mk/drevni-recepti-za-nastinka-i-kashlica/ Thu, 24 Jan 2019 14:33:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=69005

Ако сакате да се ослободите од настинка пропратена со кашлица, воспаление на грло и други симптоми, заговорниците на традиционалната медицина ви нудат стари проверени рецепти, кои датираат уште од времето на нашите прабаби, па дури и нивните баби. Тие посочуваат дека во примената треба да биде упорен за да се постигне целосна ефективност. 1.Бела ротквица со мед: – Издлабете ја белата ротквица да изгледа како чаша. Во неа ставете една до две лажички со мед, покријте ја со салфетка и оставете ја така преку ноќ. Утрото ротквицата ќе се наполни со сопствениот сок измешан со мед. Ако сте особено погодени од кашлица, земете лажица од овој сок, наутро и навечер. 2. Кромид со мед:- – Ставете поголема главица кромид во чаша што ќе овозможи да стои исправено, а потоа издупчајте го кромидот. Во шуплината на кромидот ставете мед по желба и секое утро пијте ја содржината, која ќе се исцеди од коромидот. 3.Жалфија како мед: – Сварете силен чај од 40 грама жалфија и 600 милилитри вода. После тоа, прегорете 300 грама шеќер без вода на ниска температура. Во претходно сварениот чај процедете го прегорениот шеќер. Така добиениот сирупот, варете го на тивок оган додека не добие густина на мед. Изладе го сипрпот, истурете го во тегла и ставете го во фрижидерот. За смирување на кашлица, возрасните треба да земат трипати на ден по една супена лажица, а децата трипати по една лажичк. Овој сируп, исто така, се препорачува на пушачи за чистење на белите дробови.]]>